Skopje City Mall

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.341
Поени од реакции
15.618
Извезува ко полупроизвод, на тоа мислев.
Не те разбирам што сакаш да кажеш.

Рече се штити домашното производство, а ние всушност и со високи царини немаме производител кој е конкурентен на домашен пазар. Каде е тогаш оправданоста на царината како заштитна мерка на домашното производство? Зашто да правиме шоп шопинг во Солун кога може во Скопје? Зашто да не се избегне дебатата за патриотизам?
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Сакав да кажам дека во моментов бидејќи немаме брендирани производи од текстилна индустрија би требало царините да се однесуваат само за она што е вистинска конкуренција на македонското производство а тоа се полупроизводите, а бидејќи брендирањето е најверојатно единствениот спас за македонската текстилна индустрија би требало да останат и тие царини. Со други зборови да се стимулира домашното производство на финални производи и да се дестимулира увозот..
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.341
Поени од реакции
15.618
Сакав да кажам дека во моментов бидејќи немаме брендирани производи од текстилна индустрија би требало царините да се однесуваат само за она што е вистинска конкуренција на македонското производство а тоа се полупроизводите, а бидејќи брендирањето е најверојатно единствениот спас на македонската текстилна индустрија би требало да останат и тие царини. Со други зборови да се стимулира домашното производство на финални производи и да се дестимулира увозот..
Немаме квалитет моментално. Немаме бренд за домашен пазар. Не може вечно да седат царините и вечно да дремат македонските производители со машини од времето на Тито.

Кој од познатите марки увезува полупроизвод?

Нека седат, ќе плаќаме поскапо, но нека не се пцуе по оние кои одат во Солун(јас никогаш не сум бил патем...) зашто секој е во потрага по поефтин производ, во Македонија, насекаде...
 
Со оваа конкуренција која што постои сега од Кина доколку не се брендираат и не продаваат готови производи ќе пропаднат. А ако нема квалитет како се извезуваат?:)

Не пцујам јас по тие што одат во Солун, муабетот беше за царините и во која насока би требало да се одвиваа таа индустрија..
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.341
Поени од реакции
15.618
Со оваа конкуренција која што постои сега од Кина доколку не се брендираат и не продаваат готови производи ќе пропаднат. А ако нема квалитет како се извезуваат?:)

Не пцујам јас по тие што одат во Солун, муабетот беше за царините и во која насока би требало да се одвиваа таа индустрија..
Неам поим :)

