- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.579
- Поени од реакции
- 10.607
Мора да се почне од некаде.
Дека има пари во стопанството и во државата има, никој нека не лаже дека нема, по едноставно им е да кукаат како од крај со крај се врзува и е тешко отколку да дадат пристојни плати.
Ставовите ти се дефетистички, а дека ќе мора државата да се вклучи ќе мора па кој сака нека е на власт, во спротивно освен увозни фирми и угостителски фирми нема ништо друго да остане во државава, прашање на време е кога и тие ќе пропаднат.
За конолијали и ситни гранапчиња не сакам ни да разговарам, ако му се исплати нека работи ако не му се исплати нека затвори и нека бара подобро платена работа.
Не се живо се фрлило на купи продај, си прошетал низ чаршија ? Освен бутици и златари друго нема, а златари кој што изработуваат накит скори и да нема, од кројачите и терзиите само еден има горе спрема св.спас.
Поради килави политики воведени од сдсм а спроведувани и продолжувани од вмро во мк скоро и ништо не се произведува, и ако се произведува таа привилегија ја имаат една шака фирми, под производство не подразбирам пекари и преработувачки компании кој суровини увезуваат од странство. Кога во светски тренд е размислувај глобално купувај локално кај нас е увезуваат ефтини турски чоколатца и мастики, бугарски и српски пива, турски лук и грав, кинеска гардероба и обувки. Се со пусто штитење на контингенти на партиски војници роднини и пријатели, додека овде ако сакаш да произведуваш било што од горе наведеното се соочуваш со административен ѕид и се чудиш на каде да фатиш, се додека е полесно да увезеш наместо тука да се произведе нешто ние ќе тонеме.
Пари има, но тие моментално се во погрешни раце. Кај разни политичари и нивни роднини, олигарси и бизнисмени кои што се блиски со власта и лапаат државни тендери...
Пристапот до пари и капитал за обичниот граѓанин со амбиции да започне свој бизнис е крајно отежнат.
Јас сум реалист и моменталната економска реалност говори дека е невозможно минималецот да се качи од 200 на 500 евра преку ноќ.
Ако тоа се случи половина од економските субјекти ќе стават катанец на врата уште наредниот ден, другата половина ќе крати на трошоци, ќе го намалува бројот на вработени, ќе ги оддолжи капиталните инвестиции, дел од платата вработените ќе ја враќаат назад...
Такви мали ситни гранапчиња се половина од бизнисите во државава. Обично со еден или двајца вработени и приходи колку да се помине месецот. Тие едвај крај со крај врзуваат со давачки кон државата, замисли од утре минималецот законски се покачува на 500 евра. Па има такви микро бизниси каде газдата е сам вработен или пак тоа е некој член на неговото потесно семејство. Тие месечно не прават профит од 500 евра како прво. За да самите на себе си исплатат минималец ќе треба да се позајмуваат.
Се согласувам дека треба да се ослободат регулативите за водење на бизнис. По се изгледа дека на некој од горе му одговара ваквата ситуација.
Нели се стремиме кон потрошувачко општество?Мислам дека 200 евра плата повеќе личи како социјална помош,а не плата.А дека на газдите не им се исплаќа тоа малку потешко.Си имаат кутрите швалерки па некои од нов сакаат малце да се опуштат по касинава,а на робинките во конфекција 200евра многу им биле ?Додека оваа држава не ги цени,тоест ги потценува своите работници ќе биди тоа шо е, една обична феудална вукојебина.
200 евра плата и Е социјална помош во моменталниве услови на живеење кога ќе се земе во предвид висината на трошоците за живот. Има такви газди како што велиш. Таквите обично се во тесна корелација со власта, имуни се на секакви закони. Моменталнава економска ситуација му овозможува да исплаќаат толкава плата. Не знам уште колку долго, но се додека има луѓе чиј што опстанок зависи од тие 200 евра минималецот нема да се менува. Ова со минималната плата е вештачки креирана состојба, за таквите газди како што ги опиша на легален начин да можат да ги експлоатираат вработените. Власта во сето тоа е посредник, така речи трговец со робови.