Skopje City Mall

  • Креатор на темата Креатор на темата Бергер
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа бе првата наjава през март - на FB страничката на Skopje City Mall.
До Domino's е логото на Wok to Walk.

531979_276219899124697_253760458037308_677803_1886050999_n.jpg


Стварно не само тоа што го нема него јас ги немам видено ни Lagerfeld, Guess, Desigual, SushiCo и други....
Знае ли некој што е работава со овие брендови?
И да има ли слаткарница овде ајде кажете не се срамете:D
 
Нешто за киново има информации?
 
Бев во петокот. Ништо ново. Класичен современ трговски центар. Цените високи, освен во Керфор каде што не успеав да влезам. Најинтересно за мене беше во Нептун. Стотици изложени лаптопи, и 3D TV, имаше оставено 3D очила и гледај телевизија колку сакаш :). Имаше еден добар дуќан со Епл производи каде што можеш убаво да ги расчашкаш сите производи за разлика од останатите каде што се е макети. По бутициве слабо шетав. Во Paul&Bear знам дека го видов блузонот брат ми што си го купи од Космос за 18 евра, тука беше 2990 денари. Исто така од Зара што си изнакупивме фармерки по 15 евра од Грција, тука се по 3000 и нагоре.
 
Има нешто страна за киново? На официјалната страна на молот не пишува ништо за отварање

Се уште нема никаква официјална страна... Има хрватски, австриски и италијански сајт, ама не верувам тоа да ти заврши работа.
 
Се уште нема никаква официјална страна... Има хрватски, австриски и италијански сајт, ама не верувам тоа да ти заврши работа.
Па ги видов тие,башка и бугарски има ама нема македонски :D
anyway фала :)
 
Сеуште не ми е јасно зашто луѓето не паркираат на паркинг просторо што е предвиден и изграден?
Зошто стои полиција и пренасочува. Двете улици кои водат од партизанска кон молов беа затворени, па мораше да се врти од Антико.
Очигледно е пред време отворен за да не плаќаат пенали, има уште многу многу работа. Како прво нема корпи за отпадоци и пепељари надвор.
 
А сакам да прашам зашто ланецот Карфур го нарекувате Керфор.Ова личи на некаков начин да направите еден чисто френски ланец со чисто френско име да биде нарекуван на енглески. Само прашам зашто ми е интересно.
 
Dobro ajde Karfur ke go vikame za tvoj ater.
 
А сакам да прашам зашто ланецот Карфур го нарекувате Керфор.Ова личи на некаков начин да направите еден чисто френски ланец со чисто френско име да биде нарекуван на енглески. Само прашам зашто ми е интересно.
А зошто ти како втор бугар на темава прашуваш за истото, тоа е толку битна информација за бугарија или? Прашувам оти стварно ме интересира оти од цел слон вие во газот му гледате.
 
Половина милион посетители во Скопје Сити Мол
8C216F7A24B51E4BBB121845271B4F46.jpg

Половина милион граѓани го посетија новиот трговски центар Скопје Сити Мол во текот на првите 4 дена од отворањето. Вистинска навалица на луѓе го преплави трговскиот центар изминатиот викенд, како и во првите 2 дена од отворањето.
- Само во првите 24 часа од отворањето имаше повеќе од 150.000 луѓе – соопштија од Скопје Сити Мол.

Од таму информираат дека големиот интерес се насетил уште во четвртокот, на церемонијата на официјалното отворање, кога љубопитните граѓани чекаа во редици да се отворат вратите, нетрпеливо очекувајќи можност да ги посетат продавниците на долго најавуваните нови брендови, рестораните, кафулињата и другите содржини во трговскиот.

Меѓу половината милион посетители покрај скопјани имаше луѓе од другите градови од Македонија како у од соседните земји,..

- Дури 500.000 посетители за 4 дена е бројка која не радува. Да бидам искрен, ги надмина нашите очекувања. Интересот во наредниот период ќе расте, посебно за време на викендите кога повторно очекуваме уште поголем број гости од соседните земји. Подготвени сме да ги дочекаме сите што сакаат да не посетат, да купуваат и да се забавуваат – изјави Ивајло Ивајлов, извршен директор на Скопје Сити Мол.
 
Малко преигра!
Все пак сеедно се збори за друга компаниjа.
А от името се почнува, името не е газот на слонот.
Ама вие требе подобре да го знаете тоа.
BTW, на англиjски исто е Карфур.
--- надополнето: 8 октомври 2012 во 13:37 ---
Половина милион посетители во Скопје Сити Мол
8C216F7A24B51E4BBB121845271B4F46.jpg

Половина милион граѓани го посетија новиот трговски центар Скопје Сити Мол во текот на првите 4 дена од отворањето. .
Ако е вистина тоа, на пат е да се надмине прогнозата за 7,5 милиона посетители во првата година.
 
Него што сакав да ви пишам...А, да...Скопје Сити Мол е продавница. Служи за да се купи нешто. И толку.:sneaky:
--- надополнето: 8 октомври 2012 во 13:49 ---
Не е половина албанска, ЦЕЛОСНО АЛБАНСКА инвестиција е, бидејќи Fashion Group го држат Албанци од Гостивар. Тоа што извршниот директор на Fashion Group е Зоран Антиќ е само за да се се привлечат македонски потрошувачи и за да се замачкаат очи, демек Македонци се инвеститори. Балфин, вториот инвеститор, е албанска групација од Тирана, а архитектонскиот проект го имаат изработено Американци.

Па вие сега соберете два и два, од кого и за кого е молов направен.

Абе и да е така....исто као снимање на филм...дозволена е копродукција;)
 
Карфур заразата се шири масовно :) прееска гледам една жена во години сигурно 45 тука некаде и запотена земала скроз се натоварила со карфур кеси внатре полни со пиво, млеко, сирење и слични работи.. искрено јас толку незнам дали ќе носев кеси а она трчаше со нив по комбето и тоа. Како успеала да ги донесе од Карпош до автобуска станица и како и се исплаќа незнам, битно комбето одеше за Штип/Струмица ..

Може наскоро ќе има организиран шопинг за градовите од внатрешноста :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom