Кој се тие механизми?
Еве по некоја моја логика, мое гледиште на работите, ова нека биде и како реплика и за
@Име И Презиме по што и он се вклучи во дискусијата.
Еве јас во една ваква ситуација би го одбрал потешкиот пат кон повисока плата, кој што на подолг рок би дал трајни резултати од (по мене) плукни залепи покачувањата на минималната плата од десетина евра на секои четири години, како до сега што е праксата.
Сериозна држава и економија не користи методи на директно мешање во есапот на компаниите. Проблемот од погоре би се решил на подруг пристап. Неопходни се реформи, создавање на услови за водење на бизнис. Државата тука е само медијатор помеѓу работникот и газдите.
Ако постои добра законска регулатива, функционирање на правната држава, неселективност во спроведувањето на законите, олеснети регулативи за отпочнување и водење на бизнис, инвестирање во инфраструктура преку капиталните инвестиции, добра даночна политика, реформи во образованието и создавање на кадри согласно потребите на стопанството, ефикасна јавна администрација...
Тогаш би се отвориле нови фирми во разни дејности, би се создала конкуренција и борба помеѓу бизнисите за најдобрите работници. Внатре, во организационата структура на копманиите би се вршеле обуки и надоградби на вработените, ниту една компанија не би се откажала од таков еден вработен во кој што вложила време и средства за да создаде готов производ.
Во вакви едни услови просечната плата природно ќе расте нагоре, без потреба од државен интервенционализам. Државата во случајов би служела единствено како коректив, индиректен учесник.
Се ова за нас звучи како научна фантастика меѓутоа патот кој што дава резултати е обично долг и макотрпен. Ниту една власт не тргнала по овој пат до сега, полесно им е да ја зголемат минималната плата еднаш на четири години за десетина евра, отколку сериозно да се зафатат за реформи. Се ова што ни се случува последниве неколку децении е во доменот на гол популизам и корупција која што зазема хронични размери.
А во едни такви услови нема раст ни на економијата ниту пак на платите.