Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Исмет Рамадани: Не гарантирам за однесувањето на Албанците доколку не влеземе во НАТО и ЕУ
https://fokus.mk/ismet-ramadani-ne-...a-albantsite-dokolku-ne-vlezeme-vo-nato-i-eu/
Јас баш би сакал да го видам спротивното. Какво ќе им биде однесувањето кога ќе влеземе во ЕУ?

Најверојатно ќе гледаат театарски претстави, ќе одат на опера, ќе почнат да се занимаваат со наука и ќе ги остават настрана застарените религиски вредности.

Веќе нема да бидат националисти, сфаќајќи дека светот оди кон глобализација и тој процес не смее да биде попречен од некакви апстрактни национални чувства. Исто така подем ќе доживее космополитизмот, карактерот на еден човек ќе биде одлучувачка особина а ќе се занемаруваат етничката и верската припадност.

Тетово и Гостивар ќе станат градови во кои имиграцијата ќе се зголеми десеткратно поради тоа што тие се лулката на соживотот и се одликуваат со најниските стапки на криминал во светот. Арачиново ќе се претвори во модерно село со изградбата на современи водоводни и канализациони системи. На сретсело (по ново - плоштад „Мајка Тереза“) ќе се изгради споменик кој го симболизира пријателството помеѓу двата народа - но и војната во 2001, за која сите се согласуваат дека не смее да се повтори.

По влезот на Македонија во ЕУ кај албанскиот етникум ќе се развие и нулта толеранција кон насилството, корупцијата и криминалот. За секоја грешка на правосудниот систем ќе се оддржуваат масовни протести во одбрана на жртвата.

Македонските Албанци ќе станат најпримерна заедница во Европа и другите држави просто ќе ни завидуваат како имаме толку мирно и толерантно малцинство.
 
Последно уредено од модератор:
Исмет Рамадани: Не гарантирам за однесувањето на Албанците доколку не влеземе во НАТО и ЕУ
https://fokus.mk/ismet-ramadani-ne-...a-albantsite-dokolku-ne-vlezeme-vo-nato-i-eu/

Сега шарениве ко ќе викнат аман луѓе гласајте на референдум, изѓинавне.:shok2:
јас па едвај чекам да се оделат и да се носат упм, доста е со нивните уцени, не сакам со нив повеќе ни млеко ни киселина.
 
СДСМ 2016

Прес конференција
Пеце Мирчевски, претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање член на ИО на СДСМ
Скопје, 19.07.2016

Почитувани граѓани,

Проектот Иловица има сериозни закани по здравјето на луѓето.

Според стручни анализи, очигледно е дека ќе предизвика загадување со опасни тешки метали и хемиски супстанции на воздухот, водата и земјиштето од коешто живеат граѓаните во струмичкиот регион. Ова на подолг рок ќе направи непоправливи промени на релјефните карактеристики што допрва ќе се види како ќе се одрази во следните две децении.
Јавноста со право отворено и гласно поставува прашања поврзани со отворањето на најавениот рудник Иловица.

Работата на рудникот “Иловица“ се заканува да предизвика загадување на водата и на почвата.

Како резултат на постоење на хидројаловиште постои опасност од загадување на подземните води. Промените во квалитетот на водата вклучуваат зголемување на киселоста на водата и зголемени концентрации на метали, како и цинк, алуминиум, арсен, бакар, железо...

Цијанидот, којшто е една од најотровните хемиски супстанци, а што ќе се употребува за чи
стење на златото, ќе се одложува во хидројаловиштето на рудникот, а инвеститорот не гарантира 100% заштита од одложеното отровно дејство.

Како што пишува во официјално објавените документи, проектот ќе предизвика неповратна загуба на пошумено земјиште во долината на река Штука и загуба на пошумено земјиште во зоната на површинскиот коп. Ќе бидат уништени повеќе од 330 хектари шумски насади и повеќе од 40 хектари пасишта, односно околу 400 хектари живеалишта, каде се евидентирани неколку заштитени видови флора и фауна од Европската директива за живеалишта и според листата на Европската унија за заштита на природата (IUCN). Дополнително, релјефот целосно ќе се промени, а половина од планината ќе ја снема.

Да повторам, сѐ ова се податоци извадени од официјални документи.

Оттука, во името на граѓаните од Струмичкиот регион, но и пошироко во државата инсистираме на одговори:

- Зошто е избрано решението со користење на цијанид во постапката за екстракција на златото? Дали се разгледани други алтернативи и, ако се, зошто не е избрана некоја што има помало влијание врз животната средина и здравјето на луѓето?
- Второ, дали жителите можат да бидат сигурни дека нема да им биде нарушено снабдувањето со вода за пиење и наводнување од акумулацијата и кој гарантира дека ќе се задржи квалитетот на водат?
- Дали предвидената невозможна операција за преселување на загрозените животни на нови живеалишта ќе гарантира нивна заштита од угинување?
- Дали на Струмичко Поле, еден од најплодните региони во Македонија му се заканува целосно уништување? Можно ли е да се случи за неколку години од сега земјиштето да не може повеќе да се употребува за одгледување на земјоделски култури?

Владата и надлежното министерство за животна средина мора да ги дадат на јавноста одговорите на сите отворени прашања.

Порачуваме, на сите поединци и институции вклучени во издавањето дозволи за реализација на проектот, дека за нарушување на здравјето на луѓето и неповратното влијание врз животната средина лично ќе одговараат.[DOUBLEPOST=1532689494][/DOUBLEPOST]lol, денес изјавата им е - рудникот ќе се отвори ама ќе користел помалку штетни хемикалии.

:lolzz:


Па ако сакавме уништување на Македонија за личен ќар, ќе го оставевме Груевски.
 
Фото вест: Храната на Хирургија до пациентите стигнува преку депонија

https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=241591
Вака е 20 години со храната, едноставно таква е инфраструктурата на Хирургија,на исто место се врши достава на храна и складирање и собирање на болнички отпад ( медицински и немедицински).
 
Вака е 20 години со храната, едноставно таква е инфраструктурата на Хирургија,на исто место се врши достава на храна и складирање и собирање на болнички отпад ( медицински и немедицински).
така е и така ќе остане? не може никој ништо да направи да се подобри тоа?
хмм, пред две години некој зборуваше за подобро здравство, не ми текнува само кој беше.
 
Кај нас кога збориме за големи компании обично тоа се однесува на компаниите кои што до вчера биле во државна сопственост а преку ноќ во 90тите паднаа во рацете на транзиционите гомна, т.н олигарси. И целиот овој муабет за селективност во спроведување на законите, ниски плати, богатење на грбот на работникот, блискост со власта, делење тендери...потекнува од овие компании. Е овие се тие фирми за кој што имам и предходно зборено, кој што можат да даваат далеку повисоки плати од тие 200€ со кои што државата им направи услуга, им го озакони ропството во овие фирми на работниците.

И ова за професионалноста. Ние сме тип на народ кој што гледа секогаш да го избере полесниот пат. Пример за тоа ти е образованието. Го мрзи да седне да научи за испит, оди на приватен факултет, плаќа по 2к евра од година и зема диплома. После кенка и фаќа врски да работи државно по што друго ништо не знае.[DOUBLEPOST=1532643814][/DOUBLEPOST]

Да ама и тоа го прави селективно. Се меша во есапот на бизнисите кои што едвај врзуваат крај со крај од давачки кон државата. Кај такви иде инспекција и става пломба на врата.
Кај оние другите, кои што одржуваат тесни врски со власта и лапаат тендери, евидентните книги за нивната работа мувла имаат фатено. Нив никој не ги чепка.
Мора да се почне од некаде.
Дека има пари во стопанството и во државата има, никој нека не лаже дека нема, по едноставно им е да кукаат како од крај со крај се врзува и е тешко отколку да дадат пристојни плати.
Ставовите ти се дефетистички, а дека ќе мора државата да се вклучи ќе мора па кој сака нека е на власт, во спротивно освен увозни фирми и угостителски фирми нема ништо друго да остане во државава, прашање на време е кога и тие ќе пропаднат.
За конолијали и ситни гранапчиња не сакам ни да разговарам, ако му се исплати нека работи ако не му се исплати нека затвори и нека бара подобро платена работа.
Не се живо се фрлило на купи продај, си прошетал низ чаршија ? Освен бутици и златари друго нема, а златари кој што изработуваат накит скори и да нема, од кројачите и терзиите само еден има горе спрема св.спас.
Поради килави политики воведени од сдсм а спроведувани и продолжувани од вмро во мк скоро и ништо не се произведува, и ако се произведува таа привилегија ја имаат една шака фирми, под производство не подразбирам пекари и преработувачки компании кој суровини увезуваат од странство. Кога во светски тренд е размислувај глобално купувај локално кај нас е увезуваат ефтини турски чоколатца и мастики, бугарски и српски пива, турски лук и грав, кинеска гардероба и обувки. Се со пусто штитење на контингенти на партиски војници роднини и пријатели, додека овде ако сакаш да произведуваш било што од горе наведеното се соочуваш со административен ѕид и се чудиш на каде да фатиш, се додека е полесно да увезеш наместо тука да се произведе нешто ние ќе тонеме.
 
Последно уредено:
СДСМ 2016

Прес конференција
Пеце Мирчевски, претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање член на ИО на СДСМ
Скопје, 19.07.2016

Почитувани граѓани,

Проектот Иловица има сериозни закани по здравјето на луѓето.

...

Работата на рудникот “Иловица“ се заканува да предизвика загадување на водата и на почвата.

...

Да повторам, сѐ ова се податоци извадени од официјални документи.

...

Владата и надлежното министерство за животна средина мора да ги дадат на јавноста одговорите на сите отворени прашања.

Порачуваме, на сите поединци и институции вклучени во издавањето дозволи за реализација на проектот, дека за нарушување на здравјето на луѓето и неповратното влијание врз животната средина лично ќе одговараат.

...

lol, денес изјавата им е - рудникот ќе се отвори ама ќе користел помалку штетни хемикалии.

:lolzz:


Па ако сакавме уништување на Македонија за личен ќар, ќе го оставевме Груевски.

И то шо велиш. ;)
 
Исмет Рамадани: Не гарантирам за однесувањето на Албанците доколку не влеземе во НАТО и ЕУ
https://fokus.mk/ismet-ramadani-ne-...a-albantsite-dokolku-ne-vlezeme-vo-nato-i-eu/

Сега шарениве ко ќе викнат аман луѓе гласајте на референдум, изѓинавне.:shok2:
Еве што вика Пендаровски.Или НАТО или поделба.
https://vecer.mk/makedonija/pendaro...o-prva-kolateralna-shteta-kje-bide-makedonija
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom