Смирени или избувливи?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
во принцип сум смирена личност со така некоја доза на темепремент, но во последно време сум окружена со такви луѓе кои едноставно ме тераат да избувнам, буквално од такт ме вадат...
 
Не сум избувлива во никој случај,никогаш не сум била.Мислам дека ми е вродено,ама и колку иди се` помалку избувнувам,а имам се` повеќе причини за избувнување.На секоја незгода или проблем уште одма пробувам да смирено да изреагирам,некако си имам сфатено дека кога тогаш ќе морам со ладна глава да размислам за да ги решам,па изгледа се трудам да рационализирам време,а и нерви...и не ми оди лошо засега.На провокации не реагирам,или не така како што обично се очекува.
Смирена си сум.:pipi:
 
Избувливост ми е меѓу првите на листата на карактерни особини што не ги поднесувам кај луѓе. А лично знам да избувнам асално еднаш на една до две години. Ама тогаш е лошо. После тоа ретко се извинувам оти гарант било нешто таложено долго за така да реагирам.
 
Кога станува збор за кавги, никогаш не иницирам кавга, не се расправам и сакам на мирен начин да се решат работите. Знам и да премолчам и да се воздржам, само за се да биде О.К.
Ама кога станува збор за тоа каква сум кога сум нервозна?! Значи би побегнала самата од себе!!! Вриштам на сите, секоја ситница ми смета, тогаш и телевизорот е премногу гласен, и вратата е секогаш отворена, и светлото ми е премногу светло...Ме нервира буквално секој шум.
 
Па искрено секогаш смирен..Не се сеќавам кога последен пат сум избувнал ..
 
тотално смирена личност, никогаш не избувнувам во никаква ситуација. Стално сум смирен и стално јас сум тој шо ја смирва ситуацијата ако околу мене има избувливи лилности и немили настани ради то :)
 
Хм, признавам дека знам да бидам избувлива кога сум гладна. Кога сум сита, сите овци ми се на број :)
 
Воглавном смирена. Кога сум нервозна, добра сум за одбегнување...
 
Eптен сум избувлива личност,за ништо се лутам секогаш,нема шанси да се смирам додека не е по мое:pipi:
 
Кога сум нервозна, све што е околу мене ми смета. Најчесто седам насртана и молчам се додека не ми дојде нешто преку глава, а во тие моменти се случува многу лесно да ми дојде нешто преку глава. После тoa се дерам за се и сешто и секому, а ако некој во случај ми пререче или намерно ме иритира... тогаш збеснувам и сум опасна по жовот ;) ...:devil2:
 
Во глобала смирена сум,само понекад знам да избувнам коа ќе ми дојде некој преку глава, или пак кога ме обвинува за нешо што го неам направено..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom