Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Што е добро во договорот?? Стрикно за договорот ме интересира, а не патот до ЕУ и НАТО.

И промена наа власта во Грција може да значи и потенцијално раскинување на договорот, а ние веќе сме менале Устав...

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
Нема ништо добро во овие преговори, нема ни во решението, ниту пак во било какво друго решение кое ќе се коси со внатрешното уставно.

И сеа, зошто сеуште преговара земјата, имаш подразмислено?

Грците се нафатија да преговараат а и да потпишат вака брзо ради тоа што пред некој ден им истоварија нов заем од нешто над 1 милјарда евра, тоа е единствената причина. Нив највеќе им одговара да нема преговори, и ние да си бидеме изолирана зона која ќе има вечно внатрешни конфликти и нерешени прашања.

Овие позиции и "отстапувања" им се најмеки од кога се создаде спорот, ако ова пропадне не верувам дека одново на маса низ преговори ќе има согласност по националност - македонска, и јазик - македонски.
 
Договорот Заев-Ципрас е тотална капитулација на Македонија.

1). "Република Северна Македонија" е нова хибридна нација, со исто таков народ чија што историја започнува кога грчкиот парламент ќе го ратификува договорот. Се' македонско се брише.

2). Договорот е потпишан од две страни: Хеленската Република и неименуван ентитет кој е примен во Обединетите Нации со резолуција 425.

3). Според договорот, Македонците се Грци од антиката до денес.

4). Договорот ни забранува да го употребуваме термините "Република Македонија", "ПЈР Македонија", "Поранешна Југословенска Република Македонија", дури ја забранува кратенката "ПЈРМ"/"ФИРОМ".

5). Според договорот, сите државни и јавни институции нема да смеат да ја користат придавката "македонски" или само терминот "Македонија". Ќе бидат обврзани описно да се изразат. На пример: Академија на Науки на Северна Македонија, Филхармонија на Северна Македонија, итн. -- само и само тие да не бидат македонски.

За Грција нема такво ограничување, па и понатаму во Грција ќе има University of Macedonia или LGTS Makedonia.

6). Ќе бидеме потчинети спрема Грција која ќе може во секое време да ги употреби меѓународните инстанци (судови, санкции, ООН итн.) да не држи во шах.

7). Има посебни клаузули да не можеме да се побуниме и излеземе од грчкиот јарем.

И многу друго, да не ја ширам дискусијата, но во секој случај се работи за целосно ништење на македонската нација, и тоа ништење од корен, нешто што се случува само преку војна.

https://poligrozd.org/2018/06/15/opshirno-analiziranje-na-spogodbata-za-imeto/.

.
 
Последно уредено:
Договорот Заев-Ципрас е тотална капитулација на Македонија.

1). "Република Северна Македонија" е нова хибридна нација, со исто таков народ чија што историја започнува кога грчкиот парламент ќе го ратификува договорот. Се' македонско се брише.

2). Договорот е потпишан од две страни: Хеленската Република и неименуван ентитет кој е примен во Обединетите Нации со резолуција 425.

3). Според договорот, Македонците се Грци од антиката до денес.

4). Договорот ни забранува да го употребуваме термините "Република Македонија", "ПЈР Македонија", "Поранешна Југословенска Република Македонија", дури ја забранува кратенката "ПЈРМ"/"ФИРОМ".

5). Според договорот, сите државни и јавни институции нема да смеат да ја користат придавката "македонски" или само терминот "Македонија". Ќе бидат обврзани описно да се изразат. На пример: Академија на Науки на Северна Македонија, Филхармонија на Северна Македонија, итн. -- само и само тие да не бидат македонски.

За Грција нема такво ограничување, па и понатаму во Грција ќе има University of Macedonia или LGTS Makedonia.

6). Ќе бидеме потчинети спрема Грција која ќе може во секое време да ги употреби мешународните инстанци (судови, санкции, ООН итн.) да не држи во шах.

