Замислете и јас гледам снукер и нормално фаворит ми е Рони О“Саливан, арно ама нешто ми изводи у последно време и како и да е нормлано дека идат нови сили млади момци пуни елан, али човекот ми е толку топ за гледање што незнам го бива ептен, Селби исто интересен, ми беше драг и човекот кој почина е сега врска немам како му беше името и стварно жално што си отиде човечето од овој свет. Интересна игра особено кога им се игра а не кога знаат да ја затупат една партија сто саати.
Покојниот професионален снукераш за кој зборуваш најверојатно е Алекс Хигинс, кој почина на 24 јули 2010, за кого јас пишав во пост #84.
А што се однесува до Рони, факт е тоа дека човекот е легенда и без разлика што планира за во иднина,
типот ќе остане легенда. Во 2010 го ослободија татко му од затвор, после 17 години кои ги одлежа иако беше осуден на
доживотна казна затвор за убиство, по што Рони кажа дека сега сака да помине што е можно повеќе време со татко му,
девојката и децата, поради што не тренира редовно.
Исто така, Рони во повеќе наврати има навредувано најразни личности, во 2010 кажа дека снукерот е "срање од игра",
во повеќе наврати има кажано дека планира да го батали снукерот и да се занимава со нешто друго, но без разлика какви се
неговите планови за во иднина и без разлика какви се неговиот карактер и неговиот темперамент, типот има направено доволно за да биде запамтен како легенда на снукерот, исто како Стифен Хендри, Стив Дејвис, Џими Вајт, а богами и Џон Хигинс би го ставил во оваа група легенди.
Алекс Хигинс исто така уште пред да почине беше легенда, како и уште многу други, но Рони О'Саливен и останатите
четворица кои ги спомнав претходно се живи легенди, не сум баш многу добро запознаен со биографиите, кариерите,
успесите и постигнувањата на покојните снукер легенди.
За Алекс Хигинс, неговите обожаватели почнаа да собираат пари за да му се вградат нови заби, бидејќи човекот веќе подолг
временски период беше без заби и на целата јавност и стана јасно дека доколку не му се вградат нови заби, човекот ќе
почине, бидејќи и онака беше силен зависник од пушењето цел живот, се бореше со ракот на грлото, а без нови заби,
деновите му беа избројани.
Самиот факт дека неговите обожаватели почнаа да собираат пари за да му се вградат нови заби на Алекс Хигинс зборува
повеќе од доволно за тоа колкава легенда беше човекот пред да почине, а да не зборуваме па за тоа колкава легенда е сега.
Бог да го прости !!!