C
Cool Hand Luke
Гостин
Има една приказна за човек од Истокот кој сонувал убав сон дека е пеперутка. Кога се разбудил, помислил - дали сум јас човек што сонуваше дека е пеперутка или сум пеперутка што сега сонува дека е човек? Соништата ни изгледаат нереални затоа што доаѓаат од нашата подсвест а нашата свест и самосвест се прилично исклучени па сонуваме нелогичности, а на јаве е обратно, подсвеста ни е речиси исклучена и се водиме по стереотипите што сме ги научиле.
Има уште една приказна за цар кој што често сонувал ужасни кошмари и повикал некој мудрец да му објасни зошто во сните се чувствува толку исплашено и несигурно а на јаве толку безбедно. Мудрецот му одговорил дека треба да најде меѓусостојба, што ќе ги вклучува и сонот и јавето.
Бидејќи сонот сепак и припаѓа на подсвеста, сепак повеќе знае, нели?
Не знам што точно сакам да кажам со оваа тема, секако ме интересираат вашите мислења во врска со сево ова но... уште нешто има
Додаток на темата.
Има една песна од Фанки Џи - (со превод)
Само во сон љубовта постои за нас
многу од неа се изгуби
а од се остана страст
И од Регина -
Во моите сни живееш
во моите сни правиш лом
и уште само таму можам
да ги љубам усните и да бидам твој
Љубовта не е за нас
Толку ја сакав едно време, но кога еднаш се престана, бевме како странци, ко да немало ништо меѓу нас. Но во сни кога ја сонувам и сабајле кога сум во полусон се е убаво меѓу мене и неа, или е тоа само страст како од песната? Значи ли тоа дека уште има шанса за нас, ако не на овој свет, во оваа сурова „реалност’’, барем на оној другиот свет?
Ова нека биде и за оние што слично доживуваат или доживеале.