Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Претседателот на Светската Асоцијација за професионален билијард и снукер,уште попозната како Светската Снукер Асоцијација, Бари Харн, веќе потврди дека е започната истрага за наводниот поткуп кој Хигинс и неговиот менаџер, Пет Муни, го примиле.

Пет Муни, менаџерот на Џон Хигинс, кој патем досега беше и член на бордот на Светската Снукер Асоцијација, и официјално поднел оставка од својата позиција, која што била прифатена од страна на бордот.

Џон Хигинс е под привремена суспензија се додека не заврши истрагата, но тоа и нема да има некаков голем ефект врз него, бидејќи во периодот од мај до август нема некој поголем и позначаен рангирачки натпревар во снукер, има квалификации, но Хигинс, и да ја изгуби позицијата број 1 на рангирната листа на Светската Снукер Асоцијација, сепак ќе остане еден од првите 16, така да нема да мора да се квалификува.

Едно што е сигурно е тоа дека нема никакви сомнежи за победата на Стив Дејвис врз Џон Хигинс во осмина финалето, бидејќи средбата покажана на снимката на која што наводно Хигинс прифаќа поткуп, се одржала по мечот помежу Дејвис и Хигинс во осмина финалето.

Оваа афера е прв голем предизвик за Бери Харн, претседателот на Светската Снукер Асоцијација, кој откако дојде на позицијата кон крајот на 2009, вети големи промени во асоцијацијата, како и воспоставување на нови натпревари во снукер, особено во источна Европа.

На Харн останува да одлучи што му следува на Хигинс.

Баш ова ќе го пишев. Како шо кажа коментаторот на еуроспорт наводно група новинари претставени како унгарски(мислам) бизнисмени му понудиле 300 000 фунти на Хигинс за овој да изгуби по неколку договорени фрема од одреден меч.
 
Да, и по се изгледа Џон Хигинс е наместен.
Типовите со кои што Хигинс прави муабет за поткуп на видео снимката се новинари од неделното списание News of the World, кои што го контактирале менаџерот на Хигинс, Пет Муни, претставувајќи се себеси како украински бизнисмени кои што сакаат да инвестираат во идни натпревари во снукер во главниот град на Украина, Киев.

Имено, Џон Хигинс заедно со неговиот менаџер Пет Муни, снукерашот Граем Дот и професионалната судијка во билијард и снукер, Микаела Таб, кон крајот на 2007 и почетокот на 2008 ги имаат формирано Светските Снукер Серии, организација чија што цел е ширење на снукерот низ Европа и пошироко. Откако организираа пробен натпревар во главниот град на Полска, Варшава во 2007, започна серија натпревари под покровителство на Светските Снукер Серии, кои се одиграа за време на сезоните 2008/2009 и 2009/2010, во Германија, Португалија, Полска, Русија, Ирска и Чешка.

Но откако кон крајот на 2009 претседател на Светската Асоцијација во професионален билијард и снукер, уште попозната како Светската Снукер Асоцијација, стана Бери Херн, кој исто така планира да ги потпомогне Светските Снукер Серии, се очекува снукерот да продолжи рапидно да се шири и во други европски земји, а главна мета на Бери Херн се земјите од источна Европа.

По се изгледа, овие новинариве од неделното списание News of the World немале вистински приказни да објавуваат, па одлучиле да фабрикуваат приказна за тоа дали трикратниот шампион во снукер и професионален играч во снукер на местото број 1 за сезоната 2010/2011 на рангирната листа на Светската Снукер Асоцијација, Џон Хигинс, би се согласил да прими поткуп за да изгуби во 4 фрејмови во мечови од натпревари кои би се одиграле во сезоната 2010/2011.

Новинарите го контактирале менаџерот на Џон Хигинс, Пет Муни, претставувајќи му се како украински бизнисмени кои што би сакале да инвестираат во идни натпревари во снукер во главниот град на Украина, Киев, под покровителство на Светските Снукер Серии или под покровителство на Светската Снукер Асоцијација.

Муни го информирал Хигинс, кој се согласил на средба со нив што е можно поскоро, со оглед на тоа дека неговите натпреварувања за сезоната 2009/2010 завршија по неговиот пораз од страна на Стив Дејвис во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2010, така да слободен бил да ги контактира што е можно поскоро. Новинарите, претставувајќи се како украински бизнисмени, ја организирале средбата во Киев. Според видео снимката, Хигинс ги прашува дали има некакви камери присутни во просторијата, на што еден од новинарите, претставувајќи се лажно како украински бизнисмен му вели дека има една која што е вклучена, па дури и му покажува каде е камерата, што значи дека Хигинс одлично знае дека го снимаат и од каде го снимаат. На средбата дискутираат за тоа дали Хигинс би бил подготвен да прими поткуп од 300.000 евра, односно 261.000 британски фунти за да промашува и изгуби во 4 фрејмови во мечови од идни натпревари кои што би се одиграле во сезоната 2010/2011. Хигинс и неговиот менаџер, Муни делуваат смирено, до некој степен дури и задоволни, како воопшто да не се застрашувани или под било каков притисок, и објаснуваат дека би прифатиле таков поткуп и дека воопшто не би му претставувало проблем на Хигинс да промашува, при што Муни го надополнува велејќи дека Хигинс би можел да направи тоа да изгледа на најобична грешка. Хигинс исто така вели дека не мора воопшто да прави грешки, потенцирајќи дека многу лесно може да се промашува. По се изгледа на крајот дека Хигинс и Муни го прифаќаат поткупот, па дури и наздравуваат за направената зделка.

Исто така, вчера во недела, 2 мај 2010, кога одекна скандалот во јавноста, Џон Хигинс изјави дека никогаш во животот не примил поткуп и дека никогаш во животот не направил намерно некаква грешка за време на некој меч, како и дека никогаш во животот не изгубил намерно некој фрејм или меч. Хигинс вели дека кога ја слушнал понудата за поткуп во замена за губење на фрејмови бил изненаден и се преплашил, бидејќи не знаел со какви луѓе има работа, со руската мафија или со кој знае какви, поради што ја прифатил понудата за поткуп се со цел што е можно поскоро да излезе од хотелот и да го фати авионот назад за дома.

Новинарите од неделното списание News of the World кои што лажно се претставувале пред Џон Хигинс и неговиот менаџер Пет Муни како украински бизнисмени, тврдат дека со Муни оствариле повеќе средби претходно, на кои што никогаш не делувал исплашено, а исто така тврдат дека и за време на снимената средба и Џон Хигинс и неговиот менаџер Пет Муни, воопшто не делувале исплашено. Напротив, во средбите кои што претходно ги оствариле со Муни, велат дека Муни доста добро им објаснувал како лесно може да се наместат фрејмови, па дури и цели мечови во снукер. Дали ова е вистина и дали Џон Хигинс има некаква поврзаност со тоа, или Пет Муни одлучил да ги продаде репутацијата и престижот на Џон Хигинс, или новинарите од неделното списание News of the World го исфабрикувале ова во целост од почеток до крај, треба допрва да се докажува.

Според претседателот на Светската Снукер Асоцијација, Бери Херн, истрагата би траела најмногу месец дена, така да би требало брзо и лесно да се дојде до неопходните одговори и одлуки.

Но две работи се сигурни.
Пет Муни поднесе оставка од неговата позиција како член на бордот на Светската Снукер Асоцијација.
Џон Хигинс е суспендиран од идни натпревари во снукер, неговата репутација и неговиот престиж се сериозно нарушени, а најлошото можно сценарио за него е да се соочи со доживотна забрана за учествување на натпревари во снукер.

Во својата изјава, Џон Хигинс, меѓу другото вели:
"Мојата совест е 100% чиста."
"Во моите 18 години играјќи професионален снукер, никогаш намерно не сум промашил потег, никогаш не сум изгубил намерно фрејм или меч."
"Се соочувам со најголемиот меч на мојот живот."
"Не е светскиот шампионат во прашање, туку нешто многу поважно, мојата репутација."

Пет Муни, менаџерот на Џон Хигинс вели дека нема коментар бидејќи:
"Немате поим какви беа околностите во Киев, затоа немам коментар."
"Но ние во главно се плашевме за нашата безбедност."

Ваквите тврдења на Муни ги потврдува Хигинс, кој меѓу другото вели:
"Со сета чесност, бев многу загрижен поради начинот на кој се одвиваше разговорот во Киев."
"Кога беше предложено да губам фрејмови во замена за големи суми на пари, бев навистина изненаден. Само сакав да излезам од хотелот и да се качам на авионот за дома."
"Не знаев дали ова беше руската мафија или не знам кој, со кого си имавме работа овде. Во таквата ситуација мислев дека најдобрата реакција би била ако се согласев со овие типови и излезев од Русија."

Се разбира, на крајот по грешка ја менува Украина со Русија, две сосема различни држави, кои се граничат една со друга, но несомнено руската мафија има дебели врски во Украина, така да најнормално би било Џон Хигинс да се исплаши.

Џон Хигинс е доста богат човек. Во текот на неговата професионална кариера во снукер ги има заработено, се на се, 4.833.480 британски фунти, или околу 5.595.450 евра, така да доста чудно би било да прифати ефтини поткупи од 300.000 евра или 261.000 британски фунти, за професионален играч од негов калибар. Трикратен светски шампион во снукер е, на прво место ќе биде на рангирната листа на Светската Снукер Асоцијација за сезоната 2010/2011, позиција на која што досега бил 3 пати, а при сезоната 2010/2011 треба да му биде четврти пат. Има добиено медал за заслуги од Британија, директно од британската кралица, така да сите негови успеси да потонат поради ваков скандал, кој што по се е или наместен од страна на неговиот менаџер, Пет Муни, или е исфабрикуван од новинарите од неделното списание News of the World, бидејќи немале вистински вести да објавуваат, би било навистина идиотски.

Но на крај останува да се почека што ќе покаже и докаже истрагата на Светската Снукер Асоцијација и последниот збор ќе го има нејзиниот претседател, Бери Херн, кој потврди јавно дека доколку се докаже дека Џон Хигинс навистина бил подготвен да прими поткуп, тогаш најверојатно конечната одлука ќе биде доживотна забрана за Хигинс да учествува на натпревари во снукер.
Во спротивно, доколку се докаже дека Џон Хигинс воопшто не ни планирал да прифати поткуп, ќе испадне дека некој си поиграл со неговите добри намери и мисијата која што тој си ја има поставено за ширење на снукерот низ Европа и пошироко, а тоа на крај би бил или неговиот менаџер, Пет Муни, или новинарите од неделното списание News of the World.
 
И нтересно финале... Овој Дотт го проценив уште кога играше со Мегвајер дека ќе иде далеку... Дечково нема среќа секоја топка е тешка што треба да ја внесе, ама најчесто му успева :)

Сакам дотт да побеид :)
 
