Упорен си, инсистираш ова да биде на лично. (не сум јас тема)
Што тоа релативизирам?
Реков, промените во политичкиот систем донеле и некое добро за македонскиот народ, едно од поголемите е што по долго време се успеа да се создаде држава Македонија, матична држава на македонскиот народ. Кој сегмент од оваа го негира или релативизира нечие злосторство направено во име на идеолошка определба (иако да не се лажеме секое злосторство е побудено од ниски страсти и завист и е најобичен криминал, а само се покрива со “глазура“).
Инсинуираш, прашањето беше дали ти смета грабежот извршен во '90-тите, на што ти залепи етикета, па јас морав да реплицирам како што е редот и поредокот.
Инаку сите мои мислења се само сомневања особено за пропагандните кои се пласираат беобразно. Сум бил сведок на настани кои потоа имале рефлексија на понатамошните настани (еден пример: во 2001 единица на АРМ спука каубои-САД, во медиумите беше сосема поинаку презентирано, па дури и Боро-мрвката се расправаше со нивниот амбасадор, тогаш инсистирав да следува извинување и да се затвори тоа прашање, ама не приучените-недоучени патриоти инсистираа дека нападот бил од страна на УЧК-бандите... по што следуваше целосно и отворено ставање на ОТАН на страна на терористичките УЧК групации...) кога еден ваков настан со низок конфликтен интензитет има такво влијание на политиката и креирање на јавното мислење, замисли како е кога некои настани кои се случиле пред повеќе од 70 години се фалсификуваат и се злоупотребуваат.
Само искажувам резерви за вистинитоста на интерпретациите!
-болд, да не се навредуваме не ме споредувај со Савевски, Апасиев, ЗЗ и другите кои за себе говорат дека биле левица, повеќе сакам да мислам дека сум

комунист


, со каква гимнастика и како дојде до заклучок дека сум демагог?[DOUBLEPOST=1559549657][/DOUBLEPOST]
Кутлеш, или се придржуваш кон договорот од Преспа!