Јас знам само за една конфекција која не ни излезе нешто премногу во пресрет, најмногу со квалитет и технологија.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.326
Поени од реакции
6.415
Сега само што се вратив од тој фамозен супермаркет.На влез се чека по 45 минути по група а кога ќе пуштат се буткаат како овци и буквално се газат пред себе.Од тоа што го видов имаше толку гужва како да е на распродажба цела роба од супермаркетот но колку што успеав детално да забележам народот не е мутав и купува во поголеми количини само тоа што е стварно евтино бидејки ги знае цените на сите производи во сите маркети на памет.Масовно се купуваше стандардна метална даска со жици која го има секое домакинство за само 300 денари на распродажба.Машки чорапи 4 пара памучни за 69 денари. Тоалетната се троши во ненормални количини бидејки на секои пола саат човек носеше цели топови високи по 3 метра.Производителот е босанскиот Хармони и е во пакување од 8 ролни двослојна 14 метра но во пакет се две пакувања за 49 денари што е за 50% поевтино отколку да купите стандардна Перфекс од 24 комада двослојна за околу 140 денари.Шекер купуваа по 10 до 20 кг бидејки 850гр чини 29 денари што значи 1КГ доаѓа околу 35 денари.Босанско брашно тип 400 1Кг чини 25 денари на распродажба и го купуваа полно.Бананите беа 29 денари и нормално се трошеа како алва бидејки преварантите од битпазар ке ви ги продадат истите за 40 денари плус тоа на вага ке ве украдат.Црвени пиперки купуваа масовно бидејки беа 19 денари.Одам кај белите пецива и таму гужва колку сакаш.Замислете бурекот цела пита е само 100 денари односно четврт 25 денари а дебел е колку оној на ЖУ ЖУ што се продава за 60 денари и луѓе зимаа по цели пити за дома а мајсторите работат турбо под полна пареа.Слаткарницата Шехерезада од градски трговски во подрумот работи турбо за супермаркетов бидејки индијанките чинат 35 денари а се за 50% поголеми од оние на Палма или Апче.Поголеми немам видено во животот.Млечни чоколади со ориз две пакувања 100гр за само 39 денари,Чипс 225гр. за 59 денари,чешко пиво 0.5 л лименка за 19 денари и цел рафт беше празен, вардарско кравјо кисело млеко 0.5л за само 9 денари и имаше напомена дека по човек може максимум да се земат 3 комада,Кравјо вардарско сирење беше 99 денари 1Кг,Осрам штедливи сијалици од 12 вати 3 комада пакување за само 169 денари,фиде Сентела 19 денари а во КАМ е над 20 денари,кафеави маслинки што се во Стокомак 143 денари 1Кг тука беа 99 денари 1Кг,алпското млеко што не го препорачувам по ниедна цена бидејки е полно со антибиотици е само 39 денари па наместо него за истите пари се продава и македонското Алпи од Џепчиште.На каса се чека во просек од пола час до 45 минути а кесите следуваат бесплатно во неограничени количини и на крајот на касата има лице кое ги става во кеса сите работи што ке се откуцаат.Во секој случај од муабетите што ги слушав кај луѓето заклучив дека многу добро знаат што е евтино а што скапо и си купуваат во глобала само тоа што е на распродажба.Е сега чак пат ке земат и нешто друго што не е на попуст но главно се ориентирани само на рафтовите каде што пишува промоција.Со ваква политика не верувам дека ке се затворат другите маркети за потоа овој да ги дигне цените бидејки планира да биде монопол затоа што попрво овој ке се затвори поради прениските цени доколку се тие со загуба отколку да издржи прво да ги затвори другите за потоа да ги врати цените реални.Ако сака да ги затвори сите останати маркети треба да ги спушти цените буквално на сите производи а не само на тие што се промотивни што еднакво на банкрот затоа што во спротивно луѓето поради пониските цени на оние производи што се во останатите маркети ке продолжат да си ги купуваат од таму бидејки овде им се поскапи.Како и да ја сврти политиката со народот нема шанси да излезе на крај бидејки тешко дека некогаш ке го прелаже со било која цена за било кој производ. :D
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
коа ке слушнам тоа сити МОЛ - тоа МОЛ незнам зашто толку ме нервира некако....
 
Член од
6 октомври 2012
Мислења
3
Поени од реакции
2
Еве и јас да споделам искуство со Jysk во Скопје Сити Мол: купив 2 предмета за 600 денари, поточно стопери за врата кои очекував кога ќе се стават да ја запираат вратата. Е сега тоа се покажа како сосема неизведливо и нормално појдов утредента кај истата касиерка да се обидам да ги заменам предметите. Со сметка и се регуларно. Значи не да барам пари назад, како што е пракса во светот, ако купувачот не е задоволен од производот да може да му се вратат парите - обично во рок од 30 дена.
Одговорот што го добив е: не, не може да се заменат!!!
Јас од неверување, откако се симнав по подвижните скали до приземје си реков сигурно не слушнале добро, гарант помислиле дека сакам пари назад. Па се качив уште еднаш и убаво и гласно повторив дека не сакам пари назад туку замена на производите.
Одговорот беше ист: не може.
Значи јас планирав да купувам уште некои работи од Jysk но после ова искуство не стапнувам таму.
Ете чисто да се знае и некој друг да не се зезне. Има и други евтини продавници како Форма Нова каде што со сигурност заменуваат ако случајно некој има потреба.
Jysk :facepalm:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Вакви буткања имам видено по клипови на интернет претежно во Бугарија и Романија каде стандардот е (беше) баеги понизок од нашиот.
Тоа се Бриколаж ништо не беше, овде си фраерчина ако успееш да дојдеш до тоалет папирите. Туку ајде има попуст, низок стандард кај нас али мора усул во глава, не е крај на свет денес до Лептокарија се чекаше ред со коли, пензионерите се убиствени наредени се пред сити мол уште од сабајле, па добро бе кај го изградија тука во доминантно пензионерска општина :icon_mrgr:
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.810
Поени од реакции
32.057
:icon_mrgr:,,,,,,,,,toj shto go donese siti mol na ovaa lokacija e najgolem svetski vol,,,,,mamutski objekt,vo naselba ,,ne nadvor od grad spored normativi,,,,,,izleguva na dva bulevari od koj edniot/partizanska /e soobrakajna aorta na skopje zastoj neviden na soobrakaj na takva vazhna gradska soobrakajnica,,,,zhiveam na 100 metri od toa gomno od objekt,,,,,do deset h navesher nema shansa da parkirame na parking ,,a i ako sme na sopstveniot parking nema shansa za nedajbozhe brzo da ispadnesh ,,,,,,za ovie nekolku 2 dena ,,kolive partal ni gi napravija ,,,ke dojdat ,,ke udrat i begaat,,,niedna kola ne ostana neposhtedena,,,,,,
,,,,za neredot i galamata da ne zboruvam,,,,,
,,,za toj shto go donese vo karposh 3 na taa edna edinstvena slobodna lokacija ,,,mameto li mu maminu,,,haos neviden ,,,samo se prashuvam koga ke se sluchi neshto slichno ko vo gostivar ,,za parking ,,,moj tvoj ,,,bidejki pochnaa susreti bliske vrste,,,,
,,IDIOTIIIIIIIIIIIIIIII,,,,,,,:гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце:,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Проблемот е што катната каража која пристапот се наоѓа на улица Манапо (која се реновира целосно) не е пуштена ниту таа ниту улицата па затоа е хаосов со коли плус како ќе оди времето нема шанси да бидат вакви гужви, сега повеќе Карфур ја прави гужвата, тие што доаѓаат да го видат Сити Мол ќе се вратат после неколку месеци пак. Стрпете се таму паркинг нема да се плаќа.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Еве и јас да споделам искуство со Jysk во Скопје Сити Мол: купив 2 предмета за 600 денари, поточно стопери за врата кои очекував кога ќе се стават да ја запираат вратата. Е сега тоа се покажа како сосема неизведливо и нормално појдов утредента кај истата касиерка да се обидам да ги заменам предметите. Со сметка и се регуларно. Значи не да барам пари назад, како што е пракса во светот, ако купувачот не е задоволен од производот да може да му се вратат парите - обично во рок од 30 дена.
Одговорот што го добив е: не, не може да се заменат!!!
Јас од неверување, откако се симнав по подвижните скали до приземје си реков сигурно не слушнале добро, гарант помислиле дека сакам пари назад. Па се качив уште еднаш и убаво и гласно повторив дека не сакам пари назад туку замена на производите.
Одговорот беше ист: не може.
Значи јас планирав да купувам уште некои работи од Jysk но после ова искуство не стапнувам таму.
Ете чисто да се знае и некој друг да не се зезне. Има и други евтини продавници како Форма Нова каде што со сигурност заменуваат ако случајно некој има потреба.
Jysk :facepalm:
Fino lepo prijavi u zdruzenie za zastita na potrosuvaci ke ti go resat cel problem ne deka e nekoja golema suma ama cisto za licna satisfakcija i na tie da se stai do znaenje deka ima zakoni ovde
 
Kajgana Shop

На врв Bottom