Сонот или јавето е реалност?

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
Има една приказна за човек од Истокот кој сонувал убав сон дека е пеперутка. Кога се разбудил, помислил - дали сум јас човек што сонуваше дека е пеперутка или сум пеперутка што сега сонува дека е човек? Соништата ни изгледаат нереални затоа што доаѓаат од нашата подсвест а нашата свест и самосвест се прилично исклучени па сонуваме нелогичности, а на јаве е обратно, подсвеста ни е речиси исклучена и се водиме по стереотипите што сме ги научиле.
Има уште една приказна за цар кој што често сонувал ужасни кошмари и повикал некој мудрец да му објасни зошто во сните се чувствува толку исплашено и несигурно а на јаве толку безбедно. Мудрецот му одговорил дека треба да најде меѓусостојба, што ќе ги вклучува и сонот и јавето.
Бидејќи сонот сепак и припаѓа на подсвеста, сепак повеќе знае, нели?
Не знам што точно сакам да кажам со оваа тема, секако ме интересираат вашите мислења во врска со сево ова но... уште нешто има :)

Додаток на темата.

Има една песна од Фанки Џи - (со превод)
Само во сон љубовта постои за нас
многу од неа се изгуби
а од се остана страст

И од Регина -
Во моите сни живееш
во моите сни правиш лом
и уште само таму можам
да ги љубам усните и да бидам твој
Љубовта не е за нас

Толку ја сакав едно време, но кога еднаш се престана, бевме како странци, ко да немало ништо меѓу нас. Но во сни кога ја сонувам и сабајле кога сум во полусон се е убаво меѓу мене и неа, или е тоа само страст како од песната? Значи ли тоа дека уште има шанса за нас, ако не на овој свет, во оваа сурова „реалност’’, барем на оној другиот свет?
Ова нека биде и за оние што слично доживуваат или доживеале. :)
 
Брат темава ти е интересна баш пред некој ден ме будеше мајка ми за на школо и јас значи бев у нешто као полусон и се гледам себеси како се возам у такси за накај школо и си викам „дали јас сонувам дека сум во такси за накај школо или стварно сум у такси и само си замислувам како си спијам дома пошто многу ми се спие?“ Можеби целиот наш живот е само „сон“ можеби вистинската реалност е додека спиеме... Можеби и јас премногу зборувам глупости:vozbud:
 
Можеби целиот наш живот е само „сон“ можеби вистинската реалност е додека спиеме...

Е тоа е темата за размислување. Ние сонот го гледаме матно и нецелосно но можеби коа легнуваме ние се будиме и го живееме тој живот а овој живот е само како матен сон во тој свет. Малце детска фантазија али ај.
 
Веројатно голем процент од луѓето можат да разграничат што е реалност а што е сон. Меѓутоа има еден друг проблем, на многу луѓе им се допаѓа сонот повеќе од реалноста и се повеќе сонуваат будни.
Реалноста е заебана работа и ако немаш сила и духовна спремност да ја промениш и се одаваш на сонувањето.
Иако сонувањето е потребно, човек мора да сонува, да го исполни својот сон, но не да лута..............во сонот.
 
Е мене стално ме фасцинирала појавата луцидно сонување.
Со I- dosser може да се постигне, ама скоро на сите ни се случило некогаш.
Јас сепак сум за Фројд, соновите се проекција на нашите неостварени желби, потиснати во потсвеста
 
Одговорот на прашањето " дали може да се направи разлика помеѓу реалното и нереалното ? " е дефинитивно "НЕМОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ" од тука следи и друга дискусија , дали може светот апсолутно да се спознае .... итн итн

иначе ако се истренираш себе си , ќе можеш да препознаваш кога е сон а кога не е, има доста литература за луцидни сонови само гуглајте
 
Ми се има случено после сонување да се прашам, чекај, ова сонувам или е реалност. Или да се прашам абе може пола живот го сонувам, може утре ќе се разбудам и ќе бидам четврто одделение спремен за во школо:toe:. Ама знам каде е границата. Сонот е само сон.
 
Јавето е реалност, сонот е само сон, неповрзани слики и сеќавања во нашиот ум.
 
Ми се има случено после сонување да се прашам, чекај, ова сонувам или е реалност. Или да се прашам абе може пола живот го сонувам, може утре ќе се разбудам и ќе бидам четврто одделение спремен за во школо:toe:. Ама знам каде е границата. Сонот е само сон.

Јавето е реалност, сонот е само сон, неповрзани слики и сеќавања во нашиот ум.

Сонот ни е само сон бидејќи не сме многу свесни додека сонуваме, ги гледаме работите низ призмата на егоцентричноста. Во ред, ова е премногу неразјаснета област, а ако постои живот после смртта би можел да биде токму спој на свесноста и сонот и тоа не фифти-фифти како сега туку целосна свесност и целосен „сон’’. А каков ќе биде „сонот’’..... некому рај некому пекол. :)
 
Сонот ни е само сон бидејќи не сме многу свесни додека сонуваме, ги гледаме работите низ призмата на егоцентричноста. Во ред, ова е премногу неразјаснета област, а ако постои живот после смртта би можел да биде токму спој на свесноста и сонот и тоа не фифти-фифти како сега туку целосна свесност и целосен „сон’’. А каков ќе биде „сонот’’..... некому рај некому пекол. :)
Па добро сонот е сон :toe:. А ова живот после смрт дали сон ќе биди, јаве ќе биди или двете, или ниедно не му се секирам многу. Имам други поважни проблеми на кои што треба да им посветам внимание.
 
една приказна за цар кој што често сонувал ужасни кошмари и повикал некој мудрец да му објасни зошто во сните се чувствува толку исплашено и несигурно а на јаве толку безбедно. Мудрецот му одговорил дека треба да најде меѓусостојба, што ќе ги вклучува и сонот и јавето.

Буцио, оваа приказна вели дека вистинската реалност е сон плус свесност, т.е. кога оваа реалност ќе ја погледнеш со вистински отворени очи, и таа ќе стане она што е - илузија. Тоа е просветлување.
Така да, ако навистина сакаш реалност и реални проблеми да решаваш... :)
 
Буцио, оваа приказна вели дека вистинската реалност е сон плус свесност, т.е. кога оваа реалност ќе ја погледнеш со вистински отворени очи, и таа ќе стане она што е - илузија. Тоа е просветлување.
Така да, ако навистина сакаш реалност и реални проблеми да решаваш... :)

Па решавам реални проблеми дури и во моментов, и тоа не само мои (ако не решавам барем влијаам за нивно решавање од страна на личноста која што го има тој проблем) :icon_lol:.

bucio напиша:
[/b]
Па решавам реални проблеми дури и во моментов, и тоа не само мои (ако не решавам барем влијаам за нивно решавање од страна на личноста која што го има тој проблем) :icon_lol:.
Уствари не решавам туѓи проблеми и не солам памет само влијаам за нивно решавање (да се поправам).:kesa:
 
lucid dreams( aktivno ucestvo u faza na sonuvanje)
bolest ili pojava od koja boleduev pred 4,5 godini. javeto i sonot ti se izmesani totalno i neznaes dali e jave ili son bidejki u dvete si ja kreiras prikaznata . potrebno ti e drustvo, zabava , fizicka rabota a najcesto se javue koj si razocaran ili deprimiran neso.. iam praeno moabet so psiholog i ova mi go kaza..
 
Сонуваме она што ни се случувало преку денот, возбуди, изненадвања, и слично.
Тоа што го создаваме во сонот, онаа имагинација, е тоа како на друг начин би изгледал тој настан. Или ако сонуваме нешто и после некој ден ни се исполни, тоа е поттикнато од некои фактори или некои други споредни настани што ни се случувале предтоа. Сонот не е ништо посебно, обична мисла, која трае до околу 3-5 секунди. Се сеќаваме на сите сонови? Или само на оние што семе ги сонувале, или на она пто сме помислиле непосредно пред да се разбудиме. Инаку колку што се моите познавања за сонот, мислам дека додека спиеме сонуваме мооогу мнооогу сонови. Само што тогаш не води потсвеста а на свеста, тоа додава нова тема на разговор. Дали потсвеста е она што владее со нас додека спиеме или одсекогаш? :smir:
 
ОК Буцио, немав намера да те давам, џаст кидинг. :)
МР. Д, луцидните сни би можеле да влезат во темава, само и во нив повеќе предњачи потсвеста, инаку ќе дојде до будење. Астрална проекција е можеби таа спојка, само од таа работа подалеку.
Фантомер, и јас и не само јас, мислам дека потсвеста е огромна ризница и содржи многу повеќе од она што сме го сретнале со свој ум, можеби содржи се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom