Скопје, за мене е...

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Скопје за мене е : Местото каде сум роден , каде живеам , каде ми се сите познаници ( со чесни исклучоци секако ) , и местото на кое што каде и да ме одведе животот секогаш ќе се сеќавам и секако ЌЕ се враќам ако некогаш заминам !:smir:
 
градот во кој се имам родено, градот кој најмногу го сакам
едноставно скопје ми е младоста,а се надевам и во него ке остарам
 
Скопје е местото во кое сум донесен на овој свет.Во скопје живеам и ги поминувам најубави моменти од мојот живот.СКОПЈЕ МИ Е СЕ!
 
Скопје ми е како, што Google ми е ставен на Homepage. Се од него тргнува...
 
Комбинација на контрасти, од стари куќи кои се распаѓаат па се до грди самошто изградени згради со фасади исфарбани во кич бои, со дупки во тротоарите и нешто што секое утро ме теши дека единствената работа која е хаотична освен јас. Хаос кој инспирира. Гротескно суштество кое расте , голем, светол неред кој секогаш носи нешто ново. Толку хаотично што едноставно не можам да се лутам кога е паркирана кола на сред тротоар и да морам да ризикувам да одам по улица за да ја заобиколам,едноставно овде учиш како да живееш со хаосот дури и да уживаш во него . Суштество кое е живо и ја доживува болката на рапиден раст и кое се гуши во сопствената школка која ја има надраснато,затоа и толкава болка и толкав хаос.

Место каде се судира високотехнолошкиот и прагматичен запад со примитивноста на ориентот кој изродува така чудна атмосфера, нема зборови кои можат да ја доловат атмосферата во Скопје тоа мора да се доживее, од смрдеата на бензинот па се до мирисите на пазарите и кепапчилниците . Место каде се повеќе почнува да наликува на стариот див запад и каде западните вредности, како што ние милуваме да ги нарекуваме, ја губат битката. Место на лудило, место каде на неколкумина се исполнуваат соништата а на многумина кошмарите.

Место каде се одигруваат премногу трагикомедии, шпански серии а премалце успешни приказни. Мое место, мој дом, знам дека колку и да е посран, хаотичен, никаков, смрдлив и колку и да е народот кој живее во него олош, Скопје ќе биде пак мој дом , бидејќи знам како дише , го знам неговиот ритам и пулс знам како растел и се развивал .


Како и да е после долги години поминати фрлање ѓубрето позади себе , пушење цигара и фрлање од втори кат и кај ќе стигнам и ред други гадни навики стекнати во овој хаотичен и варварски град не верувам дека некад ќе се навикнам на ред и чистота што владее западниве градови. Знам дека ќе полудам ако го сортирам ѓубрето и го фрлам во канта, сакам да го фрлам позади себе, во првата грмушка, под колата . Да можам конфорно да се испијанам во парк и да мочам каде стигнам и да ме боли таквата . Да можам да прекршам 15 различни закони и одредби и поради неспособната полиција да не бидам фатена. Токму поради тој хаос :)
 
Скопје е градот кај што сум родена, кај што било моето детство, сите личности што ги сакам и почитувам, она што го сакам највеќе и уште многу работи...а и во едно сум сигурна дека што и да се дешава и каков и да ни е градов, за мене си е најубав и дека никогаш неможам на подолг период да се одделам, ако треба понатака во животот, знам дека еден ден пак ќе се вратам за да ми заврши животот таму кај што ми почнал-во Скопје.:pipi:
 
Градот каде што се родив, и каде што ги запознав прекрасните пријатели што ги имам сега.
 
Скопје за мене е дом, нешто што никогаш не успеав да го имам додека живеев во Велес.
 
Скопје за мене е дом ипак тука сум се родил, израснал ама ми фали она Скопје од пред 10-на години пред политичките пропаганди споменици и све остало што го задуши градов
 
Скопје е град со дух во кој секој е добродојден и што е најважно треба да го почувствуваш,оние кој доагјаат од други градови знаае дека Скопје има големо минато кое не е шала,ако земеш да копаш генерациски може да се забележат многу новитете нели,а секогаш се споменуваат без утка многу многу идентични работи кој сите генерации ги доживеале,почувствувале и уживале..
Горд сум што сум роден во Скопје како и мојте родители,да не должам,а може реферати да се напишат само ќе кажам дека Скопје е на сите Македонци,а е највеќе на оние Скопјани во кој се сметам и јас и многу други тука...

-Скопје радост ти ќе бидеш ! ;)[DOUBLEPOST=1516099690][/DOUBLEPOST]
Скопје е супер град, ама Охрид е подобар.
100%
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom