Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
ние, граѓаните на Република Северна Македонија
а вие, членовите на дрпне, плачете по вашите идоли, паднати херои :tapp:
Ние, Северномакедонците, пократко кажано.[DOUBLEPOST=1553167565][/DOUBLEPOST]
На народот најлесно му е да обвини некој, а тој самиот да не е крив. Еве сега прстот го вперувате кон Заев, демек еве тој ни го смени името, предавникот, а ние не сакавме. Дел од народот се залажува дека кога ќе дошле ДПМНЕ на власт ќе го врателе името. Кои приказни се овие. Промената е засекогаш, не се залажувајте.

Народот потфрли. Народот дозволи да се смени името. Народот беше прашан, тој дигна рамиња - ние не знаеме. Епа кога народот не знае, тогаш пратениците знаат, патем затоа и се избрани за да носат одлуки. Народот покажа дека не му е битно името, колку и да зборуваат сега - тоа е. Им се даде шанса да си кажат што сакат, ја пропуштија. Одлука не беше донесена на референдумот, затоа одлуката ја донесоа пратениците за нас. Знаеме што се случи кога се предаваше власта и кога се назначи Џафери за претседател на собрание, влезе народот во собрание да се тепа. А за името ништо. Ама тогаш ДПМНЕ го организираше народот да се дигне, а сега - не. На нашиот народ му треба некој лидер на партија да му каже што да прави, тој самиот не знае. Не сме ние французи (жолтите елеци) да се дигнеме самите на протести кога власта ќе донесе недобро решение и така да издејствуваме да го укинат тоа.

Кои се мотивите на ДПМНЕ? Јас гледам 2:

- Или знаеја дека нема шанса да извадат повеќе гласови против отколку за, па да не го гледаат тоа како личен пораз, одлучија да не учествуваат
- Или сакаа да се смени името, ама тоа да не изгледа така, па се тргнаа настрана и оставија СДСМ да го помине процесот, па така патем и да соберат политички поени, демек ете тие го сменија името, не ние.

Третиот мотив кој се споменува од бојкотирачите е дека власта ќе правела фалсификат, затоа не излегле. Па нека го докажат тоа. Едно, а друго, зошто пак сега не бојкотираат за претседателските избори, зарем ако се сомневаа во фалсификат на референдумот, не се сомневаат сега за овие избори?! Некој ќе каже ама ако сега се бојкотира тогаш Талат Џафери ќе биде претседател. Ама тоа што бојкотиравте референдум пак донесе да се смени името. Демек да имаме Албанец претседател е полошо од промената на името?!

Меѓутоа, како и да е, сепак сметам дека народот македонски нема државотворна сила, не знае да си го брани своето. Сметам дека и да излегоа сите што беа против процесот, пак немаше да бидат повеќе од 600000. Патем сигрно и дел од оние кои не излегоа на референдумот би гласале ЗА кога би излегле, не сите што бојкотираа беа против. Така што оние што се против би требало да бидат и многу повеќе од 600000. На првиот референдум за независност излегоа 1000000 луѓе. За ова да поминеше требаше да има минимум 1200000. Нема шанси, толку народ никогаш не излегол, нема ни да излезе. Еве сега на претседателските избори ќе видиме дали ќе победи Силјановска, односно опцијата која беше "против промената на името". Така главната кривица, ако воопшто има кривица и треба да се бара, е кај народот. Доколку мнозинството народ е против овој процес, тогаш народот има сила тоа да го попречи. Зарем доколку во иднина некој премиер рече отсега натаму само албанскиот јазик е официјален во државата, или ја намали минималната плата на само 1000 денари, два хипотетички примери кои се решенија што народот не ги сака, дали и тогаш народот ќе си биде рамнодушен и само ќе вели еве власта е крива еве што ни направија.

Од ова само може да се заклучи дека мнозинството народ не е нешто особено против промената на името, дека донекаде е согласен со ова, или рамнодушен, но во никој случај овој народ сега и овде не е против, инаку ќе направеше нешто за да го покаже тоа.
А зашто пратениците да мора да гласаат ако не успеал референдумот? По кое законско правило? Нема такво нешто.
За референдумот се изврши општо насилие. Уставниот суд се покака, судиите испаднаа мивки. Прогласија за уставни работи што и лаик знае дека не се. Консултативен референдум не се прави на изгласана работа. Преспанскиот беше изгласан, референдумот мораше да е задолжителен.
Прашањето поставено на истиот.. дебилно.
За уставните промени се „рекетираа“ пратеници, под закана на затворски казни. И полујавно сам Заев го кажува... и нема органи за прогон!!
Пресијата врз старата власт е страшна, Грујо го осудија за набавка на Мерцедес каде нема криминал... измислија дебилно обинение.
Страшна е пресијата врз народот, секој се плаши да не заврши в затвор. За коментари на ФБ (кои лично не ги одобрувам, ако се насилни, вулгарни) луѓето се гонат, Тричковски како бела арктичка мечка е заштитен и си пишува што сака.. никој не го гони.
Не барај „револуција“ од вака притегнета нација.
Кај Мицкоски гледам вина, пасивност, која не смееше да ја има.[DOUBLEPOST=1553167700][/DOUBLEPOST]
Сеа се плашат да не се затвори некојс фабрика, а порано коа се отвараа сите јадеа бурек...
Ако се затворат фабриките кои Грујо ги донесе, Заев ќе нема (значајни) „странски инвестиции“.
 
