Сообраќајни прекршоци и казни

моментално имам забрана за возење ... уште некои си 2 месеца.. ме интересира што би се случило ако ме сопрат џандари....?
 
Па не е тешко да дознаеш. :D Мислам дека ти ја одземаат возачката на подолго време.(2год.) Ништо чудно да треба да полагаш повторно.
 
да не отварам нова тема, нека биде суб-тема,
Беззаконие во сообраќајот
1. пред 3-4 недели, а може и повеќе, надлежните од МВР преку медиумите објавија дека со камерите на раскрсниците нема никакво снимање ( и казнување) туку тие служеле само ѕа регулирање на сообраќајот... и нормално, оди сега вози, масовно се вози на црвено... а камерите и казнувањето ги имаше во СФРЈ а ги има и сега во соседните држава. Наводно кај нас паднале камерите на уставен суд, демек не се знае кој е возачот, се знае само возилото...
Е сега јас прашувам, а како се казнува за непрописно паркирање кога се знае само број на таблица а не и возачот ???????
2. ..уште во СФРЈ, имаше закон, не верувам дека го нема и сега, дека по одреден период ако не регистрираш возило ти доваѓа покана од МВР да ги вратиш таблиците... а без таблици не смееше да се чува возило на јавни паркинзи и јавни површини...па и до средина на 90-те креваа возила нерегистрирани подолго време... но задниве 5-6 години како да се смени нешто, во населба Аеродром сме полни со кршови кој стојат и 5-6 години на паркинг.. И сега во Капиштец не ти дозволува да влезеш на паркинг ако не живееш таму, а кај нас во Аеродром ( кај што нема градски паркинг) може слободно кој сака да остави некој крш и мува не го лазе
а се градаат со народни пари нови и нови паркинзи ама пак нема место за паркирање од кршовите... б.т.в., на кршовите стојат таблици жива згода да ги украдат некој криминалци специјализирани за ограбување на возила за транспорт на пари
 
во населба Аеродром сме полни со кршови кој стојат и 5-6 години на паркинг..

пријави во полиција и сите нерегистрирани ќе ги кренат ... не може нерегистрирано возило да стои на јавна површина, а паркинг од зграда е јавна површина (не е приватна од некого) ... така кај нас некој пријавил и дојде полицаец ги запиша регистрациите од сите и се врати со пајак за кревање на нерегистрирани ...
 
кај нас доваѓа пајак само ако некој е паркиран на тревник, а нерегистрираните коли со години ги држат надобрите паркинг места и мува не ги лазе..
Б.Т.В., пд службена должност МВР треба да праќа опомени за враќање на Таблици на нерегистрирани возила. И да го чува на приватна земја, ако сака да го региструра се менуваат броевите...
..Еве општина Центар превзема акција:
но не треба само хаварисани туку сите нерегистрирани. Си има ЗАКОН, пробна таблица за нови возила
Чистка на хаварисаните коли во Центар
http://www.vest.mk/?ItemID=5AD48E0AB40EAC44A5E6A408563E59FC
 
Дали некој знае како иде ова со застарување на сообраќајни прекршоци?
Имено, 2009 ме фатија пијан и после следеше нормална постапка плаќање 200 еуричи, па после едно 5 месеци судска постапка и забрана од 3 месеци,
на што следеше моја жалба (по совет на адвокатот мој) со можност за условна казна, на што немаше одговор...
После цела година од приказнава, стига писмо у пошта кое наивно си го подигнав иако ме предупреди службеничката дека е од МВР, според кое
требаше итно да ја доставам возачката до МВР, што секако не го направив :) И така дојде време кога отидов во странство, а МВР упорно отприлика околу денот кога беше направен прекршокот (13.12), доаѓаат на врата и ме бараат....
Прашањето е дали некад има шанси да застари ова дело?
 
Делото не застарило, застарува извршувањето на прекршочната санкција, во твојот случај Забрана на управување со моторно возило во траење од 3 месеци! Значи, во рок од 2 (две) години од денот на правосилноста на пресудата (прашај во Суд кога пресудата е правосилна и нека ти стават печат за правосилност) МВР во возачката дозвола МОРА да ти ја впише забраната, инаку после тој рок од 2 години (ако не ти ја впишат забраната) настанува застареност на прекршочната санкција! Толку.
 
Се е како што викаш, нема застареност, уште повеќе ако се има во предвид дека пресудата уште не е правосилна, бидејќи како што погоре беше напишано против таа пресуда е вложена жалба, а повисокиот суд сеуште не одлучувал по истата.
 
Сепак мислам дека повисокиот суд има одлучувано по жалбата, туку адвокатот го нема известено својот клиент дека судот одлучил, ЖАЛБАТА не е усвоена и дека глобата ќе треба да ја плати, а забраната да ја впише! Не знам, можеби грешам!:D
 
Се сложувам со тебе и мислам дека е мнгоу веројатно да се има случено ова... и претпоставувам дека правосилност на пресудата настанува по одговорот од жалбата? Или грешам?
Ако е така дали во овој случај би важело ова?

З А К О Н ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ
Член 42
(7) Застареност на прекршочното гонење настанува во секој случај кога ќе измине
двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на прекршочното
гонење.
 
Правосилност на пресуда е денот кога второстепениот (апелациониот) суд ја донел својата одлука со која жалбата не се уважува, а пресудата на првостепениот (основниот) суд се потврдува!

Член 43 став (6) од Законот за прекршоците: „Застареност на прекршочната санкција настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на извршувањето.“
 
Па не е тешко да дознаеш. :D Мислам дека ти ја одземаат возачката на подолго време.(2год.) Ништо чудно да треба да полагаш повторно.

Мислам дека не е така.Мене кога ми одредија еден месец забрана јас се пожалив дека таа ми е дел од работата и дека ќе треба да останам без работа.И дека нема друго решени.Ми рекоа епа вози и така.Реков ама ако ме фатат уште полошо.Ми рекоа не бе ако немаш друго решение веќе вози и така.Ми дадоа и други предлози демек да земам одмор за тој период.Но ми рекоа на крај вози и така.Не ми образложија што би ми се случило ако ме фатат да возам без возачка.

Но претпоставувам ќе се изрече вообичаена казна како управување на моторно возило без возачка дозвола.А за такво дело казната е 400 евра(ако се плати во рок од 8 дена е пола цена) и не се одзема возачка.

Така да за шофер на кој возачката му е дел од работата најдобра варијанта е да продолжи да вози па макар и уште една парична казна да добие за тој период додека му трае забраната.Зошто сепак ќе му истече забраната и возачката ќе се врати.Отколку да не вози и да остане без работа.Но тоа доколку некој има добро платена работа и работа која си ја сака.
 
моментално имам забрана за возење ... уште некои си 2 месеца.. ме интересира што би се случило ако ме сопрат џандари....?
Ако те сопрат џандари, ќе треба да платиш НОВА глоба во износ од 500 евра и НОВА забрана за управување со моторно возило во траење од 3 месеци до 1 година! А забраната од 2 месеци сеуште ќе треба да се „доотслужи“!
(не знам точно по кој член од Законот си казнет!!!)
http://www.mvr.gov.mk/Uploads/ZBSP- neoficijalen precisten tekst od 20.11.2012.doc.pdf
--- надополнето: 17 октомври 2013 во 00:17 ---
Мислам дека не е така.Мене кога ми одредија еден месец забрана јас се пожалив дека таа ми е дел од работата и дека ќе треба да останам без работа.И дека нема друго решени.Ми рекоа епа вози и така.Реков ама ако ме фатат уште полошо.Ми рекоа не бе ако немаш друго решение веќе вози и така.Ми дадоа и други предлози демек да земам одмор за тој период.Но ми рекоа на крај вози и така.Не ми образложија што би ми се случило ако ме фатат да возам без возачка.

Но претпоставувам ќе се изрече вообичаена казна како управување на моторно возило без возачка дозвола.А за такво дело казната е 400 евра(ако се плати во рок од 8 дена е пола цена) и не се одзема возачка.

Така да за шофер на кој возачката му е дел од работата најдобра варијанта е да продолжи да вози па макар и уште една парична казна да добие за тој период додека му трае забраната.Зошто сепак ќе му истече забраната и возачката ќе се врати.Отколку да не вози и да остане без работа.Но тоа доколку некој има добро платена работа и работа која си ја сака.
1 месец е минимумот за изрекување на забраната (биди среќен што си поминал со толку)!:D
Освен глоба, ПОВТОРНО се изрекува НОВА санкција Забрана на управување со моторно возило min 1 месец/3 месеци - max 1 година!
Така да, НЕ е баш најдобро шоферот да продолжи и понатаму да си води со впишана забрана у возачката!;)
 
Ако те сопрат џандари, ќе треба да платиш НОВА глоба во износ од 500 евра и НОВА забрана за управување со моторно возило во траење од 3 месеци до 1 година! А забраната од 2 месеци сеуште ќе треба да се „доотслужи“!
(не знам точно по кој член од Законот си казнет!!!)
http://www.mvr.gov.mk/Uploads/ZBSP- neoficijalen precisten tekst od 20.11.2012.doc.pdf
--- надополнето: 17 октомври 2013 во 00:17 ---

1 месец е минимумот за изрекување на забраната (биди среќен што си поминал со толку)!:D
Освен глоба, ПОВТОРНО се изрекува НОВА санкција Забрана на управување со моторно возило min 1 месец/3 месеци - max 1 година!
Така да, НЕ е баш најдобро шоферот да продолжи и понатаму да си води со впишана забрана у возачката!;)

Добро неможев да го најдам тој член од законот:
Член 386
(1) Возачот на кого му е запишана прекршочна санкција - забрана за
управување со моторно возило во возачката дозвола согласно со членот 376 на
овој закон, возачот на кого му е одземена возачката дозвола согласно членот
384 ставови (1) и (3) на овој закон, возачот на кого му е одземена возачката
дозвола привремено на самото место согласно членот 385 на овој закон, не смее
во сообраќајот на пат да управува со моторно возило за време на траењето на
забраната односно за времето за кое возачката дозвола му е одземена.

(4) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност, ќе му се
изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој
член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12
месеца, под услови и начин утврдени со закон.

Верувај брат мене многу ми одговара тој месец да си го извозам.Шансите ми се многу мали да ме фатат.
Е сега ако ме фатат здравје,тогаш подолга забрана ќе добијам,трајно одземање на возачка нема .За таква подолга забрана можам слободно да си барам друга работа.Инаку за еден месец нема смисла да седам дома.

Да кажеме ме фатат, казната ќе биде 250 евра ако си платам во рок од 8 ден.Таман толку колку би заработил ако би возел еден месец.Мислам логично размислување.;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom