Сончогледи

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
НЕКОЈ тука брише постови?! Али нека, научен сум Јас и на такви, само треба да знае, ако е фраер да праша, треба да биит фраер и да одговори.:smir:
 
Сликава не е за слабо нервни, да се разбереме,...едно раче на Тито , друго раче на Кара-мен-лис
И овие со минималните интелектуални капацитети ....-
Лигаво, ниско, непрофесионално досега успеваа да го манипулираат народот- дрн дрн јариња на тоа беше сведена целата нивна политика или понародски кажано (мижи Асан да ти бајам).Е па народот веќе ги отвори очите(прогледа) и повеќе НЕ МИЖИ да им биде јасно.
ЈА ПОТЦЕНУВААТ ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА НА НАРОДОТ.
Јован Манасиевски-демек земјава била во изолација и они ќе ја интегрираат. Видовме , сите сме со одлично паметење, а и не беше така многу одамна кога - ЈА ПОТОНАА СО СЕ НАРОДОТ.
А црвено-жолто лого со македонско сонце - е смешно за нив , бре луѓе, не им стои ИЧ !!!! - (МАЈСТОРЕ,ВРАТИ ЈА ФАБРИЧКАТА БОЈА) ОБОИ МЕ
Ako veruvas Vo Boga togas veruvaj vo sebe ne me davaj na gjavolite
Ako mozes da me vidis koe crnilo me pere daj pomogni mi oboi me
Oboi plavo, i dopri me so snagata na vetrovite
 
НЕКОЈ тука брише постови?! Али нека, научен сум Јас и на такви, само треба да знае, ако е фраер да праша, треба да биит фраер и да одговори.:smir:
А ти кога ќе бидеш фраер и одржано ќе ги побиеш нештата кои се изнесени на темава?
Како ќе покажеш дека било што е невистина?
 
Ај да вметнам малку и поезија во темава...нема смисла, комуњарските форум-мегафони немаат инструкции за дефанзива за фактот што отворено зборуваат за ПРЕДАВСТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ И МАКЕДОНИЈА!

Сончоглед

сите сончогледи сонцето...

само еден со погледот

од сите се двои

вљубен е тој во една тиква

па наведнал глава

небаре плаче од тага

знае дека можеби никогаш

во љубовта среќен не ќе е

но надеж негува сепак

а тиквата зрее и сочна е

се прелеваат боите на сонцето на неа

и тој ја гледа како сонце

по долго измачување во самотија

сепак дочека сончогледов наш

среќен ден...

...некој си фраер со девојка му

сакале двесте грама семки и сончоглед мешано...

се препознаа!!!

-------------------------------------------------

Дупла доза!

Шири шири :)

Прво, убаво што си кажуваш што сте...Комуњари:back:
Не дека некој не знаеше, али за поздрав е кога јавно си признавате.

Второ, фино што "аргументирано" ги поби нештата изнесени во првиот пост и следните на темата, па прејде на неосновано напаѓање.
Можеби немаш факти со кои би дал контра-аргумент?
Или пак ги имаш, ама "маглата" ги сокри?
Истата магла која веројатно ја крие и програмата на сдсм и нејзините сателити, ги крие нивните успеси, ја крие нивната патриотска дејност...ма, проклета магла, сокри све добро од нив, па само лошите работи ги гледаме, а уште пострашно, ги живееме.

Инаку, знаеш зошто, не само јас, туку и целиот народ(во кој не спаѓаат сончевиве и нивните подржувачи, затоа што они се однесуваат ко на Сонцето и да живеат) негодува за употребата на сонцето како симбол? Затоа што направија се да за да ја уништат неговата суштина и она што го претставува. И сега ја имаат дрскоста да го искористат за своја пропаганда!
17 години го понижуваа, валкаа, се одрекуваа од него, а сега треба некој да поверува дека се поистоветуваат со него. Абе ајде!
Љубчо, не е ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ, никогаш не го сквернавело така светото име, како овие сончогледи, сонцето. Затоа никој не се буни. Нема зошто.
Всушност што ми го споменуваш ВМРО-ДПМНЕ? Ми чуе мене и за нив и за сдсм и за сите...Мене ми е само гајле за мојата Македонија и за штетата од креатуриве комуњарски која земјава ја плаќа.

Ада, малку си ми нешто контрадикторна! А зошто? Епа вака. Значи црвеното погоре ти го побива зеленото, а исто така црвеното ми е основа за болдираното најгоре. Е сега малку за ова плавото. Многумина на форумов се чукаат во гради како најголеми патриоти во државава,(меѓу кои и Ти) демек они се најголеми МАКЕДОНЦИ, а никој не најде за сходно, денес, кога се одбележуваат 105 години од смртта на Гоце Делчев, да постави една тема на форумов, за да се величи името негово, како што е редно. И после "НИЕ" сме патриоти, нека цркнат предавниците !! Е Ада Ада, патриотизмот не се покажува со плукање и линч врз МАКЕДОНЕЦОТ. Има многу поинтелектуални и покултурни начини за да покажеш дека си патриот, но пред се патриотизмот треба да го чувствуваш во душата, за да знаеш да го изразиш.:smir:
 
Срамота, продадени души, до кога бе ќе му одмогнувате на народот, вие што ја уништивте средната класа, вие што распродадовте се од нашава мила државичка,вие што ни го наметнавте со кирчо БЈРМ, вие што 17 години го дрогиравте народот со ваши лаги,го замајувавте ,вие кои сакате да ни го смените нашето вековно име, нашиот идентитет ........ слезете веќе еднаш од сцена, презаситени сме од вас, не ги потценувајте младите интелектуалци, отстапете им место ним, одете пензионирајте се - За Доброто На МАКЕДОНИЈА
Патем за вашето лого - и боите ко што кажав претходно, не ви помага ни пребојувањето ни маскирањето зад-
Сонцето - оти ве знаеме кои сте.Земете си ја црвената роза и погребајте си ги идеите за промена на името.
2143717_sdsm_electionlogo_203.jpg
 
Мора да сте ја гледале комеморацијата, пардон, промоцијата, на коалицијата Сончогледи, пардон, Сонце... Поголема пародија немам видено досега на нашава, инаку доста богата со пародии, политичка сцена. Ма решив и јас да ги промовирам бре! Ами како... Ене, се беа збрале неколку политичари. Колку ли многу лоши работи изнакажале за себе, што од тоа вистина, што од тоа, нормално, лага. Ги следев дали ќе се погледнат во очи после се лошо што си изнакажале помеѓу себе. Замислете, овие политичари, отфрлени на маргините, без идеја, без концепт, формираа коалиција која по сите параметри е лузерска. И замислете, уште еднаш ја нарекоа, ни помалку ни повеќе, 'Сонце'. И тоа баш кога го гледам тоа сонце, тоа е она нашето, со 16 краци. За да биде пародијата поголема, токму овие политичари припаѓаат на партиите кои беа на власт и го сменија тоа сонце-за атер на Грција, во знак на добра волја... И тоа ни го шиткаа како ептен 'европцки' потег. Истите овие политичари, пак за атер на Грците, пред само месец и нешто беа за компромис за името, па и него ќе го менуваа. Ете ти, оние кои го сменија знамето, сега истото сонце си го зеле за симбол... Башка што она сонценце многу ме потсетува на сонценцето од кампањата 'Купувајте домашни производи', само што овој 'коалициски производ' од југокомуњарски происход е чкарт, истрошен, а и не е македонски. Имаат авторски права ли бре за користење на тоа сонценце или прават фалсификат? Али сега е 'у шема', 'ин' да си патриот, нели? Хммм... а дали ви текнува кога Јани Макрадули пред некој месец истото тоа сонце го прогласи за вмровски симбол? Лудница! Кога сдсмовец ќе облече патриотски кожурец настанува кич-пародија. Така и коалицијата 'Радмила и седам патуљака'... Седум, зошто денес им се приклучи уште еден партнер, милениче на газда Штерјо Наков. Ќе имале кандидат во првата полвина на листите. Толку му сечат. ВМРО-ДПМНЕ нуди сигурно место за влашкото малцинство, овој се израдувал што ќе биде во првите 10...

Ај што излегоа, излегоа. Ама партиска програма не видов.

Како ли ќе изгледа еден митинг на оваа коалиција? Излегува Ванчо Пешевски, 'пензионерот', ги убедува пензионерите да гласаат за нив, а низ глава му се мота зголемувањето на пензиите, намалувањето на цените на лековите, а сето тоа го овозможи токму ВМРО-ДПМНЕ, односно онаа коалиција против која е тој самиот...

Излегува Ѓорѓи Оровчанец, секоја чест, одличен лекар но катастрофален политичар... што ќе кажува? За здравството ли? Тешко. 40 милиони евра токму оваа влада вложи за да го крене уништеното здравство на нозе, се презедоа длабоки реформи, се намалија цени на лекови. Лекови кои беа плаќани по неколку илјади денари (и така заработуваше фармацевтската мафија на СДСМ и познатите кланови под нејзина капа) сега се добиваат за помалку од 100 денари. Токму оваа влада почна да се пресметува со корупцијата помеѓу лекарите. Токму оваа влада го крена Фондот за здравство кој во времето на СДСМ имаше милионски долгови, сега работи со добивка и со исчистени долгови. Каква е ситуацијата на неговата матична клиника слободно може да ги праша неговите колеги Филипче, Ќаев... Навистина се прашувам за што ќе зборува Др. Оровчанец? Смени 5 (пет партии), Да, на втората не се сеќавам, па ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-НП, Нова Алтернатива и сега застана рамо до рамо со СДСМ. Истиот оној СДСМ кој зборуваше се и сешто против Оровчанец, но и овој не им останал должен.

Следен, Тито Петковски. Човекот кој самиот себе си се смета за ептен принципиелен, и ампутиран од секаква одговорност. Во СДСМ важеше за дежурен лузер. Кога се отцепи, го направија јаничар. Пуштени беа муабети, како што бива за сдмовската оговарачка машинерија, кои зборуваа се и сешто за него. Ми беше интересно да ги слушам од причина што знаев дека Тито Петковски е само понтонски мост за СДСМ кој тоне. Интересна е и самата сторија за неговото коалицирање со СДСМ.

Дури беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ седеше на два стола, никогаш неможеше да се дефинира самиот себе си, имаше шанса да оформи вистинска силна левичарска партија. Тито е лузер, ќе ја изгуби партијата, како што кажа и Веле Митановски, ја продаде за 4 ветени пратенички места. Дали ќе добие толку? И најјакото, принципиелниот Петковски, побаруваше оформување широк фронт против Груевски. Види мајката, што не побара порано, за да ги спречи 'погрешните политики'?

Па ќе излезе Стојан Андов. Што ќе зборува по цели 9 години (5 изборни циклуси и 1 референдум) коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ. И нему ли, како и на Тито му светнале некои нови работи? Ма дај... Што се издрндаа СДСМ за Андов... Го правеа и него за јаничар. Го правеа удбаш, колку ли само коментари има од овдешниве сдсмовски форум-мегафони...

Ќе излезе Јово Манасиевски... Човеков кој се замислува дека е многу 'ин', пред самитот во Букурешт истресол таква зелена, на која и самиот Бранко Ц. морал да интервенира. За Јово сме требале да прифатиме секакво име за да влеземе во НАТО, макар и би се викале „Република Малборо лајтс“. На тоа Б.Ц. го опоменал, буквално, да не тресе глупости. Да, Јово и коалицијата му, би требало да го брани нашето уставно име и поредок...

А, да... Ќе излезе и Рада. И што дека ќе излезе... Ќе излезе и Пандора од кај 'зелените'. Нејзе не ја знам. Нека ја искористи шансата да каже нешто паметно. Што ќе речат Игор Шема, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Бучко многу и не ме интересира, тоа спаѓа во категорија на хумор или научна фантастика.

Што може да се види од коалицијава на 'Снежана и седумте џуџиња'? Збир на лицемери кои за симбол употребиле симбол што самите го сменија, а подоцна го негираа и го прогласија за партиски симбол на ВМРО?!. Немаат изборна програма. Дел од нив јавно се согласија на промена на името под уцена на Грција (СДСМ, ЛДП, ЛП). Дел се истрошени и маргинализирани политиканти (Тито, Стојан, Радмила, Јован, Ѓорѓи), дел од нив се анонимци (Ванчо, Пандора и оној старо-новиот, Никола Бабовски, кој глуми дека 'ги претставувал интересите' Власите). Целосно промашена збирштина, без капацитет, без концепт, без визија. Но затоа полни со злоба, клевети, лаги, сатанизација и омаловажување на противникот (во прв ред мислам на однесувањето СДСМ и ЛДП). И таква и ќе им биде кампањата, валкана и полна со интриги.
koalicija-Soncogled.jpg

А ТИТО ЈАВНО НА МАКЕДОНЦИТЕ ИМ ПОРАЧУВА ДЕКА КОАЛИЦИРА СО СДС ЗА ДА ГО ПРОМЕНАТ ИМЕТО!!!

Самиот кажува дека „ причината поради која не се согласувал со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е "нивниот цврст став околу името".

БОГ ДА ЧУВА МАКЕДОНИЈО!
Ova e koalicija koja od pozicija na opozicija treba na narod da mu objasni kaj gresi koga emotivno glasa za edni protiv drugi.
Znaci ova e opozicijski dream team vo parlament koj ima i kapacitet i volja da se nosi so decurlana na Vmro...a onie sto ne znaat lista na Vmro pa e decurlana.

Na izbori naj del od lugje so mozok nema ni da izlezat...i ako se saka tie vo idnina da izlezat...treba i nesto da gi motivira,a sto ne e vlast...bez razlika za kogo togas bi glasale.

Rezultat 25-29...taman dovolno da drzat lekcii na decurlanava.
 
-------------------------------------------------

Дупла доза!

Шири шири :)

А на Трн, изгледа дека инспирацијата за "патритизмот" негов голем, му доаѓа, ни помалку ни повеќе, туку од ЕДНООКИ. (Во контекст на мојот претходен пост)
 
Ти мислиш дека се зафркавам?
Стварно има таква партија, со носител што така се вика!

Нели добра фора? :) За луѓево тотално да се збунат и да помешаат Шеќеровска со Шеќеринска :helou:
 
Ада, малку си ми нешто контрадикторна! А зошто? Епа вака. Значи црвеното погоре ти го побива зеленото, а исто така црвеното ми е основа за болдираното најгоре. Е сега малку за ова плавото. Многумина на форумов се чукаат во гради како најголеми патриоти во државава,(меѓу кои и Ти) демек они се најголеми МАКЕДОНЦИ, а никој не најде за сходно, денес, кога се одбележуваат 105 години од смртта на Гоце Делчев, да постави една тема на форумов, за да се величи името негово, како што е редно. И после "НИЕ" сме патриоти, нека цркнат предавниците !! Е Ада Ада, патриотизмот не се покажува со плукање и линч врз МАКЕДОНЕЦОТ. Има многу поинтелектуални и покултурни начини за да покажеш дека си патриот, но пред се патриотизмот треба да го чувствуваш во душата, за да знаеш да го изразиш.:smir:
Значи, повторно имаме ad hominem напади, без никаква фактичка поткрепеност. Хм, од каде ми е ова познато?...Веројатно од "Сонцињата". Целосната нивна политика, понуда, програма, капацитет и сл. се базирани единствено на празно и неконструктивно "алапачирање". Што не треба да чуди, кога ќе се земе во предвид фактот дека не направиле ништо со кое може да се пофалат, па им останува само да лаат наоколу за туѓите постапки.

Мојот патриотизам, не е тема на дискусија, ниту пак си ти во било каква можност и позиција да го оцениш. Она што тука се дискутира е не-патриотизмот, предавништвото, лажењето, недостатокот од принципи и визија итн. на "Сончогледите". Истото, прилично прецизно поткрепено со факти и добро евидентирано, а бога ми и "запишано" во меморијата на народот (за случајно да не се понадеваат дека некој тука е сенилен...а, и да е, оставиле доволно материјал за да се потсети).

Ни во лудило не би плукала Македонци. Тоа се мои браќа и сестри. Но, за да некој заслужи да се нарече себе си Македонец, мора да си ја сака земјата и да го покажува тоа на дело. Овие сонценца, со своите дела, го покажале само спротивното. Покажале дека се непријатели на Македонскиот народ, на неговиот идентитет, на неговата земја и на неговото свето име. Со тоа, стануваат и мои непријатели.
Ќе ти повторам, затоа таква бурна реакција кај секој Македонец, што коалицијава си дозволила да го користи сонцето во својата пропаганда. Зема нешто свето за народот, а нешто против кое оделе сите до еден од таа багра, и си дозволува да го употреби за сатисфакција на својата глад за власт.
Кога не би покажале отворено непочитување кон македонскиот идентитет и нација, со дела и со зборови, низ сите години додека се присутни на политичката сцена, никој не би имал ништо против да го користат сонцето. Но после се...Е, што е многу, многу е!

