TpH_Bo_OkO
Трноризец
Мора да сте ја гледале комеморацијата, пардон, промоцијата, на коалицијата Сончогледи, пардон, Сонце... Поголема пародија немам видено досега на нашава, инаку доста богата со пародии, политичка сцена. Ма решив и јас да ги промовирам бре! Ами како... Ене, се беа збрале неколку политичари. Колку ли многу лоши работи изнакажале за себе, што од тоа вистина, што од тоа, нормално, лага. Ги следев дали ќе се погледнат во очи после се лошо што си изнакажале помеѓу себе. Замислете, овие политичари, отфрлени на маргините, без идеја, без концепт, формираа коалиција која по сите параметри е лузерска. И замислете, уште еднаш ја нарекоа, ни помалку ни повеќе, 'Сонце'. И тоа баш кога го гледам тоа сонце, тоа е она нашето, со 16 краци. За да биде пародијата поголема, токму овие политичари припаѓаат на партиите кои беа на власт и го сменија тоа сонце-за атер на Грција, во знак на добра волја... И тоа ни го шиткаа како ептен 'европцки' потег. Истите овие политичари, пак за атер на Грците, пред само месец и нешто беа за компромис за името, па и него ќе го менуваа. Ете ти, оние кои го сменија знамето, сега истото сонце си го зеле за симбол... Башка што она сонценце многу ме потсетува на сонценцето од кампањата 'Купувајте домашни производи', само што овој 'коалициски производ' од југокомуњарски происход е чкарт, истрошен, а и не е македонски. Имаат авторски права ли бре за користење на тоа сонценце или прават фалсификат? Али сега е 'у шема', 'ин' да си патриот, нели? Хммм... а дали ви текнува кога Јани Макрадули пред некој месец истото тоа сонце го прогласи за вмровски симбол? Лудница! Кога сдсмовец ќе облече патриотски кожурец настанува кич-пародија. Така и коалицијата 'Радмила и седам патуљака'... Седум, зошто денес им се приклучи уште еден партнер, милениче на газда Штерјо Наков. Ќе имале кандидат во првата полвина на листите. Толку му сечат. ВМРО-ДПМНЕ нуди сигурно место за влашкото малцинство, овој се израдувал што ќе биде во првите 10...
Ај што излегоа, излегоа. Ама партиска програма не видов.
Како ли ќе изгледа еден митинг на оваа коалиција? Излегува Ванчо Пешевски, 'пензионерот', ги убедува пензионерите да гласаат за нив, а низ глава му се мота зголемувањето на пензиите, намалувањето на цените на лековите, а сето тоа го овозможи токму ВМРО-ДПМНЕ, односно онаа коалиција против која е тој самиот...
Излегува Ѓорѓи Оровчанец, секоја чест, одличен лекар но катастрофален политичар... што ќе кажува? За здравството ли? Тешко. 40 милиони евра токму оваа влада вложи за да го крене уништеното здравство на нозе, се презедоа длабоки реформи, се намалија цени на лекови. Лекови кои беа плаќани по неколку илјади денари (и така заработуваше фармацевтската мафија на СДСМ и познатите кланови под нејзина капа) сега се добиваат за помалку од 100 денари. Токму оваа влада почна да се пресметува со корупцијата помеѓу лекарите. Токму оваа влада го крена Фондот за здравство кој во времето на СДСМ имаше милионски долгови, сега работи со добивка и со исчистени долгови. Каква е ситуацијата на неговата матична клиника слободно може да ги праша неговите колеги Филипче, Ќаев... Навистина се прашувам за што ќе зборува Др. Оровчанец? Смени 5 (пет партии), Да, на втората не се сеќавам, па ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-НП, Нова Алтернатива и сега застана рамо до рамо со СДСМ. Истиот оној СДСМ кој зборуваше се и сешто против Оровчанец, но и овој не им останал должен.
Следен, Тито Петковски. Човекот кој самиот себе си се смета за ептен принципиелен, и ампутиран од секаква одговорност. Во СДСМ важеше за дежурен лузер. Кога се отцепи, го направија јаничар. Пуштени беа муабети, како што бива за сдмовската оговарачка машинерија, кои зборуваа се и сешто за него. Ми беше интересно да ги слушам од причина што знаев дека Тито Петковски е само понтонски мост за СДСМ кој тоне. Интересна е и самата сторија за неговото коалицирање со СДСМ.
Па ќе излезе Стојан Андов. Што ќе зборува по цели 9 години (5 изборни циклуси и 1 референдум) коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ. И нему ли, како и на Тито му светнале некои нови работи? Ма дај... Што се издрндаа СДСМ за Андов... Го правеа и него за јаничар. Го правеа удбаш, колку ли само коментари има од овдешниве сдсмовски форум-мегафони...
Ќе излезе Јово Манасиевски... Човеков кој се замислува дека е многу 'ин', пред самитот во Букурешт истресол таква зелена, на која и самиот Бранко Ц. морал да интервенира. За Јово сме требале да прифатиме секакво име за да влеземе во НАТО, макар и би се викале „Република Малборо лајтс“. На тоа Б.Ц. го опоменал, буквално, да не тресе глупости. Да, Јово и коалицијата му, би требало да го брани нашето уставно име и поредок...
А, да... Ќе излезе и Рада. И што дека ќе излезе... Ќе излезе и Пандора од кај 'зелените'. Нејзе не ја знам. Нека ја искористи шансата да каже нешто паметно. Што ќе речат Игор Шема, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Бучко многу и не ме интересира, тоа спаѓа во категорија на хумор или научна фантастика.
Што може да се види од коалицијава на 'Снежана и седумте џуџиња'? Збир на лицемери кои за симбол употребиле симбол што самите го сменија, а подоцна го негираа и го прогласија за партиски симбол на ВМРО?!. Немаат изборна програма. Дел од нив јавно се согласија на промена на името под уцена на Грција (СДСМ, ЛДП, ЛП). Дел се истрошени и маргинализирани политиканти (Тито, Стојан, Радмила, Јован, Ѓорѓи), дел од нив се анонимци (Ванчо, Пандора и оној старо-новиот, Никола Бабовски, кој глуми дека 'ги претставувал интересите' Власите). Целосно промашена збирштина, без капацитет, без концепт, без визија. Но затоа полни со злоба, клевети, лаги, сатанизација и омаловажување на противникот (во прв ред мислам на однесувањето СДСМ и ЛДП). И таква и ќе им биде кампањата, валкана и полна со интриги.
А ТИТО ЈАВНО НА МАКЕДОНЦИТЕ ИМ ПОРАЧУВА ДЕКА КОАЛИЦИРА СО СДС ЗА ДА ГО ПРОМЕНАТ ИМЕТО!!!
Самиот кажува дека „ причината поради која не се согласувал со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е "нивниот цврст став околу името".
БОГ ДА ЧУВА МАКЕДОНИЈО!

Вечер напиша:НА БИХАЌКА НИШТО НЕ ПОМИНУВА БЕЗ БРАНКО
Драма во СДСМ
По лична наредба на претседателот и поранешен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, СДСМ влегол во коалиција со НСДП, иако од тоа има чист зијан. Мотивот на Црвенковски е Тито Петковски да биде од негова страна и да не се појави како негов противкандидат на идните претседателски избори
Дури беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ седеше на два стола, никогаш неможеше да се дефинира самиот себе си, имаше шанса да оформи вистинска силна левичарска партија. Тито е лузер, ќе ја изгуби партијата, како што кажа и Веле Митановски, ја продаде за 4 ветени пратенички места. Дали ќе добие толку? И најјакото, принципиелниот Петковски, побаруваше оформување широк фронт против Груевски. Види мајката, што не побара порано, за да ги спречи 'погрешните политики'?Вечер напиша:Она што е интересно е дека пред да биде договорена предизборната соработка со НСДП во СДСМ се одвивала вистинска драма. Имено, по лична наредба на претседателот и поранешен лидер на партијата, Бранко Црвенковски, СДСМ влегол во коалиција со НСДП, иако од тоа има чист зијан. Мотивот на Црвенковски бил Тито Петковски да биде од негова страна и да се осигура дека нема да се појави како негов противкандидат на идните претседателски избори. За ваквата идеја освен Црвенковски била и лидерката Радмила Шекеринска, а се спротивставиле дури и потпретседателите Јани Макрадули и Игор Ивановски. Шекеринска вели дека мотивот за составување на оваа коалиција бил Македонија да добие покана за НАТО и датум за преговори за членство во ЕУ во наредните неколку месеци.