Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
60 милиони грла крупна стока, и неброено живина. Било забрането било кој да чува стока во домашни услови, немало никаква селективност. Било да си имал 100 грла, било да си имал 100.000 грла, едноставно ти била одземена. Било цело семејство да ти било во партизани (мојата фамилија) било да си бил соработник се окупаторот и претходните структури. Земјиштето и стоката била одземена. Само крупната стока во денешни пари доаѓа околу 18 милијарди евра. Тука не се земаат во предвид земјиштето, бизнисите и така натаму, и тековните приходи што би ги имале луѓето. Луѓето со толку стока, имале пари да си ги школуваат децата. Еве после војната западот, немало бесплатно образование и лекување, па некако подобро им идело. Не се граделе патишта со работни акции, па пак патиштата им се подобри. Да не ги спомнувам политичките репресалии и чистки, како онаа наречена крвава коледа и така натаму.. Комунизмот е едно од најголемите зла што му се случиле на човештвото и однел повеќе жртви од сите други зла заедно, вклучително тука и Хитлер, инквизиција, крстоносни војни и така натаму...може појаснување за болдот!
Точно, имало конфискација на имот, ама треба да се има во предвид контекстот, тоа направено со воведување на еден нов политички систем, кој пак од своја страна на еден голем број пред се Македонци им доделува земја за прв пат, сите тие претходно биле слуги кај квислиншките структури (разни Алтипармакови и друг вид на .....) или кај насадените колонисти, подоцна на тие исти Македонци им обезбедува бесплатно образование и здравство и облици на политички и економски слободи кои се фатаморгана за денешни услови. (со работни акции е изграден автопатот во '60-тите години) Денес кога сите тие Македонци се оставени без држава и се вратени повторно во тие мрачни времиња кога биле поробени и понижени од...
...
Како тоа на денешните генерации не смета тоа што на работниците во првата половина на '90-тите им се одземени фабриките и останатиот имот и се оставени на улица да пребаруваат по контејнери или да заминат повторно во старите колонијални сили за да мијат задници за бедни...., избришани се како Македонци.
Суперсоничен??? Ќе пробива неколку пати звучен ѕид за да и ние балкански сељаци слушнеме во реалност ?Браво за владата, браво за госпоѓата Шеќеринска, браво за господинот Зоран Заев од Муртино - гордоста наша, за ова историско достигнување и спектакуларен успех на нашата земја - авион на НАТО да прелета над земјава.
Се надевам дека нашата влада по повод овој историски успех на нашата земја, ќе организира спектакуларна прослава на нашиот плоштад - со DJ и диско музика, како што имаше кога ја пуштаа во употреба автобуската постојка во ГТЦ.
![]()
Твојот коментар убаво ја прикажува целата беда која вешто е вметната во македонското ткиво со единствена цел да не постои македонска држава!60 милиони грла крупна стока, и неброено живина. Било забрането било кој да чува стока во домашни услови, немало никаква селективност. Било да си имал 100 грла, било да си имал 100.000 грла, едноставно ти била одземена. Било цело семејство да ти било во партизани (мојата фамилија) било да си бил соработник се окупаторот и претходните структури. Земјиштето и стоката била одземена. Само крупната стока во денешни пари доаѓа околу 18 милијарди евра. Тука не се земаат во предвид земјиштето, бизнисите и така натаму, и тековните приходи што би ги имале луѓето. Луѓето со толку стока, имале пари да си ги школуваат децата. Еве после војната западот, немало бесплатно образование и лекување, па некако подобро им идело. Не се граделе патишта со работни акции, па пак патиштата им се подобри. Да не ги спомнувам политичките репресалии и чистки, како онаа наречена крвава коледа и така натаму.. Комунизмот е едно од најголемите зла што му се случиле на човештвото и однел повеќе жртви од сите други зла заедно, вклучително тука и Хитлер, инквизиција, крстоносни војни и така натаму...
Така да бајките за комунизмот ти се дегутантни во најмала рака....
Од кое крило на Левица си?Твојот коментар убаво ја прикажува целата беда која вешто е вметната во македонското ткиво со единствена цел да не постои македонска држава!
Агресивниот антикомунизам кој провејува низ твојот коментар е само уште една од многуте појавни облици на неофашизмот, како и кога истиот толку се вкорени во помладите генерации е прашање на кое нема одговор а и никој не се ни обидува да истражува.
Со внесување на идеолошки поделби се создава поделба во националното ткиво, некој тоа многу добро го знае и го користи. Само творби-држави во кои постои помирување помеѓу десните и левите кога се во прашање повисоки цели (национални интереси) и идеали можат да опстанат останатите се осудени на пропаст. (нпр. земете го судирот кој го имаме денес кога и едните и другите се подготвени и државата да ја уништат само тие да бидат на власт)
Има и еден тнр. природен концепт кој налага, ние Македонците да ја прифатиме нашата историја каква што е, злосторствата да ги осудиме а добрите работи да ги унапредиме. Не може денешните партииски елити да го осудуваат комунизмот кој им создал држава за да тие практикуваат власт, тоа е инфантилност од највисок ред.
Добар пример за прифаќање на сопствената историја го има Руската Федерација која повикува на помирување помеѓу монархистите и комунистите, дека не може да се гледа црно-бело, затоа што не е така, Македонците, особено денешните млади генерации произведени на антикомунизам треба да прифатат дека комунизмот е составен дел од Македонската историја и дека имал и свои блескави мигови. Ако се негира тоа, тогаш се негира своето минато и се фабрикува или пак се бара спас кај Бугаристан, Грекија или Србистан, а таквите забегувања видовме каде не доведоа!
Од каде ти се податоците за милионите грла, од левиот или десниот ракав? Ние денес во 2019г. не знаеме колку изнесува сточниот фонд ама затоа имаме податоци за тоа колку бил во 1945г. кога преку 90% од населението било неписмено, а писмата се праќале со гулаби. Јас би рекол дека и денес не е нешто видно изменеета состојбата со писменоста, читањето и пишувањето не е некое високо достигнување, барем се додека не се дојде до степен на разбирање на прочитаното.
Ако твоите бидат искрени, ќе ти речат дека Македонеците до ослободувањето и создавањето на модерната македонска држава биле само слуги, кулуци и друг вид на робови. Сите кои имале стада или друг имот во преку 99.99% биле квислинзи и предавници на своите соседи, ништо поинаку не е ни денес, имаме и денес Северџани и Торбеши колку сакаш, многу сме напреднале, за највисока оценка сме. Сите наши предци кои завршиле во гроб заради Македонија, денес се превртуваат во гробот кога гледат дека од лични-егоистични причини не можеме да се договориме ниту за едно темелно прашање, какво што е: ќе имаме држава Македонија или не!
Западот на кој му се восхитуваш, не го стекнал своето богатство со труд и со сл. туку со ВОЈНИ и со КОЛОНИЈАЛИЗАМ, па и ден денес го прави истото преку неоколонијализам и културниот империјализам. Еве еден податок кој сигурно го знаеш ама не ти оди во прилог па го избегнуваш. денес Франција наплатува 500 милијарди евра годишно од своите поранешни африкански колонии и тоа само на име на неоколонијален данок, останатите трансфери не се земени во пресметка затоа што се претпоставки како и твоите милиони грла стока. УК+Гер своевремено на Индијанците НАМЕРНО им дели како помош ќебиња кои се заразени со морбили (мали сипаници) иако со сигурност знаеле дека, тие, Индијанците немаат имунитет за истото и е смртоносно за нив. Што мислиш зошто го направиле тој чин, од милост за да ги ослободат од овоземните маки или....??? И денес, тие, тој твој запад истото го прави само во многу пософистицирана форма (дели мелко во праф произведено во Украина а е од времето на Чернобил) - сосема во склад со високите цивилизациски достигнувања. За младите кои со диплома во рака заминуваат таму нема да збориме, затоа што ти мислиш дека тоа го прават од алтруизам и ..., а јас знам дека тоа го прават заради понатамошно држење на колониите во подчинета состојба и резервоар за робови и сировини!
Тоа што денес нема бесплатно образование и здравство се гледа на секој чекор, секоја генерација е се поздрава и високо образована, по што гледаме следува висок економски раст и 500 евра плата. Што мислиш ако имаше барем еден значаен процент на образовани дали ЗЗ ќе успееше да ги превесла со 500евра плата и живот за сите?
Политички репресалии имало, но тоа го има во секој систем, и се додека има две групации кои се борат за власт ќе се требат меѓу себе. Денес гледам нема политички репресирања, ама затоа има ТЕРОРИСТИ кои се осудени со ДВА ВЕКА ЗАТВОР, такво нешто немало ниту во најцрниот комунизам како што милуваш да речеш, иако секој полу-писмен знае дека никаде никогаш немало комунизам туку нешто друго, ама кој да внимава на такви ситници кога се работи за перење на мозоци.
Секој оној кој денес ги поистоветува комунизмот и фашизмот, е или неписмен или фашист, (на кого му е потребно да се слави денот на Европа а не денот на победата над фашизмот? или ај ...) За потсетување тој комунизам го победи наци-фашизмот тогаш ако треба повторно ќе го направи, затоа што наци-фашизмот е декадентен и зло само по себе
И после луѓе ќе се опираат на абортусот
.. ии така Нашатаземја стана само Земјата![]()
Монти Пајтон гомна да јадат