За крај, повели линк до темата отворена по повод 105 години од смртта на големиот Македонец, Гоце Делчев
 
За сите што мислите дека ДПМНЕ или Владата цврсто стојат на ставот за неменување на името, се лажите. По многу работи може да се заклучи дека се спремни за компромис. Видете ја темава:

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=23470

Да не помисли дека некој зафаќам страна, мене и едните и другите ми се исти со таа разлика што едните јавно кажуваат колку се изгорени за компромис и веќе излишно
е да се зборува за нив
, а другите пак итро си глумат цврстина и незнам што, а цело време не вртат околу на околу со изјавите и не кажуваат конкретно кој е нивниот став.
 
Тема има(Гоце Делчев), само зависи кој сака да ја види кој ја гледа и на очи се прави дека не гледа..И на кој му е мака дека нема тема отворена за маршалот кој во ист ден почина со нашиот Гоце, ама нејсе..Важно е само да се труби, да се кења, да се омаловажува..Најмногу верувам на народните мудрости, а една гласи вака...„Пред да погледнеш што има кај твојот комшија, погледни што имаш во твојот двор“...
 
Значи, повторно имаме ad hominem напади, без никаква фактичка поткрепеност. Хм, од каде ми е ова познато?...Веројатно од "Сонцињата". Целосната нивна политика, понуда, програма, капацитет и сл. се базирани единствено на празно и неконструктивно "алапачирање". Што не треба да чуди, кога ќе се земе во предвид фактот дека не направиле ништо со кое може да се пофалат, па им останува само да лаат наоколу за туѓите постапки.

Мојот патриотизам, не е тема на дискусија, ниту пак си ти во било каква можност и позиција да го оцениш. Она што тука се дискутира е не-патриотизмот, предавништвото, лажењето, недостатокот од принципи и визија итн. на "Сончогледите". Истото, прилично прецизно поткрепено со факти и добро евидентирано, а бога ми и "запишано" во меморијата на народот (за случајно да не се понадеваат дека некој тука е сенилен...а, и да е, оставиле доволно материјал за да се потсети).

Ни во лудило не би плукала Македонци. Тоа се мои браќа и сестри. Но, за да некој заслужи да се нарече себе си Македонец, мора да си ја сака земјата и да го покажува тоа на дело. Овие сонценца, со своите дела, го покажале само спротивното. Покажале дека се непријатели на Македонскиот народ, на неговиот идентитет, на неговата земја и на неговото свето име. Со тоа, стануваат и мои непријатели.
Ќе ти повторам, затоа таква бурна реакција кај секој Македонец, што коалицијава си дозволила да го користи сонцето во својата пропаганда. Зема нешто свето за народот, а нешто против кое оделе сите до еден од таа багра, и си дозволува да го употреби за сатисфакција на својата глад за власт.
Кога не би покажале отворено непочитување кон македонскиот идентитет и нација, со дела и со зборови, низ сите години додека се присутни на политичката сцена, никој не би имал ништо против да го користат сонцето. Но после се...Е, што е многу, многу е!

За крај, повели линк до темата отворена по повод 105 години од смртта на големиот Македонец, Гоце Делчев

:smir: Potpolno se soglasuvam so tebe :) znaat imse blizi krajot .So ovaa koalicija sonce samite kese pogrebaat.Epten go potcenuvaat narodot. Se nadevam ova ke znaci i kraj na komunizmot vo makedonija konecno.
 
Nema smisla da se zapira Gruevski sega bas koga najmnogu se zagrea!Neka se poraduva i toj malku.Neka gi dobie i ovie izbori cisto zaradi toa sto nema smisla,toa nema da ne ubie!A ona sto nema da ne ubie kje ne napravi posilni!
 
Добро, се читаш ли шо пишуваш?

Али, да си здрав и жив, ме изнасмеа:pos::pos::pos:
 
Back
На врв Bottom