Ти си слабо поткован. Ајде, ќе ти цртам. Во законот за референдум стои:
Член 8
(1) Референдумот се распишува заради одлучување на граѓаните или за консултирање на граѓаните.
(2) Одлуката донесена на референдумот за одлучување е задолжителна.
(3) Одлуката донесена на референдум за консултирање не е задолжителна.
Во (3) пишува дека на консултативен референдум одлуката не е задолжителна, т.е. и сите да излегле и да гласале ПРОТИВ, Заев можеше да си тера по свое. Каков и да бил резултатот, дали имало или немало цензус, предлагачот нема обврска да го спроведе изгласаното. (Според мене, ова се коси со уставот, каде што пишува дека одлуките на референдум се задолжителни. Нејсе)
Затоа, не скокај како прле пред магаре, прво прочитај што пишува во законите и она што јас сум го напишал. Имање на цензус на консултативен (и на задолжителен) референдум значи дека може да се констатира одлука на референдум, ама ништо не е задолжително, па џабе се коментира, сем морално.
Кај задолжителен референдум, ако има цензус, мора да се постапи според мнозинството гласови, ако нема цензус, се останува на постоечката ситуација (закони).
Ти се разјасни ли?
(Е сега, веќе пишував зошто не е законски овој референдум да е консултативен, дека има дебилно прашање кое не е еднозначно, ама Уставниот суд си ја заврши задачата и се аминуваше. Така, сега се е „кристално чисто“, што би рекол узурпаторот на власта во Севернава држава)