Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Цуцуловски: Договорот се потпишува во Нивици, симбол на македонскиот ДАГ
16 јуни 2018 - 15:46
595731-cuculovski-dogovorot-se-potpushuva-vo-nivici-simbol-na-makedonskiot-dag.jpg

НИВИЦИ, ПРЕСПАНСКО. На 23.04.1945 год., во северниот дел од Грција, формиран е Народноослободителниот фронт (НОФ). Формиран е од Македонци, кои живееле во Костурско, Воденско, Леринско...

Помеѓу другото, според првиот Устав на НОФ, негови цели биле борба против грчките монархофашистички сили, демократија, создавање на слободна грчка република, како и борба за опстанок на Македонците во Грција. Набргу, покрај Македонците, кон НОФ се приклучуваат и Власите од тој дел на Грција.

На почетокот, Комунистичката партија на Грција (КПГ) манифестира отпор кон НОФ. И покрај почетните несогласувања, покасно (1946 год.) доаѓа до обединување на НОФ и Демократската армија на Грција (ДАГ), предводена од генерал Маркос Вафијадис.

595732-cuculovski-dogovorot-se-potpushuva-vo-nivici-simbol-na-makedonskiot-dag.jpg


Од своја страна, ДАГ е формирана и предводена од КПГ. Значи, доаѓа до заедничка борба на НОФ, ДАГ и КПГ, од една страна, против владините сили (познати како монархо-фашисти), од друга страна. Во борбите, владините сили претрпуваат сериозни загуби. По извесно време, воено се подржани (вклучувајќи авијација и напалм бомби) од САД и Обединетото Кралство. Во таква ситуација, ДАГ и НОФ ја губат воената и политичката иницијатива.

Тоа го предизвикува егзодусот на населението од северниот дел на Грција и до конечен пораз на ДАГ (1949 год.). Вториот и, наедно, последниот Конгрес НОФ го одржува во селото Нивици, Преспанско. На 17 јуни оваа година, во истото село Нивици (грчиот дел од Преспа) треба да се потпише договорот помеѓу премиерот на Грција Алексис Ципрас и Зоран Заев, во име на... Прославувањето, како што се најавува, ќе се одржело во преспанскиот дел од Република Македонија.

595733-cuculovski-dogovorot-se-potpushuva-vo-nivici-simbol-na-makedonskiot-dag.jpg


Дали, се прашувам, совпаѓањето е случајно? Или, некои случајности, колку и да се чинат случајни, не се случајни?
Симболика на она што би требало да се потпише во Нивици (на 17.06. оваа година) е јасна: „Во 1949 година формално не капитулиравте. Меѓутоа, она што тогаш не го направивте, сега и формално ќе го сторите!"
Меѓутоа, суратите една работа не разбираат: едно е капитулацијата на една самовообразена власт, заедно со сета „интелектуална" камарила околу неа, но дека сосема друго е капитулацијата на еден народ. Срамот и понижувањето на некои сурати, не значи срам и понижување на еден народ, сеедно дали тоа некому се допаѓало или не.

Проф. Љубимир Цуцуловски
https://vecer.mk/makedonija/cuculovski-dogovorot-se-potpushuva-vo-nivici-simbol-na-makedonskiot-dag
 
Моментално се случува најсрамниот момент во македонската историја. Со оглед дека за тоа да се достигне треба ептен ниско да паднеш јасно е колку низок и срамен потег е ова.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Што не ја банирате свињава?
Ќе ја банираме и свињата перманентно ама и тебе од тема недела дена. Пет дена по ред ви се напоменува да не цитирате бугарски спамери затоа што гужва ни правите и мора да бришеме со саати после.

Она на Канал 5 што иде во моментов се такви cringeworthy срања што ако има некој што верува во она треба да му се извади и таа половина мозок што ја има.
 
Нимиц на 79 години остана без работа...ќе бара ли апанажа сега од двете Влади? :D
 
Во 9:30 потпишување, а во 13:30 протест.

Додека се таму нека протестираат и Гоце што го предадоа. [emoji2]

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Во 9:30 потпишување, а во 13:30 протест.

Додека се таму нека протестираат и Гоце што го предадоа. [emoji2]

Sent from my Mi A1 using Tapatalk

А да беше во 8 и 30 протестот ќе спречеше нешто сега? Или вчера и завчера и кога и да е претходно? Не, затоа што се решени да го протуркаат ова и имаат голем ветар во грбот во ликовите на Хан и Могерини...
Потписот нема да значи ништо, доколку сме ние единствени во пресрет на референдумот. Во зависност од формата како ќе го организираат, не треба да се гледа партија, туку Македонија.
 
Штотуку имавме можност да посведочиме еден момент од нашата историја кој што ќе биде своевиден Букурешки договор на 21 век. Разликата е во тоа што тогаш ние не бевме присутни и никој не не праша, сега, повеќе од сто години подоцна, во време кога наводно имаме самостојна и независна држава, политичките репрезенти во име на народот се присутни на еден таков чин. Разликата е што на договорот за капитулација сега имаме и наш потпис, наша согласност проследена со широки насмевки на нашите политики избраници, која што е своевиден одраз на целиот наш губитнички и недржавнички менталитет.

И после сите се чудиме оти од нас не бивало народ и држава. Ако на некој сеуште не му е јасно, нека му текне во иднина на овој ден, нека ги прегледа снимките и ќе види како изгледа еден народ и една држава со изгубена чест и достоинство, па белким тогаш ќе сфати зошто сме таму каде што сме сите овие години.
 
И после сите се чудиме оти од нас не бивало народ и држава. Ако на некој сеуште не му е јасно, нека му текне во иднина на овој ден, нека ги прегледа снимките и ќе види како изгледа еден народ и една држава со изгубена чест и достоинство, па белким тогаш ќе сфати зошто сме таму каде што сме сите овие години.

Кое достоинство бе човек ? 26 години народот го стрижат разни олигарси и политичари од типот на Бранко, Грујо и сл кои се богатат на сметка на народот. Огромен дел од народот живее во сиромаштија со минимална плата недоволна за достоинствен живот, еден куп наши земаа бугарски пасоши за да најдат достоинствена платена работа

Решението е далеку од идеално ама поарно сега отколку по 10-15 години, нема бегање од остапки поготово кога си во подредена ситуација тоа е реалноста
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom