Сончање

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Не сакам да се сончам ич.Не само што не сакам да се оптегам,да ме пече,да се досадувам,туку воопшто не си се допаѓам исончана,особено на лице.А на тело црна црно,лицето бело..некако не ми е...

Затоа си седам под сенка и си уживам.Фаќам боја ептен минимално,само јас си забележувам:),повеќе кога сум во вода и во движење.
 
Убо ми е да се сунчам, ама не да се оптегнам во дванајсет сатот, и после ко рак да шетам вцрвена. Ијам светол тен, без голема можност за поцрнвење.
На лицево или ич нема да се исунчам, или ќе поцрвенам па ќе ми исчезнит и пак сум бела, а на телово да, ама бавно ојт тро. Едино ко бевме негде на море, не знам каде, купивме маслиново и се напрајв катран.
Убо изглеат, башка ми ги истаквеше очиве.
 
го мразам тоа:uvo: а и мака ми е да лежам цело време изложена на сонце и да се печам ко кокошка...глупости:) си ја сакам сенката јас:pipi:
 
го мразам тоа:uvo: а и мака ми е да лежам цело време изложена на сонце и да се печам ко кокошка...глупости:) си ја сакам сенката јас:pipi:

Хард кор си ти маче... Легни си на плажа со искинатите фармерки... Нема да се печеш цела барем...:back:

Он топик - САКАМ СОНЧАЊЕ... Ама нема кај!!! :nerv: :pos2::pos2:
 
Сакам да се сончам, и се сончав ултимативно до пред некоја година дур идев со моите на одмор...Ама сеа со друштво, сакам да спијам до касно, да се излежавам малце, да се заебаваме шалиме, да шетам сакам, да се журкам сакам, останатиот дел од денот е лош за кожата...и бел* се враќам :)


*не баш бел :):) темен сум природно
 
Да легнам и да се пржам на сонце? Нема шанси.

Кога сум била мала, моите не можеле да ме извадат од вода да се сончам, многу нормално :icon_lol:, па тоа што сум фаќала боја од вода, тоа и најчесто горев. Не се сончам ни затоа што имам чувствителна кожа со многу бел тен кој тешко потемнува а многу лесно гори. Затоа кога одам на одмор се мачкам со млеко за сончање со фактор 60 дури, затоа што ако се намачкам со фактор 30 на пример, вечерта ќе биде многу забавно кога ќе се мачкам со кисело млеко и кантарион. Само многу сум си смешна кога на подготовки ќе пливам или на некој натпревар на отворен базен и сум исончана на лицето и околу очите сум бела :pos:.
Уште еден проблем е тоа што многу млека за сончање ми прават алергии, ми се појавуваат црвени пликови, па сега користам само едно, антиалергенско од Докторс, тоа е единствено што досега не ми направило алергија а не сум ни изгорела.

Ако порано се мислело дека сончањето е здраво, денес и тоа како не е. Со индекс на зрачење 9-10, кој е канцероген, нема никоја виша сила што ќе ме натера мене да излезам да се печам. Така да, јас сум си само поцрнета на рацете до пола, како камионџија, од возење точак на стаза :)
 
Поубаво ми е во сенка, а и некако не ми се допаѓа кога сум премногу „обоена“.
 
Сакам да си се сончам али не претерано, сакам онака боичка да фатам малку али не до тој степен да станам ќумур и да неможе чоек да ме препознае на улица :)
 
Никогаш не се сончам, ми пречи сонцето, времето на плажа го користам за пливање.
 
абе на сите ни е поубо в сенка да седиме ... ама па на сите ни е убо ко ќе фатиме боја малце :). Инаку да се сончам , сакам боиче убо да фатам :pipi:. А тој шо нејќи да се печи нека си купи self tan gel од орифлем :pos2:
 
До пред година две можев без проблем да одам на сонце пошто имам темна кожа и никогаш не горам ама ова лето почнав да се кријам. Пржи сонцево ко лудо. Не е веќе ко порано :toe:.
 
Секогаш си седам под сенка...Несакам да сум дирекно изложен на сонце...
 
Mене не ми треба многу сончање зошто си имам црн тен :)
 
Ај што сум црн, па уште појќе поцрнав у Охрид а задутре идем у Хрватска. Ка ќе се вратим, само патикете ќе ми се гледаат у темница :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom