Скопје добива двоспратни автобуси?

  • Креатор на темата Креатор на темата Кирца
  • Време на започнување Време на започнување

Двокатни или нископодни автобуси

  • Двокатни

    Гласови: 58 41,7%
  • Нископодни

    Гласови: 68 48,9%
  • Не требаат автобуси, што им фали на овие...

    Гласови: 13 9,4%

  • Вкупно гласачи
    139
Мрш бе. Двоспратни. Обичнине не можат во ред да ги доведат, двоспратни. Шо ќе ми се? Денес ваквите автобуси уопште ја немаат таа улога како што некој на првите страници има пишано, простор и остало. Пре имаат функција на туристичка атракција. А можда и ништо повеќе. Кој ќе се вози горе, ај? Многу е интересно од метро повисоко да се глеа, нели? Кој ќе кастри дрва и подвожњаци? Кој ќе контролира кретените горе во ниедно време со шприцовите и спрејовите? Која гаража во градов може да собере двоспратен автобус?

Али еј, Скопје, и се` е можно. Хир, чист. Место контејнерите од автобуси што сега се шуткаат по улица да ги мафнат и да добие градов нормален јавен превоз, они играчки си играат.
 
Само ако се скроз беспари. Во спротивно, не ги сакам. Гарант се поскапи, плус ми е некако нефукнционално сето тоа, не разбирам зошто имаме потреба од два спрата за да не може да вози 57мица и да влезе под трговски или? :toe:
 
Не се практични, ама сепак е некаков чекор напред за јавниот градски превоз. Пошо сеа квалитетот на услугите е на ниво да ги користи само оној кој нема друг избор. Их да имавме 2-3 линии метро :nesvest:
 
Какви двоспратни автобуси ???????? За оригинален соодветен градски превоз треба само пајтони.И онака во Скопје не можеш да возиш повеќе од 20 км на саат.Само наместо оние сироти коњи на кои им се бројат ребрата и пасат поред СОК банка може да гледаме асални коњи.А кочијаши колку сакаш низ градот.На секоја минута скушаш : кај одиш бе п... ти ма..рина .Нема никаква инфраструктура за обични а камо ли за двоспратни атобуси.Нема нормални автобуски станици , никаков возен ред .Бог да чува и да брани:uvo:
 
Какви далечини имаме ние за двоспратни автобуси ,дур си се качил треба да се симнеш а да не зборуваме за стари и изнемоштени лица ,како тие ќе се качуваат не знам . Само нископодни и никакви други.
 
Двокатни? Глупости!!! Дајте ни нови автобуси какви било. Плус ако фатиш место горе ке биде среќа зашто осеќам копиљаци по цел ден ке се возат горе.
 
Па видете вака.....
Чим fucking енглези сеуште ги користат значи нешто има....
може и не се толку fucking непрактични нефункционални и така натаму и така наваму.....
сигурно таму имаат поголени сообраќајни експерти од кај нас....
јас сум "за", зашто да не двоспратни....
 
Па видете вака.....
Чим fucking енглези сеуште ги користат значи нешто има....
може и не се толку fucking непрактични нефункционални и така натаму и така наваму.....
сигурно таму имаат поголени сообраќајни експерти од кај нас....
јас сум "за", зашто да не двоспратни....

Зошто по ѓаволите енглезите треба да имаат поголеми сообраќајни експерти од нас? Сонзорот за сообраќај им е поразвиен од нас, пошто левата хемисфера на мозокот им е поголема каде што токму тој се наоѓа? Значи затоа така ко опнати со лопата се у тоа глаите сите енглези... :toe:

Океј, доста со иронијата. Fucking Лондон е една огромна површина, а и немаме поим како е конструирана. Но добро знам какво е Скопје, и сигурен сум дека атракции во јавниот превоз не ни се потребни кои ништо нема да решат. Кога некој би дал објаснување “Зошто“ е тоа добро за нас, би размислил и би прифатил ако е логично. Ама се сомневам.
 
Само ако се скроз беспари. Во спротивно, не ги сакам. Гарант се поскапи, плус ми е некако нефукнционално сето тоа, не разбирам зошто имаме потреба од два спрата за да не може да вози 57мица и да влезе под трговски или? :toe:
Токму ова ми беше причината зошто воопшто ги презирам двоспратните автобуси како идеја во градот да ги има. А истотака и кај семафорите Зборам за оние на пример кај Нова Македонија и ред ред други) Значи... Да ставаш сега даблдекери ќе мораш да мењаш грото сигнализација во градот. Не... Повеќе би се осврнал на едноспратните и на поправките на самите улици (булевари, сокаци, авении, тротоари итн.)
 
jas sum za niskopodni avtobusi i toa sanos nemora mercedes
 
Мене ми е доволно што воведоа ноќна 57ца у 1.30 и у 3.00, само да не ја укинат пред време. :icon_lol:

А двоспратниве автобуси и онака лом ќе ги направат вандаливе нецивилизирани, која е поентата.
 
Има некој слика, како би изгледале новите двоспратни автобуси ?
 
само нископодни. какви улици имаме уште за двоспратни сме. Ќе се превртиме на некоја појака кривина у тоа дупките по улициве.
Абе само нови да бидат ништо друго не треба.
 
Блазеси му на Скопје.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom