Ве молам помош од правници
Од полицијата бев сопрен на еднонасочен пат со 3 ленти бев пишан по
член 33
(3) На јавен пат на кој коловозните ленти се физички одвоени една од
друга, возачот не смее со возилото да се движи по коловозната лента наменета
за сообраќај на возилата од спротивната насока.
и на листот сум пишан по овој став
(6) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на
овој член.
(7) На возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој
член, покрај глобата утврдена во ставот (6) на овој член ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12
месеца, под услови и начин утврдени со закон.
Јас се спротивставив и реков дека сепак бев близу околу 20 метра до кривината каде се врти на десно и се отстранив на крајната десна лента каде е со полна линија и каде не е дозволено да возат возила.Реков дека сепак ги уклучив четирите жмигавци и сепак треба да има оправдание и не сум крив.Затоа и одбив да потпишам на листот кој ми го даде полицијата.Па на местото за мој потпис пишува "одбива да потпише".
Па ве молам дали навистина сум во право и би можел да се оправдам со
член 35
(1) Возачот кој е со намера да се движи со возилото наназад, може да го
изврши тоа дејствие само на краток дел од патот и ако со тоа не го загрозува
или не ги попречува другите учесници во сообраќајот.
(2) Кога возачот се движи со возилото наназад, должен е да се движи по
онаа страна од коловозот по која се движел дотогаш со возењето нанапред.
(За осум дена треба да се јавам во полиција па ве молам за совет, само од правници,дали сум во право или не за да можам да бидам припремен за оправдание на суд.Однапред благодарам)
http://www.mvr.gov.mk/Uploads/ZBSP- neoficijalen precisten tekst od 20.11.2012.doc.pdf