Сончање

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Не се многу сончам мразам тоа,а и по природа имам црн тен и исто како да сум цел ден на плажа.Некако глупо ми да седам на сонце и да ме пече,нема потреба од тоа.
 
Ич не сакам сончање, затоа и веројатно секогаш се враќам дома уште побела. :icon_lol: Јас сакам сенка, кафиќ, да си нарачам сок или кафе и да влезам неколку пати во вода и пак во сенка. Ме нервира сончањето, не можам да лежам и да го поднесувам тоа топло дефинитивно. :)
 
бел сум и ми нема чаре , све као се мачкам со Бекутани некои фактори 30 ли 50, језиви и масни ко кајмак, али све џабе.
Затоа прв ден идам јако и горам, после две ноќи спијам ко усран и после немам гајле.
Баш летово се подзаспав на душекот едно пола саат во езеро кога излегов мама си ебало све. Сеа имам некоја грда окер боја, молам бога да ја снема побрзо.
 
си ја сакам јас мојата бела кожичка и не си ја мењавам
а и не сум љубител на сонце и на лето а па на сончање ич.
 
Nope. Не сакам сончање ни малку. Подобро би одел на планина во некоја густа шума, отколку на сонце да лежам цел ден. А ако сум на одмор на некое место со море, повеќе би сакал или на сенка да седам или да се шетам некаде.
 
Сончањето, сепак, е здраво!



transparent.gif
И покрај долгогодишните предупредувања дека сончањето е штетно за луѓето, поради продирањето на ултравиолетовите зраци, сега научниците велат дека умереното изложување на сонце на човекот му дава сила и виталност, му го подобрува расположението, ги јакне коските, го намалува ризикот од дијабетес и го спречува ракот

zdravje.jpg
transparent.gif
Со децении лекарите нé уверуваа дека треба да го избегнуваме сонцето. Колку помалку, толку подобро - гласеше нивната девиза. Меѓутоа по сé изгледа тоа сепак не е сосема точно, бидејќи сончевата светлина е од животно значење за човекот. Според најновите откритија, умереното изложување на сонце на човекот му дава сила и виталност.

Во САД и во Европа неодамна се спроведени сеопфатни истражувања, чии резултати јасно покажуваат дека на едно лице што умира од рак на кожа има околу 50 од оние што поради недоволно изложување на сонце умираат од други видови рак. Но правилното дозирање на изложеноста на сончевите зраци не го штити човекот само од одредени видови рак. Факт е дека во јужните земји има значително помал број заболени од дијабетес, хипертензија и реума, а научниците сега знаат и зошто. За заштита на организмот неопходен ни е витаминот Д, кој ни го дарува сонцето. За благотворното дејство на овој витамин од ден на ден дознаваме сé повеќе. Деведесет отсто од дневните потреби од него за организмот ги произведува кожата, а овој процес е можен само под дејство на ултравиолетовите зраци.

Но колку всушност е здраво сончањето? Стручњаците сметаат дека без заштитен крема секојдневно би требало да се изложуваме по 10 минути на силно сонце, а 20 минути на сонце зад облаци.


СОНЦЕТО ГО ЗАСИЛУВА ИМУНИТЕТОТ


Американските научници дури неодамна открија дека луѓето што имаат доволно витамин Д се помалку подложени на настинки. Сончевиот витамин ги јакне одбранбените сили на организмот и ги активира клетките што ги уништуваат вирусите. Меѓутоа овој витамин може да направи уште многу повеќе: кога имунолошкиот систем се бори против вируси и бактерии во дишните патишта, така што предизвикува разни воспаленија, тој всушност ја поттикнува способноста на самолекување на организмот. Така се намалува ризикот од хронични воспаленија на синусите или од бронхитис. Научниците неодамна докажаа дека и сонцето го јакне ослабениот имунитет и помага да се спречат бурните реакции на имунолошкиот систем, кои, на пример, предизвикуваат реума.


ШТИТИ ОД ДИЈАБЕТЕС


Колку помалку сме изложени на дејството на сончевата светлина, толку е поголем ризикот од појава на дијабетес. Особено во северните земји бројот на заболените постојано расте, а научниците утврдија зошто е така. Со помош на сончевата светлина, односно на витаминот Д, кој се лачи под нејзиното дејство, панкреасот произведува доволно количество инсулин, задолжен за транспортот на шеќерот од крвта во клетките. Кога ќе дојде до нарушувања во овој процес, нивото на шеќерот во крвта расте, а тоа на подолг рок може да предизвика појава на шеќерна болест, односно дијабетес.


СПРЕЧУВА РАК


Еве една добра вест за жените: доволното количество витамин Д во крвта во менопаузата ги штити од рак на дојката. Ова го покажуваат студиите на Германскиот центар за истражувања на ракот во Хајделберг. Мажите треба да имаат предвид дека витаминот Д го намалува и ризикот од рак на простата, особено кај оние мажи што во детството и младоста многу време минувале на сонце. Факт е дека во земјите со повеќе сончеви денови има помалку случаи заболени од рак на дебелото црево, а ова се однесува на двата пола. Но зошто е така? Витаминот Д ја стимулира отпорноста на клетките на ракот, а освен тоа, го сузбива и нивниот неконтролиран раст. Научниците претпоставуваат дека сончевиот витамин има позитивен ефект и кај сите други видови рак.


ГИ ЗАЦВРСТУВА КОСКИТЕ


Ова не е никаква новина, но сепак е значајно. Сончевата светлина придонесува коските да ни бидат поцврсти. И овојпат севозможниот витамин Д е заслужен за тоа. Оваа супстанција е од витално значење и овозможува апсорпција на големи количества калциум од храната. Така овој материјал преку крвта достигнува во коските и забите, каде што се складира како цемент. Истото се однесува и на фосфорот. Недостигот од витаминот Д значи и недостиг од фосфор во внатрешниот скелет. Сончевата светлина овозможува создавање изедначени резерви калциум и фосфор.






Сонцето нé прави посреќни

Напролет расположението кај луѓето нагло се подобрува. Само неколку минути под сончевото сино небо и ние сме полни со елан и со оптимизам, а грижите со кои се соочуваме ни изгледаат помалку страшни. Оваа појава не е случајна: УВ-зраците ја стимулираат мрежницата, а очите влијаат на мозочните центри, каде што повеќе се лачи серотонин - најважниот хормон на среќата. Само за неколку минути нé преплавува ведро расположение, а стравот што сме го чувствувале претходно се ублажува. Благотворното дејство на сонцето е повеќекратно: како последица на намалениот стрес се регулираат и имунолошкиот, кардиоваскуларниот и системот за варење.
 
Па, дали сакате да се сончате?
Ако да, дали се сончате од лично задоволство или за да се покажете пред другите колку боја сте фатиле?
А ако не, дали мислите дека сончањето е непотребно горење на кожата?

Ова ми е стварно глупо.А често се сретнува кога ке отиде некој на одмор,или па само на викенд некаде,да се сонча по секоја цена само колку да видат другите дека поцрнеле.
Јас сакам да се сончам ама не заради боја туку оти понекогаш убаво ми е да се печам на сонце :)
Бидејки и онака имам темен тен,немам никакви проблеми со изгореници од сонце,така што не ми е проблем и цел ден да си лежам на плажа :):)
 
Ако да, дали се сончате од лично задоволство или за да се покажете пред другите колку боја сте фатиле?
Од лично задоволство, но и ради тие околу мене. Од скроз бел за 2 недели станувам ќумур, посебно во лице. Више низ вода него на плажа.
 
Обожавам да се сончам не сакам да сум бела каква што сум за време на зимото...сакам сонце вода плажа... that's my life
 
Имам темен тен и без сончање, али обожавам печење на сонце преку цел ден и го правама тоа.Неможам да се пожалам дека и на толку сончање не ме фатило сонцето, ептен сум поцрнета, жити забите ми се гледат в темница.:icon_lol:
Не го правам тоа ради перчење, нити сметам дека и штети на кожата, едноставно сатисфакција.
 
па сакам да се сончам вистинска уживанција
 
Никогаш не се сончам. Може после 18 да постојам малку на сонце, ама да собирам штретни зраци и потенцијални ракчиња на кожата, не фала.Колку сака нека биде модерно да бидеме црни, здравјето ми е поважно. Солариум во никој сличај. Имам и неколку бемки, па да иритирам за ништо......Се знае, сонце рано наутро и на зајдисонце. Се друго е лудо.
 
Aham..se soncam ama ne mn.Neam mn zivci da se pecam na soncevo dolgo...A i nemozam da se pofalam deka brzo fakjam boja..Imam alergija od sonce,taka da malce zaebano e :smir:
 
Некој да препорача добра крема за убаво да се исончам? Многу бел тен имам а планирам многу да поцрнам летово.Обично користам маслиново масло, али мислев да не има некоја крема што е подобро од тоа?
 
Не сакам женски со темен тен.. Затоа и никогаш не се сончам, обожавам коа сум бела. Порано коа бев редовен посетител на плажите, одма уште во првите 15 тина минути се праев рак, џабе секакви креми. И после цела црвена бљак. Црна коса имам, скоро секогаш сум во црно, и уште темен тен да имам и.....
Бела си ми е најубаво.:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom