Скопје добива двоспратни автобуси?

  • Креатор на темата Креатор на темата Кирца
  • Време на започнување Време на започнување

Двокатни или нископодни автобуси

  • Двокатни

    Гласови: 58 41,7%
  • Нископодни

    Гласови: 68 48,9%
  • Не требаат автобуси, што им фали на овие...

    Гласови: 13 9,4%

  • Вкупно гласачи
    139
Не е пат само за автобуси туку лентата која е за предимствено автобусите и која е одвоена со жолта линија, ако не си приметил ја има со години наназад ама не се почитува, само што сега долж жолтата лента ќе се наредат ко ивичници високи кои нема баш да биде пријатно да ги пресечеш, освен ако еветуално не си со џип, на кои ивичници може многу да се изместата предници, само што имаат подиректен и појак ефект од лежечките полицајци.
Проблемот е во зима, ако падне снег, да не бидат откорнати од очигледно недоволно обучениот персонал на улици и патишта.

Чоек ако се казнуваше до сега требаше едно милион казни да паднеа. Таква лента е онаа на рекорд само за автобуси таа страничната баш инструкторот ми кажа. А по таа лента вози секој и сешто.
 
Чоек ако се казнуваше до сега требаше едно милион казни да паднеа. Таква лента е онаа на рекорд само за автобуси таа страничната баш инструкторот ми кажа. А по таа лента вози секој и сешто.

Ако во скопје само 1 % од сообраќајните прекршоци бидат казнувани, нема да има таксисти во скопје.
 
Што има Скопје бе ништо нема, џабе се пуваат, ќе има да ваучери за надополнување на кредит, за да ти се вози гзот у крш автобус, ама битно у новчаник ќе имаш пласитка!! :uvo: до каде? и далеку сме од Ингланд разбудете се!
 
Ако во скопје само 1 % од сообраќајните прекршоци бидат казнувани, нема да има таксисти во скопје.

Ако е тоа поради тоа што не можат да возат убаво или некоја друга причина би го оправдал. Кај нас нема општа култура кој сака прави што сака. Види го ти Лондон не дека можеме со лондон да се мериме ама во градот од што има камери на секој чекор кој што само чекаат на грешка и одма те снимаат. Па ако тоа ги направило таму разумни нека се направи и кај нас така.
 
Двокатни или нископодни автобуси за Скопје?

Јас мислам дека подобро би било да се купат нископодни автобуси, а за дури 300 двокатни ние немаме потреба, едноставно, не сме толку голем град за толку многу двокатни автобуси.
 
Јас се сложувам со тебе, но еве малце да го подобјаснам случајот со еден банален пример. Како прво ако се купат двоспратни автобуси тие нема да можат да поминат секаде, како на пример автобуската во ГТЦ, и на други места, а исто така и во гаражите на ЈСП кои не се предвидени за такви автобуси ќе треба да се потрошат уште најмалку околу 1 милион евра за реконструкција на гаражите.
 
не само што не сме толку голем град за двокатни автобуси него и по нашиве дупки многу лесно ќе биде некој од тие автобуси да се распадне или преврти. затоа, за наше добро, купете нископодни автобуси :)
 
Споени се темите, продолжете со дискусија.

Мое мислење, подобро е да ги воведат тие двокатните автобуси. Секако каде што дозволува околината, мостови, надвожњаци ect. Повеќе место, поефтини карти(бар логички така би требало да биде), поевропски sssschmeck. :)
 
Имам многу да кажам на темава и тоа добрите и лошите страни на двете страни

1. двете страни се инатат секој да го прогура својот проект и притоа ако нешто произлезе од едната страна другата веднаш го отфрла без разлика дали е добар или лош предлог

2. Владата навистина треба да купи нови автобуси, но не само за Скопје туку можеби би требало да купу 500 автобуси и потоа да ги продаде на ЈСП приватници и други превозници од другите градови по поволни услови на пример 20 години отплата, бидејќи сигурно некој да сака да си купи нов автобус кога би зел кредит од банка би му се фатило на крај за 50% поскапо

3. Не треба владата да инсистира на двокатнибидејќи инфраструктурата не го дозволува тоа а и народов ќе попизди на вториот кат, подобро е да се купат оскини автобуси или попознати како ‘‘дупли‘‘ кај народот бидејќи ќе може со еден автобус да се превезат 50% повеќе патници а не да се гужваат во единечните.

4. Не ми се допаѓа што трифке инсистира на Санос само затоа што биле македонски, како да не бе ако не ги бива нема да прави автобуси, ќе се отвори тендер и ќе си се јават фирми и најквалитетните ќе се изберат

5. Во тендерот да стои следново:
- Да бидат со автоматски менувачи и ограничувачи на брзината, ова го сакам бидејќи има многу неписмени возачи кој не знаат како и кога се менува брзина па често го турираат премногу моторот и бучи ненормално и како да заборавиле дека возат патници а не компири и се бркаат по улиците а сепак е тоа градски автобус
- и не како што сега се бара да имаат еко 3 или 4 мотори туку еко 4 или 5
- уште веднаш да се бара да имаат вградено гасни уреди а не како досега што им вградија на кров и личат како товар да носат горе
- секако клима или барем систем за вентилација
- и светлосни табли на кој ќе го пишува бројот и линијата по кој се движи и тоа таблите га ги има 4 над предното и задното стакло и од страните
- и секако не е голем проблем да бидат нископодни

Можеби ова кога некој ќе го чита ќе мисли дека премногу барам но не е така бидејќи токму вака треба да изгледа градски автобус
 
Абе ако се купат двокатни автобуси јас нема да се возам во автобус...ако сакат да купат двокатни автобуси нека ги реконструираат сите булевари нека ги средат мостовите и се останато за да можат нормално да возат тие автобуси...вака како што е на секој метар ке има превртени автобуси и загинати...епа што к*р ке ни се двокатни автобуси...имало пред земјотресот...имало...ама од тогаш до денес Скопјево е сменето...нека стават обични автобуси и да не се труеме веке со овие...
 
Свеедно само да се тргнат овие кантиве на тркала од улициве пошто се распаѓаат. Вака на изглед би било убаво да се видат двокатни автобуси ама би било убаво и да се видат нископодни автобуси ама некои нови модели а не овие од ЈСП што се возат од времето на дедо ми. За двокатните исто така нема да се праи толку голема гужва ке има иста бројка но помала гужва. Нема да висат од прозори и врати патниците.
 
мислам дека нема инфраструктура скопје за двокатни автобуси,кај мозе толкави автобуси да се возат по тесни улици и башка дупка до дупка,слушав коментари од шоферите дека двокатните биле и многу ризични за возење бидејќи ако на вториот спрат дивеат некои багабонти може автобусот да се преврти.
боље опција би било нископодни автобуси,не му требаат на скопје двокатни,али да се климатизирани, и со еко4 или 5 мотори,а не да го трујат градот со јаглерод
 
мислам дека нема инфраструктура скопје за двокатни автобуси,кај мозе толкави автобуси да се возат по тесни улици и башка дупка до дупка,слушав коментари од шоферите дека двокатните биле и многу ризични за возење бидејќи ако на вториот спрат дивеат некои багабонти може автобусот да се преврти.
боље опција би било нископодни автобуси,не му требаат на скопје двокатни,али да се климатизирани, и со еко4 или 5 мотори,а не да го трујат градот со јаглерод
замисли коа се враќаат од школо средношколци,хаос ќе биде горе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom