Сакам да се сончам..и не е работава ај да се испечам ко гуштер, циган да станам за да видат другиве на одмор сум била.. чисто онака од задоволство а и потемен тен секогаш ми делува онака по sexy
Уф мука немам од сончање можам по 3 саата на сонце да седам нишо да не ми е на 45 степена се сончав 2 саата.Али зошто е штетно за кожата избегавам да се сончам поише време.
Сакам да се сончам ,не дека сакам да се измачувам на жешкото да се потам и слично ,туку ја сакам бојата која ја добивам по сончањето ,поубава сум кога сум со потемен тен инаку сум многу бела!
Многу битно е со мозок да се сончаш...првите 3-4 дена строго сенка и мачкање зашто факт е дека во вода најмногу се гори,кога ќе се навикне кожата на времето на одмор може после да се печеш колку сакаш ...
Совет: Сончајте се на изгрејсонце најмногу се поцрнува
Темен тен иам и ептен малце црвенееам, одма поцрнвам. Сакам да се сончам, али секоаш по пола сат максимум, после во вода одма одам зш и да сакам не можам да издржам веќе на топло.
Јас воопшто не се сончам. Два пати бев на одмор летово а да ме види човек што не ме познава ќе си помисли дека по цел ден сум бил затворен во подрум. Имам бел тен и многу брзо ми гори кожата, па цела среќа што не сакам да се сончам. Но бидејќи постојано сум во вода првите денови имам црвенкаста боја, која полека после третиот ден потемнува. Сепак користејќи фактор 50 замислете колкаво може да биде тоа потемнување .
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.