Марк Селби изгуби во полуфиналето од Граем Дот со 17:14, а
Али Картер изгуби од Нил Робертсон со 17:12.
Денеска, недела, 2 мај 2010, започнува финалето во Светскиот Шампионат во Снукер 2010 помеѓу Граем Дот и Нил Робертсон, ќе се игра до максимум 35 фрејмови, победата ќе ја однесе тој кој прв ќе освои 18 фрејмови.
Но големата вест на денешниот ден се шпекулациите дека Џон Хигинс примил поткуп во Киев, Украина, непосредно по поразот од Стив Дејвис во осмина финалето со 13:11.
Според видео клипот до кој може да се дојде од наредниот сајт:
http://www.newsoftheworld.co.uk/new...iggins-plots-to-betray-his-fans-for-cash.html
Хигинс се согласил да прави грешки после 3 одиграни фрејмови во одредени мечови.
Дека ова не е само било каква приказна колку за да им се привлече вниманието на луѓето, истата оваа вест ја има и на BBC:
http://news.bbc.co.uk/2/hi/uk_news/8656637.stm
а кога BBC кажува нешто такво, е тогаш е сериозна работа.
Ако ваквите шпекулации се докажат како точни, најверојатно Хигинс ќе се соочи со санкции, како привремена суспензија од играта и губење на бодови на рангирната листа на Светската Снукер Асоцијација, при што сериозно би ризикувал да ја изгуби позицијата број 1 на листата за наредната сезона 2010/2011.
Ако ваквите шпекулации се навистина точни и таа видео снимката е вистинска, а не монтажа, многу ќе се разочарам. Хигинс и О'Саливен ми се двајца најголеми фаворити, ако не навивам за едниот, тогаш навивам за другиот, а ако играат еден против друг, тогаш навивам да играат до последен фрејм, па подобриот нека победи на крај.
Не сакам да завземам страна во ваквите шпекулации, но морам да признаам дека мечот со Стив Дејвис навистина ми делуваше доста сомнително. Дејвис дефинитивно заслужено победи, но имаше ненормално лесни потези кои Хигинс ги промаши. Знам дека едно е да играш во играчница, а сосема друго е да играш пред публика и притисокот си го прави своето, но Хигинс е познат како играч кој издржува притисок. И за Дејвис важи истото, порано бил шахист, вежбал издржливост и трпение, а едно време бил и претседател на Англиската Шаховска Федерација. Вежбал шах со противници од други градови, така што преку писма секој го праќал наредниот потег, а исто така тука е и фактот дека човекот ги има 52 години и е многу поискусен од Хигинс, но сепак, како што веќе реков претходно, Хигинс важи за играч кој издржува под притисок. Без навреда кон Дејвис, но Хигинс има победено и појаки играчи.
Како што веќе реков претходно, не сакам да завземам страна во ваквите шпекулации, но сепак морам да признаам дека многу потези на Хигинс не само во мечот против Дејвис, туку и општо во текот на целиот Светски Шампионат во Снукер 2010 ми делуваа доста сомнително.