Граем Дот и онака е веќе еднократен светски шампион во снукер, победи во Светскиот Шампионат во Снукер 2006, победувајќи го поранешниот светски шампион од 2002, Питер Ебдон, во финалето со 18:14. Оженет е со Елејн Ламби, ќерка на Алекс Ламби, кој беше менаџер на Дот уште од кога Дот ги имал 12 години, се до неговата смрт во декември 2006 од рак на тестисите.
По смртта на нејзиниот татко, сопругата на Дот, Елејн претрпе спонтан абортус. Ваквиот развој на настаните придонесе Дот да западне во тешка депресија, а како капак на се, на почетокот на сезоната во снукер 2008/2009, Дот ја скрши раката играјќи фудбал со негови пријатели, поради што не учествуваше на натпреварите Шангај Мастерс и Гранд При.
Дури сега, за време на Светскиот Шампионат во Снукер 2010, откако го победи Марк Ален со 13:12 во четвртина финалето, Дот повторно ќе го има меѓу првите 16 професионални снукераши на рангирната листа на Светската Снукер Асоцијација за сезоната 2010/2011, поради што нема да мора да се квалификува за натпреварите кои што ќе се одиграат во текот на сезоната под покровителство на Светската Снукер Асоцијација.

Така да, Граем Дот дефинитивно е професионален играч на снукер кој заслужува да биде признаен и забележан како еден од подобрите, без разлика дали на Светскиот Шампионат во Снукер 2010 ќе ја освои титулата по втор пат или ќе биде поразен од страна на Нил Робертсон во финалето.
 
Се отепаа од грешки правење и едниот и другиот. Робертсон посебно се испогреши во најважните моменти, а Дот нема воопшто среќа. Моментално е 15-13 за Робертсон и ќе биде подобро за мечот овој фрејм а да го земе Дот:)
 
Секоја му чест на Нил Робертсон.

Го победи Граем Дот во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2010 со 18:13.

Но Робертсон создаде и снукерска историја со оваа победа.

Не само што стана првиот австралијанец кој учествувал во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер за прв пат после 1975 кога австралијанецот Еди Чарлтон изгуби во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 1975 од велшанинот Реј Рирдон со 31:30, туку исто така стана и првиот австралијанец кој за прв пат во историјата на Светсткиот Шампионат во Снукер победил во финалето на натпреварот.

Исто така, на 2 мај 2010, неговата девојка, беше хоспитализирана поради породилни болки. Во попладневните часови на 3 мај 2010 коментаторите на ЕуроСпорт тврдеа дека се уште не се породила.

Така да, се на се, пред 2 часот по полноќ на 4 мај 2010, откако го победи Граем Дот во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2010, најсигурно немаше посреќен човек ако не во светот, тогаш барем во Британија, од новопечениот шампион во снукер за сезоната 2010/2011 и новопечениот татко, Нил Робертсон.

Секоја им чест и на Нил Робертсон и на Граем Дот и се најубаво во иднина и на двајцата.
 
Браво за Нил, честитки. Интересна приказана како ја започнал кариерата. :)

Betfred+com+World+Snooker+Championships+yofPi-0lt60l.jpg


Betfred+com+World+Snooker+Championships+MVc-ZP_Z9hPl.jpg


Betfred+com+World+Snooker+Championships+aJ7xDf3V1jfl.jpg


Betfred+com+World+Snooker+Championships+8JmC1gD75Cfl.jpg
 
Браво за Робертсон го гледав скоро цел натпревар ќе кажам заслужена победа за него и навивам,да интересна приказна за животот има и секоја чест да се отргнеш од мислите што неговата жена во Норвешка се пораѓа и да победиш на ваков важен меч со ваква концетрација што треба секоја чест.
 
Алекс Хигинс, поранешен светски шампион во снукер, почина на 61 годишна возраст

Прегледај го приврзокот 32712Прегледај го приврзокот 32709Прегледај го приврзокот 32711Прегледај го приврзокот 32708Прегледај го приврзокот 32713Прегледај го приврзокот 32710

Alex Higgins 18.III.1949 - 24.VII.2010
R.I.P. Rest In Peace

Алекс Хигинс 18 март 1949 - 24 јули 2010
Лесна му земја.
Нека почива во мир.

Алекс Хигинс, уште попознат по неговиот прекар "Ураган" е роден во Белфаст, Северна Ирска.
Почнал да игра снукер уште од 11 годишна возраст, а веќе на 16 годишна возраст го остварил својот прв максимален брејк од 147 поени.
Во 1968 година, на 19 годишна возраст, ги освоил Сеирскиот Шампионат и Северноирскиот Шампионат.
Станал професионален играч на снукер во 1972 година, кога на 22 годишна возраст станал најмладиот светски шампион во снукер, освојувајќи го Светскиот Шампионат во Снукер 1972.
Останал најмлад светски шампион во снукер се до 1990 година, кога Стифен Хендри го освоил Светскиот Шампионат во Снукер 1990 на 21 годишна возраст.
Неговата професионална кариера во снукер траела од 1971 до 1997 година.
Во текот на неговата професионална кариера во снукер освоил, се на се, 21 нерангирна титула и 1 рангирна титула, а таа 1 рангирна титула е Светскиот Шампионат во Снукер, која ја освоил 2 пати, во 1972 и во 1982 година, но истата таа титула станала рангирна дури во 1974 година, поради што неговата титула од 1972 година не се смета за рангирна.
Уште една од нерангирните титули кои ги освоил, а подоцна станале рангирни титули е Шампионатот на Обединетото Кралство, титула која ја освоил само еднаш, во 1983 година, а станала рангирна наредната 1984 година.
Успеал да стигне до финалето во Светскиот Шампионат во Снукер 4 пати и тоа:

1972, го победил англичанецот Џон Спенсер со 37:32
1976, изгубил од велшанецот Реј Рирдон со 16:27
1980, изгубил од канаѓанецот Клиф Торбурн со 16:18
1982, го победил велшанецот Реј Рирдон со 18:15

Врвот на неговата професионална кариера во снукер го достигнал во 1980-те кога буквално станал симбол на играта.
Највисоката позиција која ја остварил на рангирната листа на Светската Снукер Асоцијација била 2 место, позиција која ја остварил 2 пати.
Во сезоната 1982/1983 би бил на 1 место, но изгубил поени поради дисциплинска постапка.
Го следела репутација на непредвидлив и тежок карактер. Бил тежок пушач, алкохоличар и опседнат коцкар, кој дури и признал дека консумирал кокаин и марихуана.
И покрај неговата победа во Светскиот Шампионат во Снукер 1972, сепак не живеел во траен дом, често го менувал живеалиштето. Во период од една недела се селел во 5 различни напуштени куќи во Блекбурн кои чекале рушење.
Неговиот прв син Крис Делаханти се родил во 1975 година.
Истата таа година се оженил и развел за прв пат со Кара Хаслер, кога се родила и нивната ќерка Кристел.
Се оженил по втор пат во 1980 година со Лин Ејвисон, кога се родила нивната втора ќерка Лорен, а подоцна во 1983 година се родил и нивниот втор син Џордан.
Се разделил, а подоцна и се развел со Лин Ејвисон во 1985 година.
Истата таа година започнал врска со Сиобхан Кид, која завршила во 1989, откако наводно ја удрил со фен.
Во 1994 и 1996 од неговото грло биле отстранети канцерогени клетки, но сепак во јуни 1998 му бил дијагнозиран рак на грлото, поради што грлото му било оперирано на 13 октомври 1998.
Во 2009 година живеел во караван приколка.
Во пролетта 2010 боледувал од пневмонија.
Ги изгубил своите заби како резултат на радиотерапијата која ја примал како третман за ракот на неговото грло, поради што јадел исклучиво течна храна.
Во април 2010, неговите пријатели објавиле дека започнуваат кампања за собирање на финансиски средства во износ од 20.000 британски фунти, или околу 23.860 евра, односно околу 31.100 американски долари за да му се вградат забни импланти.
Наводно, откако останал без своите заби, бил сериозно депримиран, па дури и размислувал и за самоубиство.
Бил премногу болен за да му се вградат забни импланти.
На крајот од својот живот, Алекс Хигинс тежел околу 38 килограми.
Живеел во дом за постари лица со влошена здравствена состојба во Белфаст.
Бил пронајден мртов во неговиот кревет на 24 јули 2010.
Официјалната лекарска дијагноза е дека неговата смрт настапила како резултат на ракот на неговото грло.

Бил во одлични пријателски односи со Оливер Рид, а бил и во добри односи со славниот професионален снукераш Џими Вајт, со кого одвреме-навреме играле егзибициони мечови.
Иако не бил забележан како филантропист, во 1983 година му помогнал на младо момче од Манчестер, кое било негов обожавател, а било 2 месеца во кома. Родителите на момчето, очајни му пишале на Алекс Хигинс. Тој го снимил својот глас на аудио лента која му ја пратила на момчето со најдобри желби. Подоцна, ненајавено, го посетил момчето во болницата, и му ветил на момчето дека заедно ќе играат снукер откако момчето ќе закрепне. Држејќи се до својот збор, ваквиот меч бил одигран откако момчето закрепнало.
Во 1996 година бил обвинет за напад врз 14 годишно момче, а во 1997 година неговата девојка Холи Хејс го прободила 3 пати за време на домашна караница.
Во 2007 година ја објавил својата автобиографија со наслов:
"Од окото на Ураганот: Мојата Приказна".
Учествувал во посебно издание на британското издание на квизот Најслаба Алка (The Weakest Link) за спортски ѕвезди , на 25 јули 2009.

Воопшто не е семејно поврзан со шкотскиот професионален играч на снукер, Џон Хигинс, иако имаат исто презиме.

Ќе остане запамтен во историјата на снукерот како професионалниот снукераш кој претставува пример за Кен Дохерти, Џими Вајт, како и за Рони О'Саливен, кој за Алекс Хигинс рекол:
"Алекс беше инспирација за играчи како Џими Вајт и илјадници други играчи на снукер, вклучувајќи ме и мене. Начинот на кој ја играше играта е истиот начин на кој јас мислам дека играта треба да биде играна. Играше на работ, забавувајќи ја публиката и истовремено залепен за акцијата.".
Неговиот доста несекојдневниот стил на играње најверојатно бил најдобро прикажан со неговиот славен брејк од 69 поени, за кој успеал да се избори под силен притисок против Џими Вајт во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 1982, откако претходно губел во истиот фрејм со 0:59, и најверојатно само 1 топка го делела од заминување од турнирот.
Во документарецот на Клив Евертон од 2002 година "Приказната за Снукер"("The Story of Snooker"), Стив Дејвис рекол дека Алекс Хигинс е "еден вистински генијалец создаден од страна на снукерот".
Неговиот стил на играње станал пример за професионалните играчи на снукер во 1970-те и во 1980-те, кога помогнал и во растот на телевизискиот интерес за спортот.
 
Од 6-ти до 12-ти септември 2010 се одвива Shanghai Masters 2010 турнирот во снукер, во Шангај, Кина.

Но двајца познати професионални снукераши и поранешни светски шампиони во снукер, Џон Хигинс и Рони О'Саливен, нема да учествуваат на турнирот.

Имено, Рони О'Саливен, кој е актуелен шампион на Shanghai Masters, победувајќи го Лианг Венбо со 10:5 на Shanghai Masters 2009, одлучил да не се натпреварува на Shanghai Masters 2010 и да не ја брани титулата која ја освои во 2009, бидејќи одлучил да помине повеќе време со своето блиско семејство, што е доста разбирливо, ако се земе во предвид фактот дека татко му пред неполна година го ослободија од затвор, а исто така, Рони О'Саливен има девојка и деца, а ова не му е прв пат јавно да изјави дека сака да помине повеќе време со блиското семејство, но сепак ова му е прв пат да се откаже од учество на турнир во снукер поради истата причина.

Од друга страна, Џон Хигинс сеуште е под суспензија поради скандалот за прифаќање поткуп од мај 2010.
Судскиот процес против Џон Хигинс за прифаќање поткуп започнува денеска, вторник, 7 септември 2010.

Џон Хигинс се соочува со две можни сценарија:

прво сценарио: Доколку биде прогласен за виновен, Хигинс ќе биде долготрајно суспендиран од играње снукер на турнири, најверојатно од 5 до 15 години, а не доживотно, како што во мај 2010 изјави Бери Херн, претседателот на Светската Снукер Асоцијација;

второ сценарио: Доколку биде прогласен за невин, суспензијата врз Хигинс веднаш ќе биде отстранета, по што ќе може слободно да се врати на играње на професионален снукер на турнири, а прва шанса би му била пружена веќе на 18 септември 2010, кога започнува World Open 2010 турнирот во снукер, во Гласгов, Шкотска.

Како и да е, во судскиот процес против Џон Хигинс пресудата ќе ја донесе судијата Иан Мил, кој ја одби жалбата на Рио Фердинанд против неговата 8 месечна суспензија поради неговото отсуство на допинг тест во 2004.
Контроверзно е тоа што во мај 2010, претседателот на Светската Снукер Асоцијација, Бери Херн, изјави дека истрагата насочена кон Џон Хигинс поради скандалот за прифаќање поткуп ќе заврши најверојатно кон крајот на мај 2010, по што во јуни 2010 би требало да се донесе конечната одлука, додека во реалност, судскиот процес против Хигинс започнува дури денеска, вторник, 7 септември 2010.
А што се однесува до пресудата во судскиот процес против Џон Хигинс поради скандалот за прифаќање поткуп, се очекува истата да биде донесена најверојатно за 3 дена, односно најдоцна до петок, 10 септември 2010, што значи дека судбината на Хигинс како професионален играч на снукер би требало да биде одредена кон крајот на оваа недела, втората недела на септември 2010.
 
Денеска, четврток, 9 септември 2010, заврши судскиот процес против Џон Хигинс за прифаќање поткуп.

На судењето, Џон Хигинс и неговиот менаџер, Пет Муни, ги признале и ги превзеле вината и одговорноста за состанокот во Киев, Украина, во мај 2010, со новинарите од списанието News of the World, кои се претставувале како украински бизнисмени заинтересирани за поткупување на Хигинс и Муни, со цел Хигинс да изгуби одредени фрејмови за кои дополнително би се договориле.

Конечната пресуда од судот гласи:

Џон Хигинс, прогласен за невин поради немање докази дека учествувал во местење на фрејмови или мечови во снукер, но бидејќи не ја известил Светската Снукер Асоцијација за состанокот во Киев, како и за исходот од истиот, казнет е со 6 месечна суспензија од учествување и играње на турнири во професионален снукер, како и со финансиска казна во износ од 75.000 британски фунти, или околу 91.200 евра;
во 6 месечната суспензија на Хигинс ќе биде земен во предвид и периодот од мај 2010 кога Хигинс беше суспендиран, така што Хигинс би можел да продолжи со учествување на турнири во професионален снукер веќе од ноември 2010;

Пет Муни, прогласен за виновен, поради што доживотно му е забрането да се занимава со менаџирање на играчи на снукер.

Претседателот на Светската Снукер Асоцијација, Бери Херн, изјави дека Хигинс направил голема грешка бидејќи не ја информирал Светската Снукер Асоцијација за состанокот во Киев, како и за исходот од истиот, но верува дека Хигинс нема повторно да направи таква грешка.
Херн, исто така додаде и дека името, личноста и делото на Џон Хигинс се извалкани со ваквиот скандал, како и дека ќе треба да помине некое време за додека Хигинс повторно успее да се докаже себеси пред светската снукер јавност како професионален играч на снукер.

Но како и да е, Џон Хигинс останува на местото број 1 на рангирната листа на професионални играчи на снукер на Светската Снукер Асоцијација за сезоната 2010/2011, а до Светскиот Шампионат во Снукер 2011, кој треба да се одржи од 16 април 2011 до 2 мај 2011 во Шефилд и кога сезоната официјално треба да заврши, има доста време за Хигинс да се докаже себеси пред светската снукер јавност како професионален играч на снукер.

Првата шанса на попознат рангирачки турнир во снукер, Хигинс ќе ја има на Британскиот Шампионат во Снукер 2010, кој треба да се одржи од 4 декември до 12 декември 2010 во Телфорд.
 
Секоја му чест на Алистер Капетанот Картер.

Али Картер на денешен ден, недела, 12 септември 2010, го победи Џејми Бурнет,
во финалето на Shanghai Masters 2010 турнирот во снукер, кој се одржуваше од
6 септември до 12 септември 2010 во Шангај, Кина.

Капетанот Картер го победи Џејми Бурнет со 10:7.
 
Секоја му чест на Нил Молњата Робертсон.

Нил Робертсон на денешен ден, недела, 26 септември 2010, го победи Рони О'Саливен,
во финалето на World Open 2010 турнирот во снукер, кој се одржуваше од
18 септември до 26 септември 2010 во Гласгов, Шкотска.

Молњата Робертсон го победи Рони О'Саливен со 5:1.
 
Не сум бил подолг временски период пред компјутер, па затоа малку предоцна пишувам за ова.
На 30 и 31 октомври 2010 во The O2 арената во Лондон се одигра првиот Power Snooker турнир во снукер, прв во историјата.

Победата ја однесе Рони О'Саливен, кој го победи Динг Џунхуи во финалето на турнирот со 572:258.

Како што можете да забележите, резултатот е во бодови, а не во фрејмови.

Power Snooker е доста поинаков формат на играње на снукер со 9 црвени топки, од кои што една е Power топка, темно црвена, посебно означена и вреди 2 бода, која што доколку успешно влезе, стартува 2 минутниот Power период, при што секоја влезена топка вреди 2 пати повеќе од сопствената вредност, без разлика дали во меѓувреме играчот кој успешно ја внесол Power топката направи грешка и другиот играч дојде на ред.
Без разлика дали некој од играчите направил грешка, па другиот е на ред, се додека трае 2 минутниот Power период, секоја топка вреди 2 пати повеќе од сопствената вредност, тоа важи и за двата играчи.
Исто така и просторот на горната страна од масата ограничен со горниот крај на масата и линијата на која што се ставаат жолтата, зелената и кафеавата топка, игра улога како Power зона и секоја топка која што се наоѓа во таа Power зона, доколку успешно влезе, без разлика дали трае или не Power периодот, сепак вреди 2 пати повеќе од сопствената вредност.

Победата не се остварува со повеќе освоени фрејмови, туку со повеќе освоени бодови.

Мечот е ограничен на 30 минути, а не во фрејмови,
а исто така и секој играч има ограничен временски период од 20 секунди за да го направи својот потег, а не неограничен временски период за да размислува.

Но тоа што дефинитивно го прави овој формат на снукер забавен е тоа што на навивачите им е дозволено да викаат и да навиваат за својот фаворит во текот на целиот меч, го нема правилото на апсолутна тишина.

Иако ова не беше рангирачки турнир, односно никој од играчите кој настапи на истиот нема да добие рангирни бодови за на листата на Светската Снукер Асоцијација на најдобри играчи на снукер, сепак, најсигурно не им е тешко ниту на Рони О'Саливен, кој со победата освои и 30.000 британски фунти, ниту на Динг Џунхуи кој, како финалист освои 15.000 британски фунти.
 
Марк Вилијамс го победи Шон Марфи во полуфиналето во денешниот последен фрејм од шампионатот на Обединетото Кралство.Утре во 15 часот ќе го игра финалето со Џон Хигинс. Ќе има пренос на Eurosport.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom