Скутери до 300 кубици

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.264
Поени од реакции
12.565
Оваа класа на скутери станува се популарна, пред се малата цена за кинеските верзии кои излегоа последно време...

Разгледував по пазар3 за големи скутери по 150, 250 и 300 кубици и наидов на ептен интерсни цени...

4089b5f7-6911-45b9-b508-e5ff61712847.jpg

http://www.pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=235352

http://www.pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=285907

http://www.pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=287870

150 кубици одат од 700 евра до 1000 евра за 1 година стари скутери со по 1000-2000 км поминати...

250 кубици одат од 1000 до 13000 евра за истата километража и година...

Колку одат овие нови од салон? Зошто има толку многу понуди? Не се задоволни луѓево, многу трошат, голема регистрација?
 
Ухх ептен се загреав и јас за едно вакво.
Ново 4000 некаде ќе те фати со зимскиве попусти ама е машина, палиш и идеш кај ти душа сака.

Ако е двотактно ќе троши ко лудо а кинескиве по звукот што го вадат како двотаткни ми гледаат.
 
Таму кај што се мачам јас со Махиндрата има едно братче шо иде баш со ваков Ренџер.... На тој пат е мачно со ендуро/крос, а не пак со ваков долг мотор. За 1000 евра арни се :)
 
Ги продаваат најголем дел зошто немаат возачка за мотор и не ги регистрираат ... ќе ги опашат еднаш двапати џандари и шо ќе праат

а за потрошња не трошат многу
 
4000 ново?! Не зафркавај, Јамаха Мажести, Бурман и останати имам за исти пари со по 300 и нагоре кубици...

Не верувам дека се 2Т, барем не овие по 150 кубици, сите се со водено ладење и 4Т машини...
 
Имаш луѓе и за 450 евра 150-ки шиткаат
http://www.pazar3.com/ViewItem.aspx?itemId=365291

овој е голем убав копија на suzuki burgman
http://www.pazar3.com/ViewItem.aspx?itemId=347622

еве ти нов ренџер 899 евра
http://www.pazar3.com/ViewItem.aspx?itemId=371893

а еве го ѕверот :vozbud:
http://www.pazar3.com/ViewItem.aspx?itemId=242799

4000 ново?! Не зафркавај, Јамаха Мажести, Бурман и останати имам за исти пари со по 300 и нагоре кубици...

Не верувам дека се 2Т, барем не овие по 150 кубици, сите се со водено ладење и 4Т машини...

У право си ... еве што пишува во текстот за ѕверот

Четворотактниот мотор развива 17.5кс/8000 вртежи во минута со зафатнина од 270цц
 
4000 ново?! Не зафркавај, Јамаха Мажести, Бурман и останати имам за исти пари со по 300 и нагоре кубици...

Не верувам дека се 2Т, барем не овие по 150 кубици, сите се со водено ладење и 4Т машини...
Ништо помалце не е и кимкото од јамахата, се смета дека е најдобар во оваа класа, види на јутјуб има бајаги видеа за кимко ексајтинг 300...сигурно кај јануари некаде ќе падне под 4000
 
Многу му фрлив мерак на ренџерот имам возено и изгледа убаво и е доста комотен за возење и е доста брз и што е најглавно е многу ефтин.За 900 евра нов.Кај го има тоа.Али како за баксуз треба да се полага за А категорија а замисли ги имам Б и Ц али ништо од тоа не важи.Оваа година оставив помина али му ја мислам сега оваа пролет да одам да полагам за А категорија и да си земам еден ренџер.Вреди за парите нема што.Една година гаранција :)
 
Види сега...

Да не споредуваме Кимко, Мимко со Јамаха, Сузуки...во било која изведба. Невозможно е, не заслужува никаква дискусија. Самиот факт што овие кинези/минези се 3 пати поефтини од марка мотор е доволен дека не треба ни да помислиме да ги споредуваме...а камоли да замислиме да кажеме дека се исти. Или пак подобри :)

Доволно е еднаш да се седне на марка мотор и да возиш кинез за да се сфати што зборувам.

Јас имам имано и марка мотор, сега возам кинез 150 кубици и не можам никогаш да речам дека кинезот и јамаха се исто...Во никој случај.

Кинез врши одлична работа кога станува збор за најефтина можна комбинација за мотор за секојдневна ефтина употреба и користење...Марка мотор е чисто уживање, секој дел од времето. :)

Значи, да не одам многу офтопик, 4000 за кинез/минез во ниеден случај, кога Бурман, Мажести и другите се горе долу тука или поефтини...Ако навистина овој кимко е 4000, што искрено не верувам...Барем јас повеќе од 2400 не би му дал...

И мене овој Ренџер ми изгледа како најдобра понуда за парите. Мене ми е прилично интересен дека има многу простор, комотен е поготово за двајца. И колкава му е потрошувачката? Која му е максималната брзина? Јас возам моментално 150 кубици, сам кога сум оди околу 95 ама ми троши 4, 4,5 литри, што за скутер е релативно многу, макар бил и 150 кубици. Затоа подобро да земам голем скутер, ако ништо друго повеќе место и постабилен а горе долу иста потрошувачка.
 
Види сега...

Да не споредуваме Кимко, Мимко со Јамаха, Сузуки...во било која изведба. Невозможно е, не заслужува никаква дискусија. Самиот факт што овие кинези/минези се 3 пати поефтини од марка мотор е доволен дека не треба ни да помислиме да ги споредуваме...а камоли да замислиме да кажеме дека се исти. Или пак подобри :)

Доволно е еднаш да се седне на марка мотор и да возиш кинез за да се сфати што зборувам.

Јас имам имано и марка мотор, сега возам кинез 150 кубици и не можам никогаш да речам дека кинезот и јамаха се исто...Во никој случај.

Кинез врши одлична работа кога станува збор за најефтина можна комбинација за мотор за секојдневна ефтина употреба и користење...Марка мотор е чисто уживање, секој дел од времето. :)

Значи, да не одам многу офтопик, 4000 за кинез/минез во ниеден случај, кога Бурман, Мажести и другите се горе долу тука или поефтини...Ако навистина овој кимко е 4000, што искрено не верувам...Барем јас повеќе од 2400 не би му дал...
Незнам дали ја прочита рецензијата на мотори.ком.мк баш има добро објаснување за кинезов. Најдолу пишува
Моторот за тестирање беше позајмен од Moto Market (Тел.3238-920) каде може да се купи по цена од 4.300 евра.
Го имам видено во живо и е мнооогу поубав од слика, нема шанса да речеш дека е кинез, и што е најбитно има гаранција на 150.000 километри:helou:
 
Ухх ептен се загреав и јас за едно вакво.
Ново 4000 некаде ќе те фати со зимскиве попусти ама е машина, палиш и идеш кај ти душа сака.

Само што се вратив со ова моторче од Св Наум. Моторот е невероватно добар, преубаво работи многу убаво за долги релации. Комоција на максимално ниво потрошна има 4,5 л на 100. Успеав да стигнам до 145 км/ч но не беше ни блиску до крајот.
 
Незнам дали ја прочита рецензијата на мотори.ком.мк баш има добро објаснување за кинезов. Најдолу пишува

Го имам видено во живо и е мнооогу поубав од слика, нема шанса да речеш дека е кинез, и што е најбитно има гаранција на 150.000 километри:helou:

Кимко не беше тајванско ?
 
Кимко не беше тајванско ?
Да бе тајвански биле http://en.wikipedia.org/wiki/Kymco :)

Само што се вратив со ова моторче од Св Наум. Моторот е невероватно добар, преубаво работи многу убаво за долги релации. Комоција на максимално ниво потрошна има 4,5 л на 100. Успеав да стигнам до 145 км/ч но не беше ни блиску до крајот.
Дај помини до Струга со машинава ептен иам мерак одблиску да ја разгледам:icon_lol:
 
Значи бетер :)

Шала на страна момци...4 и пол илјади за Кванг Јанг а за исти пари и поефтини ги имаш најдобрите фабрики на мотори последниве 50 години...НИ ВО ЛУДИЛО. Рецензијата е добра реклама, ништо повеќе, јас верувам дека моторот одлично влече, вози, комотен и сето тоа...АМА за тие пари таков сумљив квалитет не вреди. Не вреди кога за истите пари имате Јамаха/Сузуки и останати од таа класа мотори кои траат децении ако добро се одржуваат...Факт е дека никогаш не можеш да очекуваш ист или сличен квалитет меѓу склопен мотор во Македонија и фабрика со 100 годишно искуство...Да не се лажеме.

Кинез да, ама кога е 2 или 3 пати поефтин. Што и во принцип тоа е најголемата фора што се продаваат како алва...
 
Kинески вакви по 1.000 еури се. Нови. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom