[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Костовски: Нема да ги примам двокатните автобуси
[/FONT] [FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Скопскиот градоначалник Трифун Костовски најави дека ниту Градот ниту ЈСП ќе ја прими донацијата од 302 двокатни автобуси, што Владата најави дека ќе ги купи за подобрување на јавниот превоз во Скопје. Тој и порача на Владата да се откаже од идејата за набавка на двокатни автобуси за ЈСП, бидејќи се непрактични, скапи и небезбедни.
"Апелирам Владата да се откаже од двокатните автобуси, бидејќи во спротивно, додека сум јас градоначалник на Скопје, ниту Градот ниту ЈСП ќе ги прими овие возила. Ќе стојат некаде во депо, но нема да ги пуштиме во сообраќај", рече градоначалникот.
Според Костовски, токму Владата неколку пати ги минирала обидите на Градот сам да набави сто нови еднокатни автобуси, бидејќи не им дала гаранција за кредитно задолжување.
"Во 2007 година од вишокот средства Владата ни префрли 4,5 милиони евра за набавка на нови автобуси. Ние распишавме тендер, но седум дена пред отворањето на тендерот на кој се јавија 27 фирми тој беше поништен по усна најава од Владата дека планира да купи двокатни автобуси. Шегата да биде поголема Владата ги побара назад парите што ни ги даде за автобуси, и ние не само што ги вративме 4,5-те милиони евра што му ги дадоа на ЈСП, туку згора на тоа плативме и камати", вели Костовски.
Тој тврди дека Владата ненаменски ги потрошила овие пари, бидејќи со нив се уште не се купени ветените автобуси.
"Каде завршија овие пари не знам. Тендерот што Владата го распиша за двокатните автобуси требаше да се отвора на први овој месец, но тоа не се случи", рече скопскиот градоначалник.
Надлежните од Влада вчера не беа достапни да кажат до каде е набавката на двокатните автобуси за ЈСп. (Е.А.)
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]вест