Скопје се гради. Добро ли е тоа?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
На Ставрески секретарка сум.
За да некој работи,некој треба да отвори погон,канцеларија,да ризикува.Работникот зема плата,а работодавецот плаќа давачки кон државата.Значи за развој на земјата придонесуваат сите категории,вклучувајќи ги економистите/правниците/инжињерите/технолозите итн. Бидејќи и економистот и правникот спаѓаат во работничка класа. Тие кој што „те ранат“ и „те лекуваат“ ти ги плукаш. Администрацијата и јас ја плукам,плукам по се неспособно,но останатите мора да работат,за да може оваа мегаломанска администрација да функционира.Оти ако јас,тој и оној не платиме давачки никој нема да функционира. Тие економисти кој ти ги споменуваш еден ден немаат работено на сонце или да фатат мотика во рака.Тие не се возат во јавен превоз и нивните проекти секогаш немаат допирна точка со реалноста,затоа и се е нефункционално.Плус во оваа држава сите глумат економисти,кој стаса тој работи во финансии,затоа и така лесно парите ги снемува. Како сега на избраниов да му дадеш да раководи сектор во финансии.Он ќе одобри милиони за аква пар у Македонија. Нормално дека ќе одобри кога нема поим да пресмета трошок и поврат на трошок.Ама желбата од детството ќе му се исполни,ќе се банка и ќе си се лизга.
Ако ме сфати арно,ако не пак арно :)
 
Леандра, морам да упатам голема благодарност за тоа што ги образложи причините за ваквите случувања во земјава. Твоите постови се многу поискрени отколку во времето кога работеше во странска агенција која переше кеш во земјава.

Значи разликата е голема меѓу тоа сама да креираш капитал во однос на тоа да ти даваат голема плата за да спроведуваш реформи во земја вазал.
 
Нека цркне администрацијата, не заработува за леб :)
А што правиме со миљон банкарски и др. финансиски институции, осигурителни, војска, полиција, здравство, образование, јавни служби, институти, "услужни", адвокати, факултети... и не знам какви све фирми кои исто не се државна администрација, а не придонесуваат кон реална заработка на лебот...да ги спалиме и нив. Да останат само фабриките (без сметководство и директор-да не го јадат лебот), погоните и земјоделците. Интересно
 
Прво доста рано е да се коментира за хонорарот на уметникот, зошто уметникот најави тужба. Кога ќе се реши тужбата тогаш може да се зборува за наводниот хонорар на уметникот.А предизборно и многу не верувам во оваа информација која доаѓа од А1, зошто на А1 не им е првпат да тресат глупости односно информации.За СДСМ па да не правиме муабет, зошто од Бихачка СКМ доаѓаат овие информации, особено од таткото на модерната 20 годишна транзициска Македонија а тоа е El presidente B.C. прв роџак на Јонг Ил.
 
скопје се гради и тоа е мн лоша ствар... полошо нешто у македонија нема!
не ја прочитав темава пошо иам за учење бајаги ама претпоставувам дека има к уп коментари од стилот „да бе се у скоје се гради шо не дојдат да градат у тетово/охрид/штип/гевгелија..... - ко само се у скопје да било!“
 
Се средува просторот околу Милениумскиот крст

Започнаа градежните работи за партерно уредување на платото околу Милениумскиот крст, кои ги спроведува Градот Скопје. Почетокот на градежните работи на платото го означи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Повеќе: ТУКА
 
Dobro koga se gradi a ne koga se krade, ocenete sami!
 
Dobro koga se gradi a ne koga se krade, ocenete sami!

Проблемот е што кога многу се гради, и многу за крадење има.
Никој не поднесува никаде рачун колку чинат некои градби, и зошто чинат Х пати повеќе од планираното.
 
Проблемот е што кога многу се гради, и многу за крадење има.
Никој не поднесува никаде рачун колку чинат некои градби, и зошто чинат Х пати повеќе од планираното.

Кога им вели некој дека проектот Скопје 2014 кошта 200 милиони евра , никако не признаваат. Да ги прашаш колку кошта , одговараат: помалку од 200 милиони. Но колку ,тоа е мистерија , можеби 199 милиони.
За овие 4 години немаме поима колку чинат работите , све нешто се крије , нејаснотии колку сакаш, зошто кријат ?
 
Зашто се перат пари :) Тоа е јасно како ден :) и малите деца од 1во одделение го знаат тоа... :pos2:
 
Кога им вели некој дека проектот Скопје 2014 кошта 200 милиони евра , никако не признаваат. Да ги прашаш колку кошта , одговараат: помалку од 200 милиони. Но колку ,тоа е мистерија , можеби 199 милиони.
За овие 4 години немаме поима колку чинат работите , све нешто се крије , нејаснотии колку сакаш, зошто кријат ?

За Титово време народов знаеш како збореше.. Крадеа ама нешто барем градеа,исто и со овие..Ама ние имавме такви ( со опасност пак да не зајашаат ) кои крадеа ама ич ништо не градеа.. А уствари има ли влада у свет која не краде.. Обама ко светец го избраа Америте сега сите се свтреа против него,само ко за пример .. Нема влада која не краде убеден сум во тоа
 
Во светската историја се паметат единствено луѓето кои граделе , никој не се сеќава на оние кои свиркале :salut:
 
Кога им вели некој дека проектот Скопје 2014 кошта 200 милиони евра , никако не признаваат. Да ги прашаш колку кошта , одговараат: помалку од 200 милиони. Но колку ,тоа е мистерија , можеби 199 милиони.
За овие 4 години немаме поима колку чинат работите , све нешто се крије , нејаснотии колку сакаш, зошто кријат ?

Aбе нејаснотии еден куп. Јас од почеток тргнувам и прашувам колку се крадеше кога не се градеше? После колку сега се кради? После зошто се потребни некои работи?
Затоа што не ми смета кога се гради ми смета кога граденото е непланско, кога нема логика нештото.
И за крај прашувам до кога плановите ќе ги цртаат политичарите? Кога планираат да го прекинат хаосот?
Постојат и убави проекти но тие не се споменуваат оти народот е гладен и се она кое му изгледа дека не треба да се прави тоа и се форсира.
 
Добро е што Скопје се гради и што се искористува градежниот потенцијал на главниот град.
Но, претераното форсирање на главниот град од страна инвеститорите/Владата (не само оваа туку сите изминати), веќе резултира со создавање на еден мегалополис од безмалку милион жители, пропаднати регионални центри (Битола, Куманово, Штип, Струмица) и економски опустошени гратчиња и села. И после ќе имаме масовно иселување, одлив на млади мозоци, села со 5 жители и градови како Демир Хисар со нецели 3000 жители.
Потребна е вистинска и реално спроведлива денцетрализација и регионализација на Македонија (постоење на силни и конкуретни регионални центри), како одговор на денешната ситуација во која главниот град ни ги јаде останатите градови.
 
Во светската историја се паметат единствено луѓето кои граделе , никој не се сеќава на оние кои свиркале :salut:

Затоа светската историја ќе ја памети Триумфалната капија во Македонија како симбол на човековата глупост. Океј и плажата спаѓа тука.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom