Тоа дека еднаш засекогаш ќе исчезне кошмарот со името не сум баш сигурен. А тоа за алибито, ако навистина еднаш засекогаш се реши ова прашање, би рекол дека ќе имаме едно алиби помалку за оправдување за нашата неспособност како држава. По што на лагер имаме уште еден куп. Албанци, мала држава сме, Бранко, Грујо, Бугарите, Западот, Америка, социјализмот, комунизмот, Југославија...
Јас да ти кажам дури не видам не верувам. Овие многу сигурни ми стојат, некако многу самоуверено ми настапуваат во јавност. Плус имаат ветер во грб од цела меѓународна заедница. Ќе биде интересно да се види идниот развој на настаните. Договорот можеби ќе се пролонгира за одредено време ако опозицијата го опструира, сепак порано или подоцна овие ќе најдат механизми, веројатно против уставни, за договорот да стапи на сила. И онака уставот кај нас е претворен во тоалетна хартија.