Ние, Северномакедонците, пократко кажано.[DOUBLEPOST=1553167565][/DOUBLEPOST]ние, граѓаните на Република Северна Македонија
а вие, членовите на дрпне, плачете по вашите идоли, паднати херои![]()
А зашто пратениците да мора да гласаат ако не успеал референдумот? По кое законско правило? Нема такво нешто.На народот најлесно му е да обвини некој, а тој самиот да не е крив. Еве сега прстот го вперувате кон Заев, демек еве тој ни го смени името, предавникот, а ние не сакавме. Дел од народот се залажува дека кога ќе дошле ДПМНЕ на власт ќе го врателе името. Кои приказни се овие. Промената е засекогаш, не се залажувајте.
Народот потфрли. Народот дозволи да се смени името. Народот беше прашан, тој дигна рамиња - ние не знаеме. Епа кога народот не знае, тогаш пратениците знаат, патем затоа и се избрани за да носат одлуки. Народот покажа дека не му е битно името, колку и да зборуваат сега - тоа е. Им се даде шанса да си кажат што сакат, ја пропуштија. Одлука не беше донесена на референдумот, затоа одлуката ја донесоа пратениците за нас. Знаеме што се случи кога се предаваше власта и кога се назначи Џафери за претседател на собрание, влезе народот во собрание да се тепа. А за името ништо. Ама тогаш ДПМНЕ го организираше народот да се дигне, а сега - не. На нашиот народ му треба некој лидер на партија да му каже што да прави, тој самиот не знае. Не сме ние французи (жолтите елеци) да се дигнеме самите на протести кога власта ќе донесе недобро решение и така да издејствуваме да го укинат тоа.
Кои се мотивите на ДПМНЕ? Јас гледам 2:
- Или знаеја дека нема шанса да извадат повеќе гласови против отколку за, па да не го гледаат тоа како личен пораз, одлучија да не учествуваат
- Или сакаа да се смени името, ама тоа да не изгледа така, па се тргнаа настрана и оставија СДСМ да го помине процесот, па така патем и да соберат политички поени, демек ете тие го сменија името, не ние.
Третиот мотив кој се споменува од бојкотирачите е дека власта ќе правела фалсификат, затоа не излегле. Па нека го докажат тоа. Едно, а друго, зошто пак сега не бојкотираат за претседателските избори, зарем ако се сомневаа во фалсификат на референдумот, не се сомневаат сега за овие избори?! Некој ќе каже ама ако сега се бојкотира тогаш Талат Џафери ќе биде претседател. Ама тоа што бојкотиравте референдум пак донесе да се смени името. Демек да имаме Албанец претседател е полошо од промената на името?!
Меѓутоа, како и да е, сепак сметам дека народот македонски нема државотворна сила, не знае да си го брани своето. Сметам дека и да излегоа сите што беа против процесот, пак немаше да бидат повеќе од 600000. Патем сигрно и дел од оние кои не излегоа на референдумот би гласале ЗА кога би излегле, не сите што бојкотираа беа против. Така што оние што се против би требало да бидат и многу повеќе од 600000. На првиот референдум за независност излегоа 1000000 луѓе. За ова да поминеше требаше да има минимум 1200000. Нема шанси, толку народ никогаш не излегол, нема ни да излезе. Еве сега на претседателските избори ќе видиме дали ќе победи Силјановска, односно опцијата која беше "против промената на името". Така главната кривица, ако воопшто има кривица и треба да се бара, е кај народот. Доколку мнозинството народ е против овој процес, тогаш народот има сила тоа да го попречи. Зарем доколку во иднина некој премиер рече отсега натаму само албанскиот јазик е официјален во државата, или ја намали минималната плата на само 1000 денари, два хипотетички примери кои се решенија што народот не ги сака, дали и тогаш народот ќе си биде рамнодушен и само ќе вели еве власта е крива еве што ни направија.
Од ова само може да се заклучи дека мнозинството народ не е нешто особено против промената на името, дека донекаде е согласен со ова, или рамнодушен, но во никој случај овој народ сега и овде не е против, инаку ќе направеше нешто за да го покаже тоа.
За референдумот се изврши општо насилие. Уставниот суд се покака, судиите испаднаа мивки. Прогласија за уставни работи што и лаик знае дека не се. Консултативен референдум не се прави на изгласана работа. Преспанскиот беше изгласан, референдумот мораше да е задолжителен.
Прашањето поставено на истиот.. дебилно.
За уставните промени се „рекетираа“ пратеници, под закана на затворски казни. И полујавно сам Заев го кажува... и нема органи за прогон!!
Пресијата врз старата власт е страшна, Грујо го осудија за набавка на Мерцедес каде нема криминал... измислија дебилно обинение.
Страшна е пресијата врз народот, секој се плаши да не заврши в затвор. За коментари на ФБ (кои лично не ги одобрувам, ако се насилни, вулгарни) луѓето се гонат, Тричковски како бела арктичка мечка е заштитен и си пишува што сака.. никој не го гони.
Не барај „револуција“ од вака притегнета нација.
Кај Мицкоски гледам вина, пасивност, која не смееше да ја има.[DOUBLEPOST=1553167700][/DOUBLEPOST]
Ако се затворат фабриките кои Грујо ги донесе, Заев ќе нема (значајни) „странски инвестиции“.Сеа се плашат да не се затвори некојс фабрика, а порано коа се отвараа сите јадеа бурек...
Последно уредено: