Ммммм...моето Скопје.:wub:
Мирисот на багремите, па после тоа липите.
Жешки летни ноќи, штурчиња пред изгрејсонце, кога одам на нива.
Кафе со другарчиња, покрај Вардарон.
Птицосер во стариот дел на паркот.
Прикаските на мајка ми, прикаските на нејзината мајка.
Моите прикаски.
Водњанска, Илинденска, Рузвелтова....
Заминивања и враќања. Секогаш враќања.
„Тукушто слетавме на скопскиот аеродром. Температурата на воздухот е 18 целзиусови, локално време 13.00. Ви пожелуваме пријатен престој во Скопје“