Последно уредено:
lazar31,

веќе неколку пати ти одговарам...доволно! Некои разбираат „од прва„, некои „од трета„ а некои не разбираат уопште!
Да, изгледа некои не разбираат уопште. А и што има да се разбира и да се мисли кога св.Мицко во посланието до сендвичите јасно кажал како е. Амин.
 
На народот најлесно му е да обвини некој, а тој самиот да не е крив. Еве сега прстот го вперувате кон Заев, демек еве тој ни го смени името, предавникот, а ние не сакавме. Дел од народот се залажува дека кога ќе дошле ДПМНЕ на власт ќе го врателе името. Кои приказни се овие. Промената е засекогаш, не се залажувајте.

Народот потфрли. Народот дозволи да се смени името. Народот беше прашан, тој дигна рамиња - ние не знаеме. Епа кога народот не знае, тогаш пратениците знаат, патем затоа и се избрани за да носат одлуки. Народот покажа дека не му е битно името, колку и да зборуваат сега - тоа е. Им се даде шанса да си кажат што сакат, ја пропуштија. Одлука не беше донесена на референдумот, затоа одлуката ја донесоа пратениците за нас. Знаеме што се случи кога се предаваше власта и кога се назначи Џафери за претседател на собрание, влезе народот во собрание да се тепа. А за името ништо. Ама тогаш ДПМНЕ го организираше народот да се дигне, а сега - не. На нашиот народ му треба некој лидер на партија да му каже што да прави, тој самиот не знае. Не сме ние французи (жолтите елеци) да се дигнеме самите на протести кога власта ќе донесе недобро решение и така да издејствуваме да го укинат тоа.

Кои се мотивите на ДПМНЕ? Јас гледам 2:

- Или знаеја дека нема шанса да извадат повеќе гласови против отколку за, па да не го гледаат тоа како личен пораз, одлучија да не учествуваат
- Или сакаа да се смени името, ама тоа да не изгледа така, па се тргнаа настрана и оставија СДСМ да го помине процесот, па така патем и да соберат политички поени, демек ете тие го сменија името, не ние.

Третиот мотив кој се споменува од бојкотирачите е дека власта ќе правела фалсификат, затоа не излегле. Па нека го докажат тоа. Едно, а друго, зошто пак сега не бојкотираат за претседателските избори, зарем ако се сомневаа во фалсификат на референдумот, не се сомневаат сега за овие избори?! Некој ќе каже ама ако сега се бојкотира тогаш Талат Џафери ќе биде претседател. Ама тоа што бојкотиравте референдум пак донесе да се смени името. Демек да имаме Албанец претседател е полошо од промената на името?!

Меѓутоа, како и да е, сепак сметам дека народот македонски нема државотворна сила, не знае да си го брани своето. Сметам дека и да излегоа сите што беа против процесот, пак немаше да бидат повеќе од 600000. Патем сигрно и дел од оние кои не излегоа на референдумот би гласале ЗА кога би излегле, не сите што бојкотираа беа против. Така што оние што се против би требало да бидат и многу повеќе од 600000. На првиот референдум за независност излегоа 1000000 луѓе. За ова да поминеше требаше да има минимум 1200000. Нема шанси, толку народ никогаш не излегол, нема ни да излезе. Еве сега на претседателските избори ќе видиме дали ќе победи Силјановска, односно опцијата која беше "против промената на името". Така главната кривица, ако воопшто има кривица и треба да се бара, е кај народот. Доколку мнозинството народ е против овој процес, тогаш народот има сила тоа да го попречи. Зарем доколку во иднина некој премиер рече отсега натаму само албанскиот јазик е официјален во државата, или ја намали минималната плата на само 1000 денари, два хипотетички примери кои се решенија што народот не ги сака, дали и тогаш народот ќе си биде рамнодушен и само ќе вели еве власта е крива еве што ни направија.

Од ова само може да се заклучи дека мнозинството народ не е нешто особено против промената на името, дека донекаде е согласен со ова, или рамнодушен, но во никој случај овој народ сега и овде не е против, инаку ќе направеше нешто за да го покаже тоа.
Само ти и Лазе вазелинско газе останавте да се ваљате во гомна и да спинувате за референдумот како народот не одлучил ништо.
 
Ајде објасни ми ја разликата побеѓу одлука ,,против,, и ,,неуспешен референдум,,. Или за тебе е тоа едно те исто?
 
Судот забрани продажба на книгата “До атентатот и по него” на Стојан Андов по желба на Фрчкоски[DOUBLEPOST=1553169550][/DOUBLEPOST]

Еве јас ќе се обидам, компаративно.
Ако е некој за бесење и од него се побара да си набави јаже, ако истото не го стори, тогаш органите на власта ќе му го обезбедат јажето.
 
Последно уредено:
Да, изгледа некои не разбираат уопште. А и што има да се разбира и да се мисли кога св.Мицко во посланието до сендвичите јасно кажал како е. Амин.

lazar31,

навистина, некои не разбираат уопште, а во случјаов, тоа си ти.

Јас ти посочив познати и проверливи разботи, ти се замараш со претпоставени состојби, а ми префрлуваш дека сум изнесувал лични ставови.

А бе ај...

Ова со „св. Мицко„ ти е капак во подметнувањето, небаре јас сум дел од неговата партија.

Се чини дека „подметачините„ се твојот врвен домет, во недостаток од поубедливи ставови.
 
СЈО ги има деталите за продажбата на „Македонски Телеком“, разузнавачот Богоески ќе сведочи на 27 март

е*ати работата и циркуси... Прво СУД го осуди Богоевски дека го клеветел АА, сега СЈО отвара работа за која самите пред 2 години рекао дека е застарена :confused:, а патем отворија предмет за Пелистерка што е од 2002, кога СДСМ беше на власт...

е сега ми текна што може да биде причината за ажурноста...., си отиде оној од брдото и нема каде аљи да се жали ??
По која основа СЈО го води овој предмет? Нели се надлежни за предмети произлезени од „бумбите“? Имам сомнеж дека со ова се сака да се држи ДУИ „в рака“ да не се „опуштат“ во подршката за Стево повторувачот за „прецедник државе“. Односно, во служба на СДСМ. Еднаш (пре)зеде предмет и се откажа од гонење на Заев по истиот предмет.
 
Судот забрани продажба на книгата “До атентатот и по него” на Стојан Андов по желба на Фрчкоски[DOUBLEPOST=1553169550][/DOUBLEPOST]
Еве јас ќе се обидам, компаративно.
Ако е некој за бесење и од него се побара да си набави јаже, ако истото не го стори, тогаш органите на власта ќе му го обезбедат јажето.
Остај јажето и бесењето и објасни ја разликата помеѓу ,,одлука против,, и ,,неуспешен референдум,,. Не компаративно со јажето, туку со правното значње на поимите. Што значи едното а што другото.[DOUBLEPOST=1553170860][/DOUBLEPOST]
lazar31,

навистина, некои не разбираат уопште, а во случјаов, тоа си ти.

Јас ти посочив познати и проверливи разботи, ти се замараш со претпоставени состојби, а ми префрлуваш дека сум изнесувал лични ставови.

А бе ај...

Ова со „св. Мицко„ ти е капак во подметнувањето, небаре јас сум дел од неговата партија.

Се чини дека „подметачините„ се твојот врвен домет, во недостаток од поубедливи ставови.
Ајде Миќо и ти објасни ја разликата помеѓу поимот ,,одлука против,, и поимот ,,неуспешен референдум. Дали тоа е едно те исто или е различна работа? А?
 
Бојкотирање на референдум е 10 пати посилно кажано НЕ отколку гласање против референдум.
 
Дали? Дали немаше да биде посилно ако на референдумот имаше 700-800 000 против наспроти 660 000 за? Бојкотот за последица има неуспешен референдум (исто како и да не се одржал) додека одлуката против е баш тоа- одлука. При гласање против имаш чиста бројка од 700 000 ко гласале против, додека при бојкот имаш цифра чии став неможеш да го претпоставуваш, имаш таму луѓе кои немаат став, луѓе кои се за ама од х причини не излегле на гласање, имаш иселени кои никогаш ги немаш на гласање, имаш луѓе кои починале по заклучување на избирачкиот список, имаш некој кој е за ама се запил во кафана и не стигнал до 19 часот...... никој неможе да ти прифати став на некој кој не излегол да го каже каков е....
 
Ајде објасни ми ја разликата побеѓу одлука ,,против,, и ,,неуспешен референдум,,. Или за тебе е тоа едно те исто?
За да се бројат гласовите за или против потребен е предуслов а тоа е да има цензус.[DOUBLEPOST=1553173521][/DOUBLEPOST]
Што одлучи народот?
Да го сруши референдумот.
 
За да се бројат гласовите за или против потребен е предуслов а тоа е да има цензус.
Точно. Значи, бидејќи референдумот е неуспешен не можеме да броиме гласови за и гласови против. Но некој се обидува бројката од 1.200 000 на оние кои не излегле да гласаат да ја претстави како бројка на гласачи кои се против па тврди дека народот бил против договорот.
 
Остај јажето и бесењето и објасни ја разликата помеѓу ,,одлука против,, и ,,неуспешен референдум,,. Не компаративно со јажето, туку со правното значње на поимите. Што значи едното а што другото.
Па не е еднозначно. Ако е консултативен референдум, одлуката нема правно значење. Можеш што сакаш да правиш со резултатот.
Ако е задолжителен, против и немање на цензус е исто. Односно, немањето цензус значи дека се останува на постоечката ситуација.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom