Скопје добива двоспратни автобуси?

  • Креатор на темата Креатор на темата Кирца
  • Време на започнување Време на започнување

Двокатни или нископодни автобуси

  • Двокатни

    Гласови: 58 41,7%
  • Нископодни

    Гласови: 68 48,9%
  • Не требаат автобуси, што им фали на овие...

    Гласови: 13 9,4%

  • Вкупно гласачи
    139
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Костовски: Нема да ги примам двокатните автобуси

[/FONT] [FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Скопскиот градоначалник Трифун Костовски најави дека ниту Градот ниту ЈСП ќе ја прими донацијата од 302 двокатни автобуси, што Владата најави дека ќе ги купи за подобрување на јавниот превоз во Скопје. Тој и порача на Владата да се откаже од идејата за набавка на двокатни автобуси за ЈСП, бидејќи се непрактични, скапи и небезбедни.
"Апелирам Владата да се откаже од двокатните автобуси, бидејќи во спротивно, додека сум јас градоначалник на Скопје, ниту Градот ниту ЈСП ќе ги прими овие возила. Ќе стојат некаде во депо, но нема да ги пуштиме во сообраќај", рече градоначалникот.
Според Костовски, токму Владата неколку пати ги минирала обидите на Градот сам да набави сто нови еднокатни автобуси, бидејќи не им дала гаранција за кредитно задолжување.
"Во 2007 година од вишокот средства Владата ни префрли 4,5 милиони евра за набавка на нови автобуси. Ние распишавме тендер, но седум дена пред отворањето на тендерот на кој се јавија 27 фирми тој беше поништен по усна најава од Владата дека планира да купи двокатни автобуси. Шегата да биде поголема Владата ги побара назад парите што ни ги даде за автобуси, и ние не само што ги вративме 4,5-те милиони евра што му ги дадоа на ЈСП, туку згора на тоа плативме и камати", вели Костовски.
Тој тврди дека Владата ненаменски ги потрошила овие пари, бидејќи со нив се уште не се купени ветените автобуси.
"Каде завршија овие пари не знам. Тендерот што Владата го распиша за двокатните автобуси требаше да се отвора на први овој месец, но тоа не се случи", рече скопскиот градоначалник.
Надлежните од Влада вчера не беа достапни да кажат до каде е набавката на двокатните автобуси за ЈСп. (Е.А.)
[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]вест
[/FONT]
 
Е.А. напиша:
Скопскиот градоначалник Трифун Костовски најави дека ниту Градот ниту ЈСП ќе ја прими донацијата од 302 двокатни автобуси, што Владата најави дека ќе ги купи за подобрување на јавниот превоз во Скопје. Тој и порача на Владата да се откаже од идејата за набавка на двокатни автобуси за ЈСП, бидејќи се непрактични, скапи и небезбедни.
"Апелирам Владата да се откаже од двокатните автобуси, бидејќи во спротивно, додека сум јас градоначалник на Скопје, ниту Градот ниту ЈСП ќе ги прими овие возила. Ќе стојат некаде во депо, но нема да ги пуштиме во сообраќај", рече градоначалникот
Алелуја Тришо нешто да каже нормално. И така се покажува став, да беше вака цврст во одлуката Вардар да биде шампион, рози ќе ми цветаа во стомаков и ќе го гласав пак.

Патем, аферичка на повидок а... 4,5 милиона украдени од државна каса... мх мх мх. Мерак. АБЦ да истражи ќе молам, Конкрит да достави... :)
 
mislam deka trebaat novi avtobusi bez razlika dali ke bidat dvospratni ili ne
 
Автобуски превоз во Скопје

Домашниот производител САНОС, кинеската Јутонг, бугарската Кинг Лонг и Пре оС под Словечка се четирите компании кои се јавија на тендерот за набавка на 302 двокатни автобуси, вреден околу 100 милиони евра.

Претставниците на кинеската фирма Јутонг кои се во земјава веќе неколку недели за Алфа минатата недела изјавија дека домашен партнер им е ОРКА ходинг. Кинезите денеска ги избегнаа новинарските прашања, а сопственикот на ОРКА Јордан Камчев Камчев во телефонски разговор негира дека е поврзан со Јутонг.

Според извори од тендерската комисија, најниска цена понудил токму „Јутонг“, а во останатите критериуми, најдобра била понудата на домашната компаија „САНОС“.

Цената учествува со 50 проценти во вкупното бодување. Тендерската комисија допрва ќе ги разгледува понудите, а според законот, за најмногу две недели треба да го избере најдобриот понудувач. Владата ќе ги купува автобусите постапно – по стотина годишно, во идните три години. Тендерот предизвика доста контроверзи и околу тоа дали токму двокатни автобуси му се потребни на Скопје, како и дали инфраструктурата во главниот град е подготвена за такви возила.

Жарко Настоски-алфа телевизија


Дали на нашиот град му се потребни двокатни(даблдекери)автобуси?

Нашиве улици ке бидат ли во можност за таков тип на сообракај проодност на улици ниски дрво реди кои се секаде по нашите улици?

Имаме ли култура на однесуванње?

Имајки го предвид дека вториот спрат е висок само 1,6 м а висината на тие автобуси е некаде 4,1 м ?

И можеби за мене најбитно прашање зашто воопшто беше потребно мегународен тендер за изработка на тие автобуси имајки предвид во Македонија постојат две фабрики за произвдство на автобуси БУСКАР-Скопје и САНОС-Скопје кои сигурен сум дека во нив ке има нови вработувања а не само во нив туку и пратечката автомобилска индустрија во овој период на економска криза?
 
Нашиот град нема улици за двокатни автобуси.Тие нема да може да вртат на најголем дел од раскрснициве во Скопје.Не ни ни требаат двокатни автобуси.Ние немаме општа култура за такво нешто.Јас како што идам со двојка секој ден накај школо коа ке се растрчаат шиптарине вака ме фака страв а не па двокатен на прв семафор ке се превртам со се нив.А да не зборам што одма ке видам по нив шкртаници Комити-Запад Шверцерат-Шкуп и слично.Анкетата на ЈСП најубаво кажува..ни требаат било какви автобуси само нека се нови.
А наместо Грујо да фрла пари по двокатни автобуси нека акне метро во Скопје...само тогаш ке се расчисти хаосов.
 
Нашиот град нема улици за двокатни автобуси.Тие нема да може да вртат на најголем дел од раскрснициве во Скопје.Не ни ни требаат двокатни автобуси.Ние немаме општа култура за такво нешто.Јас како што идам со двојка секој ден накај школо коа ке се растрчаат шиптарине вака ме фака страв а не па двокатен на прв семафор ке се превртам со се нив.А да не зборам што одма ке видам по нив шкртаници Комити-Запад Шверцерат-Шкуп и слично.Анкетата на ЈСП најубаво кажува..ни требаат било какви автобуси само нека се нови.
А наместо Грујо да фрла пари по двокатни автобуси нека акне метро во Скопје...само тогаш ке се расчисти хаосов.
Во врска со првото... немаме улици за двокатни автобуси...? а имаме улици за дупли автобуси???:jaj: те молам... види што пиша... како прво дуплите автобуси ти се повеќе габаритни отколку овие двокатните... второ... кога можат дуплите автобуси да вртат по овие никакви улици, зарем неможат и двокатните истото да го сторат?
двокатните ти се исто како единечниве, само што се повисоки... аголот на вртење на единечните автобуси им е ист со двокатните... а додека на дуплите им е поголем... така да... мислам оти и не ти држи многу многу вода првото болдирано...
Во врска со второто болдирано... и немам некое баш оформено мислење поради тоа што дел од себе мислам оти баш напротив би се зголемил хаосов во градов, познавајќи ги нашите умешни градежници и познавајќи ги гужвите по скопје, потоа откако ќе се спроведе целата работа околу поставувањето на метрото... и уште еден куп проблеми кои доаѓаат со општеството... т.е. со нас... а пак од друга страна, си велам... кога се работи за патниците и можда би се подобрило малку возниот ред... но сето тоа е можда... друго што си викам оти би успеало да се среди... па и немам нешто во глава баш... како и да е сум за спроведување на двоспратни автобуси, но искрено речено во подрачјето на помирните места во скопје... тоа би опфатило: центар, аеродром, НЛ будало... карпош, капиштец, ѓорче, хром, влае, кисела вода... мислам дека тие дестинации се така помирни од останатите и би за нив да се воведат тие двоспратни автобуси, земајќи ги во предвид и тепачките кои се чести во околината на скопскиот тексас (коце-асуц-автокоманда-чаир)...
 
Моментално гратскиот превоз дека не го бива знаме сите. Тоа дека Скопје има многу лоша инфраструктура и тоа го знаеме. Дека кај нас нема автобуси и дека се возиме во метални кутии на тркала стари по мин 30години и дека во секој момент можат да се распаднат и тоа се знае.
Добра е идеата за да се обнови возниот парк на ЈСП , но тука настанува и еден друг проблем со тоа какви да бидат автобусите. ЈАс сметам дека предлогот на господинот премиер за да се набават двокатни автобуси е добра идеа , до негде, заради туристичка атракција навака натака ама не сметам дека сите 300 или колку и да се планира да се набават автобуси да се двокатни, туку еве нека се 40-50, а останатите да се нормални автобуси по можност со низок под за да биде полесно на сите луѓе да влезат во нив а не сегашниве ако е врнежливо времето ти треба планинарска опрема за да се качиш во автобусот а да не кажувам па какви се условите во нив...
Веќе ако некој мене ме прашува какви автобуси сакам јас би го одбрал тој Мерцедесот што го тестираа абе тоа е автобус дури лепи на седиште кога ќе стиснеш гас а не се ни слуша дека работи прв пат кога го видов ка автобуска застанат помислив дека му беше изгасен моторот :)
тоа што зборат дека било поубаво да се стави трамвај , незнам метро за наредните 15-20 години сметам дека ќе биде само сон на жителите на Скопје зошто за тоа е потребна ОГРОМНА инвестиција бидејки треба да се мења целата инфраструктура на Скопје :toe:
 
Јас сум ЗА новите автобуси, не е битно дали се двокатни или трокатни :) али мора да се сменат тие старите дека кога се возиш во нив ко во темпирана бомба да си, во секој момент може да ти се распадне,премногу се прљави ,,,,,се на се катастрофа жива се...

а овие новите мислам ке бидат по фенси и ке заличи на нешто јавниот собракаен превоз.:smir:
 
јас мислам дека двокатни се подобри затоа што ќе има повеќе место за седење и нема автобусите да бидат преполни.
 
Двокатни се подобри.

јас мислам дека двокатни се подобри затоа што ќе има повеќе место за седење и нема автобусите да бидат преполни.

Чек малку!Вие од Скопје сте?!
Двокатните автобуси не се за Скопје.

Ко прво Скопје има ужасна инфраструктура.Улиците и булеварите се и така премногу оштетени, фали уште силата и тежината на двокатните автобуси, да распука асфалтот уште повеке.Да не зборам за кривините што ги има, на првата по остра кривина има да се превртат.

Заборавивте на семафорите во Скопје.Голем дел од нив се ниско поставени, сега со двокатниве(ако се донесат) или ке треба да се урнат тие семафори или да се дигнат , што значи уште повеќе фрлање на пари.

Ко второ ИМАМЕ ЛИ НИЕ СКОПЈАНИТЕ КУЛТУРА ЗА ДВОКАТНИ АВТОБУСИ?
Ако сте добро информирани би требало да знаете дека на вториот спрат треба само да се седи, односно не треба на горниот спрат никој да стои.И ајде сега.Јас секој ден се возам со двојка, во која Албанците буквално дивеат на секој чекор.Па ке нема сила да ги спречи нив(со чест на исклучоци) да ги натера да седат мирни , а не да се бркаат и слично.Всушност не се само Албанците такви, такви се и Македонцте и Ромите.

јас мислам дека двокатни се подобри затоа што ќе има повеќе место за седење и нема автобусите да бидат преполни.

Во заблуда си.Пак ке има гужва.Гужвата не е резултат на немање место во автобусите, туку поради тоа што не се чести.

Апсолутно сум против двокатни автобуси.Двокатни да, мегутоа само за туристичко разгледување на Скопје.Инаку , во Скопјево ке биде хаос со нив.
 
Има некој слика, како би изгледале новите двоспратни автобуси ?

BusCrash2NAT_800x524.jpg


или

bus1.jpg
 
Да да да... Бабите први ќе се испентарат горе.
 
Среќа ке биде да фатиш горе место па уште повеќе ако се возиш со 2ка. Среќа јас сум на втора 5ка па може ке видам некогаш како изгледа од горе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom