Soccer Manager (Kajgana World)

  • Креатор на темата Креатор на темата .:makedonec:.
  • Време на започнување Време на започнување
Мане во Валенсија за 25.2 милиони евра и бајбек клаузула.

По првата сезона клаузулата изнесува 50м евра.
- втората сезона клазулата е 45м евра.
- третата сезона бајбек клаузулата изнесува 40м, евра.

Одлична зделка за Валенсија која следната сезона ќе биде прволигаш.

Во напредна фаза се преговори за уште неколку трансфери и тие ќе бидат објавени во текот на наредните неколку денови.
 
Што ако еден ден Валенсија остане без менаџер и испратиме максимум за Мане и ти го купиме? :D
 
Што ако еден ден Валенсија остане без менаџер и испратиме максимум за Мане и ти го купиме? :D
Ќе бидете избркани од форумов за век и векови.
 
Да потсетам еден од најдобрите стопери Диего Годин е на траснфер листата. Заедно со Џеко, Караско, Глик, Бурки, Дани Алвеш, може и Колашинац. Заинтересиран сум генерално за играчи под 25 години, ред е да го освежам тимот и после 4 сезони борба за титулата да одморам една конечно. :D
 
Мане во Валенсија за 25.2 милиони евра и бајбек клаузула.

По првата сезона клаузулата изнесува 50м евра.
- втората сезона клазулата е 45м евра.
- третата сезона бајбек клаузулата изнесува 40м, евра.

Одлична зделка за Валенсија која следната сезона ќе биде прволигаш.

Во напредна фаза се преговори за уште неколку трансфери и тие ќе бидат објавени во текот на наредните неколку денови.
@ManUtdChampions еве ја револуцијата во трансферите која ја почнавме со видал :icon_lol:
 
Значи не се на трансфер листа
Добро де, достапни за размена. :)[DOUBLEPOST=1501087026][/DOUBLEPOST]
@ManUtdChampions еве ја револуцијата во трансферите која ја почнавме со видал :icon_lol:
хахахаха му отвараме можност на Клипот да си го исчисти тимот од незадоволните играчи така што ќе им стави бај бек и после пак ќе си ги врати :D
 
Кај мене се е достапно за размена.

Рецимо за Канте го барам Погба, за Бејл го барам Гризман, за Сократис го барам Варан...

Секако со ваша доплата
 
Рикардо Родригез со гол пред очите на @Клипче во Романија. :vozbud:



Доаѓа моментот кога ќе ја предадам титулата иначе. :(
 
АГУЕРОООООООООООООООООООООООООООО :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Manchester-Citys-Sergio-Aguero-celebrates-winning-goal-2012-Premier-League-Season.jpg

После три години доминација на Барса, конечно Кајгана Светот доби нов шампион, а кој друг ако не Реал Мадрид на чело со феноменалниот Донев. Во последното коло Реал мораше да победи за да ја осигура титулата и дојде до победа од 1-0 со голот на Агуеро во 55тата минута.

Ова е историски момент за Кајгана Светот, каде за прв пат гледаме како двајцата најдобри играчи Роналдо и Меси заедно ја слават лигашката титула. Најзаслужни за титулата се они двајца и секако Агуеро, кои ја формираа најсмртоносната напаѓачка тројка која светот некогаш ја видел и го израмнија рекордот на Барса од првата сезона од 110 постигнати голови. Еве ги нивните импресивни бројки:

upload_2017-7-27_21-27-0.png upload_2017-7-27_21-27-16.png upload_2017-7-27_21-27-35.png

Играчите и менаџерот Донев ќе ја прославуваат оваа историска титула неколку денови, по што ќе се вратат со подготовки за новата сезона во која планираат да останат на врвот и да ја одбранат титулата.

Во оваа прилика сакаме да му честитаме и на тимот на Интер кој беше достоен ривал до самиот крај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom