Да легнам и да се пржам на сонце? Нема шанси.
Кога сум била мала, моите не можеле да ме извадат од вода да се сончам, многу нормално

, па тоа што сум фаќала боја од вода, тоа и најчесто горев. Не се сончам ни затоа што имам чувствителна кожа со многу бел тен кој тешко потемнува а многу лесно гори. Затоа кога одам на одмор се мачкам со млеко за сончање со фактор 60 дури, затоа што ако се намачкам со фактор 30 на пример, вечерта ќе биде многу забавно кога ќе се мачкам со кисело млеко и кантарион. Само многу сум си смешна кога на подготовки ќе пливам или на некој натпревар на отворен базен и сум исончана на лицето и околу очите сум бела

.
Уште еден проблем е тоа што многу млека за сончање ми прават алергии, ми се појавуваат црвени пликови, па сега користам само едно, антиалергенско од Докторс, тоа е единствено што досега не ми направило алергија а не сум ни изгорела.
Ако порано се мислело дека сончањето е здраво, денес и тоа како не е. Со индекс на зрачење 9-10, кој е канцероген, нема никоја виша сила што ќе ме натера мене да излезам да се печам. Така да, јас сум си само поцрнета на рацете до пола, како камионџија, од возење точак на стаза