7). Има посебни клаузули да не можеме да се побуниме и излеземе од грчкиот јарем.

И многу друго, да не ја ширам дискусијата, но во секој случај се работи за целосно ништење на македонската нација, и тоа ништење од корен, нешто што се случува само преку војна.

https://poligrozd.org/2018/06/15/opshirno-analiziranje-na-spogodbata-za-imeto/.

.
Ако сакаш ја имаш Неа Демократиа и Златна Зора...го добиваш истово само со замена на Република Северна Македонија со Република Скопска Бановина.
 
Другар значи не цитирајте рандом татари регистрирани денес/вчера, платени пропагандисти се, само гужва се прави, ниту ти ќе му смениш мислење ниту тој ќе постигне некаков ефект. Секој ден го напоменувам ова :)

Затоа наредниот кој ќе цитира спамер ќе лапа недела бан од темата.
 
Нема ништо добро во овие преговори, нема ни во решението, ниту пак во било какво друго решение кое ќе се коси со внатрешното уставно.

И сеа, зошто сеуште преговара земјата, имаш подразмислено?

Грците се нафатија да преговараат а и да потпишат вака брзо ради тоа што пред некој ден им истоварија нов заем од нешто над 1 милјарда евра, тоа е единствената причина. Нив највеќе им одговара да нема преговори, и ние да си бидеме изолирана зона која ќе има вечно внатрешни конфликти и нерешени прашања.

Овие позиции и "отстапувања" им се најмеки од кога се создаде спорот, ако ова пропадне не верувам дека одново на маса низ преговори ќе има согласност по националност - македонска, и јазик - македонски.

Јас па се загрижив што те нема на форумов (y)

Јас сум да влеземе во НАТО од чисто економски причини ( во еу како што знаеш сум против) , што правиме доколку после смена на името, не влеземе во НАТО поради некоја Х причина... Нели никој не гарантира дека автоматски влегуваме, истиот момент...
Да не сакале, Грција немаше да ја користат како изговор, зашто си имаат со Албанија и Турција нерасчистени сметки па никому ништо.
 
Нема ништо добро во овие преговори, нема ни во решението, ниту пак во било какво друго решение кое ќе се коси со внатрешното уставно.

И сеа, зошто сеуште преговара земјата, имаш подразмислено?

Грците се нафатија да преговараат а и да потпишат вака брзо ради тоа што пред некој ден им истоварија нов заем од нешто над 1 милјарда евра, тоа е единствената причина. Нив највеќе им одговара да нема преговори, и ние да си бидеме изолирана зона која ќе има вечно внатрешни конфликти и нерешени прашања.

Овие позиции и "отстапувања" им се најмеки од кога се создаде спорот, ако ова пропадне не верувам дека одново на маса низ преговори ќе има согласност по националност - македонска, и јазик - македонски.

Преговараме од причина во која така сме согласиле во спогодбата при ОН која максимално ја почитуваме. Може да се случат тивко прекинување на преговорите како во периодот од после ветото до пред некоја година, што и беше логичен тек на настаните. А во спогодбата јасно стои дека предмет на преговори е проблемот кој го има Грција искучиво само со ИМЕТО и дека нема да застануваат на патот кон ЕУ и НАТО. Тие во првиот дел спорот го продолжија и врз база на идентитет, јазик, историја, култура...итн и пак не попречија од нашите интеграции во ЕУ и НАТО.

Од економкси, а и геополитички аспект нив многу им одговара да се реши спорот во поглед на тоа што транзитот ќе биде далеку полиберализиран и ќе имаат уште подобри економски резултати. Но, нивната ароганција во поглед на национализам, а и иредентизам е видлив и тоа не само кон нас, ете имаат и со Албанија спор, со Турција итн. Не можи во денешницата некој да се фали со чиста нација од 97% како што се фалат тие, а сите знаеме дека тоа е баш поради асимилација на малцинствата од нивна страна. Грција и низ минатото добивала серија на финансиска помош во уште повисок износи, па немала притисок да прифати решение со нас. Така да тоа паѓа во вода.

И Грција нема баш никакви отстапувања во овој договор. Многу вешто вршат манипулација во договорот со цел да помине кај масата кај нас кои нема да го прочитаат истиот и ќе бидат изманипулирани од приказните кои ќе ги продава Заев. Прочитај го добро договорот. Нема националност македонска. Ние користиме само термин македонци и Македонија кои немаат никаква историска и културна поврзаност со тоа што во суштина се македонци и Македонија. Јазикот исто така се признава како дел од групата словенски јазици кои егзистираат од поранешна СФРЈ. Нема никакво признание од нивна страна, туку формулација која се базира на користење термин без никаква тежина. Додека термините Македонија и македонци во суштина која ние се отсликуваме од историска и културна гледна точка си го присвојуваат тие за делот кој се однесува во северот од нивната држава т.е регионот кој се вика Македонија.
Така да Грција не прави никакви отстапки.

А веќе и претходниците на Заев директно или индиректно потврдуваат дека на маса одбивале и подобри договори од овој кои биле сепак со понижувачки однос кон нас.
 
Ајде издржете до утре, договорот ќе биде потпишан, па ќе добиеме датум за преговори со ЕУ и во блиска иднина влез во НАТО, и сето ова ќе биде заборавено како лош сон. За некоја година ќе заборавите и за што се буневте.
 
Ќе дојде рајот викаш...
 
Рајот нема да дојде, но подобро од сега ќе биде сигурно.
За обичниот народ сигурно не, пак си праат за политичарите и олигарсите.
Само што има друга работа, ние ни со договоров нема да влеземе... или можда ќе влеземе ама под Албанија или Бугарија. ;)
 
Наслов на плус инфо

Село Нивици ќе влезе во историјата: Таму ќе се потпише Договорот за името

После потпишувањето ќе морат да го напишат селото со грчкото име. Готово е со Нивици.
 
може уште е на сила Законот за забрана на зборување на македонски јазик, од ~1932 што го донесе генерал Метаксас

Нема да има потреба од никакви забрани, и официјално ќе останат само словенизирани хеленски македонци во Грција кои немаат апсолутно никаква врска со граѓаните на Северна Македонија, па ќе им дозволат да лафат на нивниот мајчин език, бугарскиот.

Имаше изјава од бугарски дипломат и тоа дадена во Грција според која имало преку 200к бугари во округот на бугарскиот конзулат во Солун. Македонски бугари во Бугарија, Грција и ние тука шо сме не знам сеа најново, ште видиме какво казват gragxanite heroi.
 
Генералниот впечаток е дека народот е контра договорот, меѓутоа колку што можам да приметам тоа се меки ставови, некако несигурно делува, ретко кој отворено го критикува договоренто, затоа што во глобала голем дел од мнозинството и не го ни разбира.

Како што реков претходно, во некои мои други постови, ќе се оди на еден нашминкан, на прв поглед јасен договор, но како што гледаме тоа ни оддалеку не е така. Потпишувачите се погрижиле да си остават алиби и простор да го бранат договорот, т.е површински гледано се изгледа регуларно. Ретко кој од обичните граѓани ќе седне длабински да ги анализира сите точки одделно. Создавачите на договорот го зеле ова во предвид, главната цел е да се создаде една конфузија и простор за манипулации и колку што гледам по реакцииве од општеството тоа и му успева.

Опозицијата е слаба карика, не аргументирано го напаѓа договорот, тврдејќи дека е капитулација без суштински да навлезе во содржината и јавно да каже што е она што нечини. Претпоставувам дека не се ни заинтересирани за такво нешто, туку на ваков начин од сенка, преку нивната пасивност ќе бидат индиректни соучесници во целата оваа работа, даваат преќутно аминување на ваков еден штетен договор.
 
Плус инфо се корегираше

Официјално: Договорот за името ќе се потпише во Псаридис
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom