Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Мора да се почне од некаде.
Дека има пари во стопанството и во државата има, никој нека не лаже дека нема, по едноставно им е да кукаат како од крај со крај се врзува и е тешко отколку да дадат пристојни плати.
Ставовите ти се дефетистички, а дека ќе мора државата да се вклучи ќе мора па кој сака нека е на власт, во спротивно освен увозни фирми и угостителски фирми нема ништо друго да остане во државава, прашање на време е кога и тие ќе пропаднат.
За конолијали и ситни гранапчиња не сакам ни да разговарам, ако му се исплати нека работи ако не му се исплати нека затвори и нека бара подобро платена работа.
Не се живо се фрлило на купи продај, си прошетал низ чаршија ? Освен бутици и златари друго нема, а златари кој што изработуваат накит скори и да нема, од кројачите и терзиите само еден има горе спрема св.спас.
Поради килави политики воведени од сдсм а спроведувани и продолжувани од вмро во мк скоро и ништо не се произведува, и ако се произведува таа привилегија ја имаат една шака фирми, под производство не подразбирам пекари и преработувачки компании кој суровини увезуваат од странство. Кога во светски тренд е размислувај глобално купувај локално кај нас е увезуваат ефтини турски чоколатца и мастики, бугарски и српски пива, турски лук и грав, кинеска гардероба и обувки. Се со пусто штитење на контингенти на партиски војници роднини и пријатели, додека овде ако сакаш да произведуваш било што од горе наведеното се соочуваш со административен ѕид и се чудиш на каде да фатиш, се додека е полесно да увезеш наместо тука да се произведе нешто ние ќе тонеме.

Пари има, но тие моментално се во погрешни раце. Кај разни политичари и нивни роднини, олигарси и бизнисмени кои што се блиски со власта и лапаат државни тендери...
Пристапот до пари и капитал за обичниот граѓанин со амбиции да започне свој бизнис е крајно отежнат.

Јас сум реалист и моменталната економска реалност говори дека е невозможно минималецот да се качи од 200 на 500 евра преку ноќ.
Ако тоа се случи половина од економските субјекти ќе стават катанец на врата уште наредниот ден, другата половина ќе крати на трошоци, ќе го намалува бројот на вработени, ќе ги оддолжи капиталните инвестиции, дел од платата вработените ќе ја враќаат назад...

Такви мали ситни гранапчиња се половина од бизнисите во државава. Обично со еден или двајца вработени и приходи колку да се помине месецот. Тие едвај крај со крај врзуваат со давачки кон државата, замисли од утре минималецот законски се покачува на 500 евра. Па има такви микро бизниси каде газдата е сам вработен или пак тоа е некој член на неговото потесно семејство. Тие месечно не прават профит од 500 евра како прво. За да самите на себе си исплатат минималец ќе треба да се позајмуваат.

Се согласувам дека треба да се ослободат регулативите за водење на бизнис. По се изгледа дека на некој од горе му одговара ваквата ситуација.

Нели се стремиме кон потрошувачко општество?Мислам дека 200 евра плата повеќе личи како социјална помош,а не плата.А дека на газдите не им се исплаќа тоа малку потешко.Си имаат кутрите швалерки па некои од нов сакаат малце да се опуштат по касинава,а на робинките во конфекција 200евра многу им биле ?Додека оваа држава не ги цени,тоест ги потценува своите работници ќе биди тоа шо е, една обична феудална вукојебина.

200 евра плата и Е социјална помош во моменталниве услови на живеење кога ќе се земе во предвид висината на трошоците за живот. Има такви газди како што велиш. Таквите обично се во тесна корелација со власта, имуни се на секакви закони. Моменталнава економска ситуација му овозможува да исплаќаат толкава плата. Не знам уште колку долго, но се додека има луѓе чиј што опстанок зависи од тие 200 евра минималецот нема да се менува. Ова со минималната плата е вештачки креирана состојба, за таквите газди како што ги опиша на легален начин да можат да ги експлоатираат вработените. Власта во сето тоа е посредник, така речи трговец со робови.
 
Има доволно народ да ги сопре овие срања + илијадници кои главна егзистенција и е земјоделството.
Прво велеа (Заев) дека нема шанси да се гради рудник и дека ќе се лежи в затвор, сега дури и референдумот го укинале.

Незнам што се замишлат, ваков тип на рудник не е заебанција и нема да помине.
Прв пат да се сложам со Beric но континуирано 28г духовно не уништуваат.Дојдовме до иста ситуација како во времето после балканските војни кога македонецот изгуби секаква надеж за сопствена држава па почнаа да се делат со кого би ни било подобро дали со србите или бугарите.

Народот повеќе е заинтересиран како да дојде до БГ пасош отколку дали ќе отворат рудник или не.
 
Прв пат да се сложам со Beric но континуирано 28г духовно не уништуваат.Дојдовме до иста ситуација како во времето после балканските војни кога македонецот изгуби секаква надеж за сопствена држава па почнаа да се делат со кого би ни било подобро дали со србите или бугарите.

Народот повеќе е заинтересиран како да дојде до БГ пасош отколку дали ќе отворат рудник или не.
Македонците после балканските војни биле најкрволочен и најклет народ во свет. Такво племе, што косовариве може само да гледаат и аплаудираат. Далеку сме ние од таа ситуација денес.
 
После еден месец да се обелодени и третиот убиец на Саздо. Поднесена потерница од интерпол по Јетон Љужа .

204521.jpg
 
Епа наместо газдата да изиграва газда, или и тој ќе оди да работи во големиот маркет или самиот ќе си работи во колонијалот, просто и едноставно.
Нагласив дека не станува збор за Скопје, туку за гратчиња-села. Кој голем маркет има во М. Каменица? Или Пехчево.[DOUBLEPOST=1532712444][/DOUBLEPOST]
Твојов став е кути и пуши.Јас играм поинаку во животот, или-или.
Молчи и лижи. Зборуваме за различни работи. Не знам дали си бил во мало место и да се распрашаш колку работа има, колку пари се во оптек, колку промет има една продавница... Оди во Валандово и играј или-или.
 
...

Ете за што (Иловица) локалните грујови мадиња лапкаа пари и го убедуваа населението, минираа референдуми, им местеа триста чуда на Здрава Котлина и тн. и тн., а овие новиве маестрално свртеа капа и се претворија во истите гомна.

Тие локални гомна од ВМРО што ја промовираа оваа смрт, се луѓето што таму живеат и истите такви луѓе, сега од СДСМ, дуваат во истиот самоуништувачки рог.

Бугарија да се врати, да владее овде, под хитно, дур не се самоуништиме.

Поправи ме доколку грешам, но нели само 1 (ЕДЕН) референдум од повеќето референдуми за рудниците, пвеводбениците успеаа да го саботираат - конкретно референдумот во Валандово ?

Исто така, не беше централната власт - читај: владата - на плавите жолтици, предводена од страна на зајко кукурајко, која изјави дека тие референдуми се само советодавни, односно дека резултатите од истите тие референдуми не се обврзувачки за државата ?

Но за крај не заборавај да ги потсетиш членовите и посетителите на форумот дека сеуште не се родил - слично како што своевремено велеше и зајко кукурајко - некој полош од пвеводбеничкиот пастир.

Ќе им треба време на плавите жолтици за да ги достигнат истите криминални врвови кои ги достигнаа пвеводбениците пред нив, на крајот на краиштата, само нецели 14 месеци се` на власт, наспроти 11-те години на пвеводбениците од 2006 до 2017 година, но изгледа се брзаат да ги достигнат тие криминални врвови, бидејќи не тргнаа од прва брзина на 1 јуни 2017, туку директно од 5-та брзина.

Но кога ќе откриеш дека сепак се родил и бил на власт некој полош од пвеводбеничкиот пастир, ќе треба да откриеш некоја нова метода за мерење на последиците од криминалните бизниси на плавите жотлици. На крајот на краиштата, парите се заработуваат, се крадат, се трошат, но можат и повторно да се заработат и повторно да се украдат, додека за загадена вода и за загадена почва досега не сум слушнал да постојат алтернативи.

А ако Татарстан го гледаш како спасител на Фиромистан, погледни ги прво нивните статистики за организиран криминал и корупција, па потоа размисли дали на вистинското место го бараш спасителот.
 
Последно уредено:
Да се сите ко тебе, немаше ни да почнат со таа идеја. Но, генерално, духовно уништениот народ нема капацитет рационално да контемплира за својата иднина.
А зошто да нема рудници? Распрашај се во Казандол дали Заеви извисиле и се погрижи да се затвори. Направи разговор со стручни лица, дали е безбедна постапката за работа. Лаици сме за да искажуваме пароли.
Особено заинтересирај се дали Заеви биле одбиени во бизнисот.
 
Нагласив дека не станува збор за Скопје, туку за гратчиња-села. Кој голем маркет има во М. Каменица? Или Пехчево.[DOUBLEPOST=1532712444][/DOUBLEPOST]
Молчи и лижи. Зборуваме за различни работи. Не знам дали си бил во мало место и да се распрашаш колку работа има, колку пари се во оптек, колку промет има една продавница... Оди во Валандово и играј или-или.

Ако е Валандово или било кое друго место зрем тие вработени имаат попусти во евн, бензин, данок...?
Место 10 селски продавничиња со шкартливи газди и плати нека има 1-2 како што треба.
Денес имав раб во ван хол и гледам не раб производство, тек тук некој магационер и сл.Прашав имате колективен одмор, велат да.15 раб дена + викенди е летниот одмор.
Кога ке стигнат нашите газди да си го почитуваат вработениот ке не биде.Странци па се трудат да обезбедат пристојни услови и со плата и со се.
Нема да именувам познта бензиска кај нас приватна со газда Македонец.Тортура им вршат на вработените.Кога ми кажаа како работат и за што за глава се фатив.16к плата смени 2х12 7ам- 19 пм па 2х12 пм-ам и два дена слободни.Работна недела ти испаѓа 60ч.Нек си е.ат матер тие што се нафатиле на такво ропство а и газдите со нив.
 
Си кажа Рада кој го ферма референдумот и вас граѓаните, што сакаме тоа си правиме како и до сега. И рудникот ќе го пуштат и ќотек ќе јадат тие што ќе протестираат. На крај ќе испаднат најголем режим овие - деспоти!
 
Исмет Рамадани: Не гарантирам за однесувањето на Албанците доколку не влеземе во НАТО и ЕУ
https://fokus.mk/ismet-ramadani-ne-...a-albantsite-dokolku-ne-vlezeme-vo-nato-i-eu/

Сега шарениве ко ќе викнат аман луѓе гласајте на референдум, изѓинавне.:shok2:

Албанскиот фактор е издишан балон во државава кој што во случајов свесно ја прифатил улогата да изигрува "баба рога" и да го плаши македонското население со нов конфликт, војни и поделби, дестабилизација на државата, создавање и одржување на вештачка атмосфера на страв кај народот. Доволно е само да се вметне и најмал сомнеж кај поединци и да почне да се шири паника.

Мислам дека овие тактики се веќе провидни, и во минатото се користеле за дефокус на јавноста од битни општествени теми кој што оделе на штета на политичките партии.
Стратегијата во моментов е сведена на повремени убиства на христијанско население, доволно да се држи македонецот во страв и да се одржуваат напнати меѓуетничките тензии.
Западот нема да дозволи уште една војна од пошироки размери во регионот. Премногу вложија за да не доведат во оваа марионетска ситуација.

Единствена константа ќе бидат повремените убиства на етничка основа, како што беше последното. Меѓутоа тоа е проблем на внатрешната безбедност која што свесно или не, ништо не превзема за нивно превенирање.
И после членството во НАТО, што е најиронично, ваквата меѓуетничка слика за нашата држава нема да се промени. Така да НАТО по основ на внатрешна безбедност, (моментално нашиот најгорлив проблем) нема да смени ама баш ништо.
 
https://youtu.be/Vu6lBXBGWr4
Нaјвaжнo е сoживoтoт дa гo негувaме
И така, вечните огништа на Македонци се палат - а Владата наша гони говор на омраза. Само карта во еден правец и надвор од фашистичкава вукојебина. Не е безбедно овде да се живее.
 
Све би голтнал нашиот отепан народ, ама ова со рудниците е веќе не знам ни како да го наречам, фуцк ин браин е мал збор. Зар не им беше срам на Грујо и бандитите околу него, а и на овие актуелниве? Поточно кажано зар не им е срам на ботовите овде што се пењават дека Зајко бил подобар од Грујо и обратно? Марш бре ебените Албанија и Блгарија, на кои што им се смеевме до вчера имаат повисоки плати од нас.
Абе ебате гнасите што сме, за ситна пара без пот спремни се и логори да изградат.
Замислете ова да се случеше во Тетово или Гостивар, ама не тие се племе, а ние сме изворот на цивилизацијата. Обични дајгузи неспособни, е тоа сме.
 
https://www.24.mk/nova-turska-investicija-vo-makedonija

Турција почна да бара ефтина работна сила овде, не ме зезај.. ТУРЦИЈА АЛОО!
Јасно е дека се светлосни години пред нас, ама имаат и неразвиени места кај што можат да го "злоупотребуват" работникот, најверојатно се стегна работава за турските работодавци па мора да бараат решение во вукојебини како Македонија,Босна и Косово.

Како што објасни @Joe Dalton за една постоечка компанија која се занимава со кабли овде во Македонија, станува збор за иста фирма за производство на кабли.
Поризводството на овие кабли било штетно од епски размери врз здравјето на работникот, најверојатно некои супстанци кои оставаат трајни последици врз здравјето на работниците, и сето тоа за неверојатни 200 евра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom