Сонот или јавето е реалност?

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Не може да се разграничи дали сонот или јавето е реалност, многу пати ми се има случено да нешто што ќе го сонувам да ми дојде на јаве дали за неколку дена недели или некој месец без разлика. Зашто да не тргнеме и да ја видиме ситуацијата од таа гледна точка, зашто да не го сватиме сонот како недораснатост на човековиот капацитет на мозокот за да го разбере комплетно или многу поголем дел од тоа сега? Нели според Ајнштајн користиме само 10% или 1/10 од капацитетот на мозокот. Можеби кога ќе бидеме во можност да го развиеме многу повеќе тогаш би можеле да видиме и разбереме што се случува во сонот, колку тоа е поврзано со реалноста и она што на нас ни се случува на јаве, зашто искрено мислам дека со толкување на соновите оние "реалните" би можеле да видиме дел од иднината без разлика за колкава временска дистанца се работи, нели и утрешниот ден е иднина?
 
Кога сонувам лоши работи се будам од страв, еве ноќеска сонував некои гуштери (додуше спиев на работа па може сум ги симболизирал...) а кога сонувам убави работи обично станувам посвесен и се будам. На пример кога летам во сон, или левитирам, чувството е феноменално, ми се зголемува и свесноста, а ако ми се зголеми и самосвеста се будам. Сепак оптимистички би рекол дека тоа е пореално од лошите работи, штом е поврзано со свесното. :)
 
There is a fine line between dreams and reality, it's up to you to draw it.


Се е до нас.До тоа како реагираме на секојдневните појави,како тие влијаат на нас.Се што се случува преку целиот ден се рефлектира во нашите сонови.
Сметам дека човекот е способен да осознае што е сон а што јаве.И дека тие два поими не се исти иако да,знаат да се испреплетат но само ако ние им дозволиме.
Се е контрола на умот.
 
На пример, она што може да се нарече условно љубовен контекст како дел од темата ме асоцира на поговорката далеку од очи далеку од срце. Личноста која сме ја љубеле, а која подолго време не сме ја виделе не одигрува `улога` во нашите свесни состојби, ама кога случајно ке ја сретнеме или здогледаме по подолго време тогаш свеста и отстапува место на потсвеста која е нели `ризница` од која ќе се активираат сите акумулирани чувства кои некогаш тука опстојувале и `се добива подруго значење. Вистината ќе заглави некаде во сржта на просечен работен ден и по некое мало изненадување. :)
 
Хахаа интересна тема,а и воведот:)Еее,навистина не може да кажеме сонот е јаве или јавето е сон и да ставиме точка едноставно.Јас мислам дека јавето е сепак реалност,бидејќи поголемиот дел од нашиот живот сме будни,а помалку сонуваме.Но исто така,јавето е поврзано.Постојано едни исти личности,имаме минато сегашност и иднина.А во сонот се е измешано.Има само сегашност,секој сон си е сам за себе.Сепак,никој не може точно да каже.Има некои работи кои никој никогаш нема да може да ги објасни:toe:
 
Сонот е нашата потсвест и нашите желби...
 
Не знам што точно сакам да кажам со оваа тема, секако ме интересираат вашите мислења во врска со сево ова но... уште нешто има :)


Толку ја сакав едно време, но кога еднаш се престана, бевме како странци, ко да немало ништо меѓу нас. Но во сни кога ја сонувам и сабајле кога сум во полусон се е убаво меѓу мене и неа, или е тоа само страст како од песната? Значи ли тоа дека уште има шанса за нас, ако не на овој свет, во оваа сурова „реалност’’, барем на оној другиот свет?
Ова нека биде и за оние што слично доживуваат или доживеале. :)
Искрено и јас незнам што сакаш да кажеш со темава:pos2:
Но, најблиску до неа ќе речам само: НАЈУБАВО Е КОГА НА ЈАВЕ ГО ЖИВЕЕМЕ СОНОТ!!
А ми се има случено и во сон да станам свесна дека сонувам, но сепак да успеам да го продолжам истиот, но секако сум била свесна дека не е јаве. А на јаве да се прашам дали е сон... Таа фраза ја користам кога нешто баш длабоко ме погодило , хехехе..:vozbud::smir:

А во врска со твојот сон, можеш да побараш објаснување во соодветните теми хехехе
 
Искрено и јас незнам што сакаш да кажеш со темава:pos2:
Но, најблиску до неа ќе речам само: НАЈУБАВО Е КОГА НА ЈАВЕ ГО ЖИВЕЕМЕ СОНОТ!!

Сакав да кажам дали реалноста (вистинска) не чека тек после смртта кога ќе биде целосен сон и целосна свест :) бидејќи секое спиење е едно мало умирање од кое црпиме сила, што значи дека смртта не е крај туку вечност од каде доаѓа силата а и ние. Таму се е можно, да го видиме Хитлер здрав жив и добар ко јагне итн... Појасно од ова здравје. :)
 
Хахаа интересна тема,а и воведот:)Еее,навистина не може да кажеме сонот е јаве или јавето е сон и да ставиме точка едноставно.Јас мислам дека јавето е сепак реалност,бидејќи поголемиот дел од нашиот живот сме будни,а помалку сонуваме.Но исто така,јавето е поврзано.Постојано едни исти личности,имаме минато сегашност и иднина.А во сонот се е измешано.Има само сегашност,секој сон си е сам за себе.Сепак,никој не може точно да каже.Има некои работи кои никој никогаш нема да може да ги објасни:toe:


баш вчера сонував сон во кој бев бркан од страна на некои луѓе што сакаа да ми наштетат т.е. да ме убијат =D и се замислив како би било во иднината да се тепам или пак да бегам, ако бегав се видов мртов :S и се разбудив.. =) така да мислам дека во некои моменти и во соновите постои минато и иднина..

Онтопик : Ниту јас неможам да застанам цврсто позади јавето или сонот како реалност. и двете се реални мешавини на разумот и потсвеста. така да еден е животот и тој е реалноста а сонот и јавето се само фази во истиот.

медитирајте и едуцирајте се за јога и RELAX техники, мене ми го смени животот и погледот кон истиот.
 
Сонот е реалност додека сонуваш,баш исто како и јавето кога веќе си надвор од сонот.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom