Епа баш дека никој до сега не испратил народњак е добро.Први сме.Ако победат догодина од Србија Сека ке ја пратат.Гледаш сега ме натера да размислам и на нешто друго.За прв пат први сме во некои од изумите за Евровизија.Пракаме народњак.Што ни фали?
За потсетување:
Кога победи Турција, наредната година голем дел од песните беа во тој ритам.
После победата на Руслана, наредната година голем дел од песните беа со тапани.
По победата на Елена Папризу, на Евровизија во Атина видовме голем број песни кои беа во тој стил.
По победата на Лорди, почнаа да се пракаат песни од типор Хард Хорд Алелуја.
Што значи дека ако ние ги пратиме нив двајца а тие остварат некој добар резултат, голема е веројатноста од Балканскиве земји наредната година да пратат некој микс од народни и забавни пејачи.
П.С Последниве две години сме сведоци дека и на кичот дојде крај.Да ова е избор за песна, ама мислиш дека Србија ке победеше ако не пееше Марија Шерифовиќ?Мислиш дека Русија ке победеше доколку не беше Дима Билан?Мислиш дека Украина ке победеше ако Дивите Танци ги пееше некој друг а не Руслана?
Дијаманте љубави ти треба пакет од песна и и интерпретатор кој ке може да ја изведе таа песна.Плус ако песната дозволува кореографија.Еден од овие елементи да немаш или да не одговараат едно со друго џабе ти е.