Прегледај го приврзокот 142776
Барселона ја доби битката со Јунајтед, Зенит и Атлетико и успеа да го донесе Николас "Нико" Гаитан на Камп Ноу. Во спротивен правец ќе патува Арда Туран, според многумина дури и подобар играч. Сепак, Чемпионс беше јасен околу трансферот и изјави: "
Арда Туран е голем работник на теренот и тоа го прави неверојатен фудбалер, но на нас ни треба играч кој може да пружи повеќе во офанзивата, а токму Нико ги има тие карактеристики. Купивме фудбалер кој е неверојатно брзо и знае да игра со топка, кој има одличен центрашут, и кој може редовно да дава голови и да асистира. Меси и Нејмар ќе може комотно да одморат во преостанатиот дел од сезоната."
Гаитан уште на првиот тренинг со новиот тим ја покажа магијата на неговата левица и го матираше Каспер Шмајхел од центарот. (0:22)
"Треба уште леб да јаде за да го стигне татко му" се нашали Нико за Barca TV во интервјуто во кое кажа дека уште како мал бил фан на фудбалот кој го игра Барселона и дека е пресреќен што ќе ја има можноста да соработува со, според него, најдобриот тренер во Кајгана светот.