- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.579
- Поени од реакции
- 10.608
За тебе не знам, ја сум Македонец, сум бил и ќе бидам, не сум сменил ништо. Не знам и за оние стотици илјади што се клнеле во блгарски произход за да земат блгарско државјанство, што се тие. И оние скопјанос за да искамчат 7 дена во Грчка.
Декларативно, според правото на самоопределување, да, секој може да се изјасни како македонец. Меѓутоа кога некој ќе те праша врз што го темелиш тоа право, зошто се чувствуваш како македонец, кога врховната власт преку меѓународни договори ти го поткопува тоа право, ти ги ускратува аргументите врз која што ја темелиш твојата национална припадност и преку разни историски комисии во твое име прави компромиси со страната која што тврди дека ти не си македонец, туку нешто друго. Мене лично тоа ми пречи. Ми пречи фактот што јас на некого треба постојано да му се дообјаснувам, да навлегувам во политички мотивирани одлуки. Јас сакам кога на некој странец ќе му кажам дека сум македонец тука да заврши целата дискусија.
И овие со бугарски пасоши тргаат со сличен наратив, дека никој не може да му го одземе чувството дека се по националност македонци, притоа занемарувајќи го фактот дека ги станале мртвите од гроб за да докажат дека не се, дека се нешто спротивно. На таа изјава ставиле потпис и како такви престојуваат и работат во државите на Запад. Таму се заверени како Бугари, нивните деца кои што ќе се родат таму остваруваат право на престој по тој основ, и.т.н.
Утре е 11ти Октомври. Во нашата колективна свест врежано е дека на тој датум македонскиот народ се кренал на востание против фашистичкиот окупатор, т.е во дадениот случај Бугарија. Според договорот за добрососедство ќе треба да користиме друга терминологија, од окупатори да ги прогласиме за ослободители, како што тие тврдат, да одиме контра историските факти.
Ајде за антиката пред две илјади години и нема многу аргументи, стои отворена дискусија, меѓутоа за оваа работа имаме уште живи сведоци. Ние де факто ја темелме нашата национална држава врз овие настани. Ако се одречеме од нив, тогаш по кој основ јас, ти и било кој друг ќе се нарекуваме македонци?
Еве, последно со што излегоја бугарите се низа ултиматуми, меѓу кои и за јазикот, истиот да се ословувал како "службен јазик на РСМ" а не како македонски. Јазикот е едно начело врз кој што го темелиме нашиот национален идентитет, утре ќе треба и со него да правиме компромиси. На крај ќе ни остане само декларативно да се нарекуваме македонци, а притоа сме ги избришале основните белези кои што ни го даваат тоа право.