Skopje City Mall

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А бе и локалните сендвичари си имаат своја убавина, посебно малечките, што работат после 12, па после дискотека идат сите таму да јадат... Мајче (не е баш сендвичара, бат ју гет мај поинт), Вили, тоа си се карактеристични места во Скопје, да не кажам се и составен дел од ноќниот живот.:icon_lol: Поентата е дека можда со отварање на вакви места, ќе се разбудат помалите и ќе станат попрофесионални.
Конкуренцијата е единствена која може да ги искорени “ендемските видови“ на мрзеливост, намќореност и непрофесионалност. Ако ви текнува пред да го отворат Рамстор, ГТЦ на друг начин функционираше, продавниците порано затвараа, никој не се замараше. Кога го отворија, кога Рамстор промовираше работно време во 10 (секој ден, дури и на празници), продавниците во ГТЦ почнаа друга песна да пејат.

Туку, јас имам прашање.
Во септември или октомври се планира отварањето?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848

Септември официјално.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
А во новово веро, повеќе има сендвичари и ресторани отколку бутици. :pos: Ако го направат тоа и во новиот трговски, катастрофа ќе биде. На кој му прдне отвара сендвичара.

Новото Веро е направено заради маркетот и заради Џамбо затоа и не се обрна внимание да има повеќе место за други работи.
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 11:39 ---
А бе и локалните сендвичари си имаат своја убавина, посебно малечките, што работат после 12, па после дискотека идат сите таму да јадат... Мајче (не е баш сендвичара, бат ју гет мај поинт), Вили, тоа си се карактеристични места во Скопје, да не кажам се и составен дел од ноќниот живот.:icon_lol: Поентата е дека можда со отварање на вакви места, ќе се разбудат помалите и ќе станат попрофесионални.
Конкуренцијата е единствена која може да ги искорени “ендемските видови“ на мрзеливост, намќореност и непрофесионалност. Ако ви текнува пред да го отворат Рамстор, ГТЦ на друг начин функционираше, продавниците порано затвараа, никој не се замараше. Кога го отворија, кога Рамстор промовираше работно време во 10 (секој ден, дури и на празници), продавниците во ГТЦ почнаа друга песна да пејат.

Туку, јас имам прашање.
Во септември или октомври се планира отварањето?

Имаат една голема реклама поставено дека во септември отвораат.
Инаку трговскиов на одлична локација затоа што е подалеку од центар.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Новото Веро е направено заради маркетот и заради Џамбо затоа и не се обрна внимание да има повеќе место за други работи.
Новото Веро е катастрофа. Толку добра локација да се уништи за џабе... Штета. Очекував многу повеќе од тој трговски.

Имаат една голема реклама поставено дека во септември отвораат.
Инаку трговскиов на одлична локација затоа што е подалеку од центар.
И јас знаев за септември, ама шуш-буш муабети и ме збунија...:pos: Сепак сум била во право.:icon_mrgr:
 
P

PewDiePie

Гостин
Новото Веро од надвор изгледа којзнае колкаво а кога ќе влезеш внатре 5-6 продавници што се вика.
Целосен промашај.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
НОВИ ПОЗНАТИ БРЕНДОВИ ВО „СKОПЈЕ СИТИ МОЛ“
„Афтершок“, „Алдо“ и „Ив Роше“ доаѓаат во Македонија
Свеченото отворање на новиот трговски центар е најавено за три месеци
Англиските модни брендови „Афтершок“, „Литл буда“ и „Ворлд оф аксесорис“, шпански „Бланко“, козметичката куќа „Ив Роше“, како и брендовите за чевли „Алдо“ и „Урбан џангл“ влегуваат во Македонија. Тие прв пат ќе отворат свои продавници во земјава во новиот трговски центар „Скопје сити мол“, кој треба да биде готов кон крајот на септември.

Овие брендови се новите закупци на деловен простор во трговскиот центар. Претходно, инвеститорот на објектот, компанијата „Балфин МK“ ги објави звучните имиња, кои ќе имаат свои продавници во „Скопје сити мол“, како што се модните куќи „Зара“, „Бершка“, „Масимо Дути“, „Пул и беар“, „Страдивариус“, францускиот синџир супермаркети „Kарфур“ и австрискиот кинооператор „Синплекс“, кој ќе отвори девет киносали. Со новите закупци, бројот на брендовите што првпат влегуваат во Македонија се искачи на 40. Тие, со трговските имиња што веќе имаат свои продавници во Македонија веќе имаат закупено 85 отсто од вкупниот деловен простор.

Свеченото отворање на новиот трговски центар е најавено за три месеци. Во тек се завршните работи на објектот, кој, според најавите, ќе биде еден од најмодерните во регионот. Секој ден работат по околу 600 луѓе, а во изградбата беа вклучени 40 градежни компании.

- Сите градежни компании што работат на „Скопје сити мол“ се од земјава. Тие ангажираат свои подизведувачи, што значи дека околу сто градежни компании од Македонија се вклучени во проектот. Менаџментот донесе одлука да се ангажираат само домашни компании и тоа се почитува - вели Илија Божиновски, проект-менаџер на „Скопје сити мол“.

Kомпанијата „Балфин МK“ веќе објави огласи за вработување, а истото го направија и дел од закупците на дуќаните. Од „Балфин“ објаснуваат дека интересот е огромен, со оглед на тоа дека во новиот трговски центар ќе се отворат над 2.000 работни места.

- Со влезот на едни од најпознатите трговски брендови ја ставаме Македонија на пазарот. Односно, земјата се промовира имајќи предвид дека во секој нивни каталог ќе ја пишува и Македонија - вели Божиновски.

Се проценува дека трговскиот центар во првата година ќе има околу 7,5 милиони посетители. Според објаснувањето од компанијата, во одреден момент објектот може да прими луѓе колку што може Градскиот стадион во Скопје.

Вкупната инвестиција на „Балфин МK“ во „Скопје сити мол“ изнесува 70 милиони евра.
Модерна градба од 100.000 квадрати
„Скопје сити мол“ ќе биде максимално енергетски ефикасен објект, изграден по најсовремени светски стандарди. Трговскиот центар ќе се простора на околу 100.000 квадратни метри, со едно подземно и три надземни нивоа. Божиновски објаснува дека трговскиот ќе има најсовремен систем за греење и ладење, над 200 противпожарни врати, како и надворешни стакла, кои прв пат се користат во светот. Односно, стаклата максимално пропуштаат светлина, а минимално топлина. Во објектот се вградени над 65.000 квадратни метри бетон, над 7.100 тони градежно железо, 600 километри кабел, како и 20.000 квадратни метри хидроизолација на покривот.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Три работи ќе вредат во ова. Cineplexx, кугланата и Бургер Кинг.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.408
Поени од реакции
5.973
Starbucks ќе има? :vozbud:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Па пола од овие ги има веќе низ град, а другиве не се којзнае кои марки. Има и добри, како Керфур, Черути, Бургер Кинг, Пул&Бер слабо некако, ги гледам во странство немаат ништо по продавниците. Така да не очекувам тука нешто повеќе да има.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
СКОПЈЕ СИТИ МОЛ ГО ДОБИВА ФИНАЛНИОТ ЛИК

Соња Јованова-Наумовска

Од терен на градилиштето во скопската населба Карпош 4 се гледа дека веќе привршува изградбата на најголемиот трговски центар на Балканот. Речиси две третини од објектот се изградени.

Во тек се завршните работи на Скопје сити мол, кој според најавите, треба да биде максимално енергетски ефикасен објект со вкупна површина од 90.000 метри квадратни. Изградбата на објектот чини 70 милиони евра, а за посетители ќе се отвори наесен

Финишира изградбата на најголемиот трговски центар во земјава, Скопје сити мол. Во внатрешниот дел веќе се гледаат имињата на голем број брендови кои закупиле простор, а трговскиот доби и извршен директор. Ивајло Иванов од Бугарија, кој претходно работел за најголемата европска групација, Шварц груп и бил извршен директор во Мол оф Варна (Mall of Varna), е назначен за извршен директор на Скопје сити мол.
Претставувајќи ги бенефитите што ќе ги понуди трговскиот центар, Иванов најави уникатно шопинг-искуство со многу ресторани кои ќе имаат летни тераси.
„За прв пат ќе имаме книжарница на површина од 200 метри квадратни, која ќе понуди различни содржини на книги. Тоа значи дека Скопје сити мол нема да биде само место за шопинг, туку и за забава и социјален живот, бидејќи не зависи од временските услови, а ќе работи од 9 часот наутро до 12 часот навечер“, додава Иванов.
90%
од деловниот простор во Скопје сити мол веќе е изнајмен

150
продавници на три ката ќе бидат распослани во Скопје сити мол​
Се смета дека Скопје сити мол ќе биде главен мотор на економијата во Скопје, бидејќи планира да отвори 2.000 работни места. Наскоро закупците ќе ги објават и првите огласи за вработување. Според информациите од менаџерите, речиси 90% од вкупниот деловен простор веќе е изнајмен, но не смеат да ја објават цената за изнајмување, бидејќи склучените договори имале клаузула за доверливост.

ТАРГЕТ НА СКОПЈЕ СИТИ МОЛ СЕ КУПУВАЧИТЕ ОД КОСОВО И ОД СРБИЈА

Од вкупно 150 брендови-закупци во Скопје сити мол, 40 се интернационални, кои прв пат влегуваат во земјава, а останатите мигрираат од другите трговски центри. „Капитал“ беше во обиколка на Скопје сити мол. Кога ќе влезете низ главниот влез од страна на улицата Љубљанска, се забележува логото на кафулето Тренд, кое веќе е закупец во трговскиот. Понатаму се редат останатите брендови.
Надворешниот дел ќе има неколку кафе-барови и места за седење. Едниот од двата главни влеза, кој гледа кон улицата Љубљанска, веќе има поставена фасада, која е целосно во стакло. Од страна на улицата Манапо ќе се гледа хипермаркетот Карфур, а од иста страна на два ката ќе се наоѓа и Зара. Хипермаркетот ќе биде на површина од 4.000 метри квадратни, а продавницата на Зара ќе зафаќа 2.190 метри квадратни, што ја прави најголемата на Балканот.
Трговскиот центар, освен продавници, ќе обезбедува и простор за разонода и животен стил, кој ќе вклучува барови, места за храна, кафулиња, ресторани, сала за куглање, центар за забава и најсовремено 3Д-кино со девет сали за проекции. Очекувањата се дека трговскиот центар ќе ја стави Македонија на мапата на највозбудливи шопинг-дестинации во регионот, а ќе биде особено атрактивна за граѓаните од Косово, за кои инвеститорот смета дека се потенцијални купувачи, главно поради близината на магистралниот пат кон Приштина.
И Armani Jeans дел од Скопје сити молМеѓу брендовите кои ќе бидат дел од Скопје сити мол се и брендовиte Уименс сикрет (Women’s secret), Џовани Гаел (Giovanni Gail), Гес (Guess), Селио (Celio) и Камајо (Camaieu), Пениблек (Pennyblack), дел од Макс Мара фешн груп, германскиот синџир на продавници за козметика ДМ (DM), Лагерфелд (Lagerfeld), но и познатиот бренд Армани џинс (Armani Jeans) и други. Освен новите брендови, кои за првпат се отвораат во Македонија, свои продавници во Скопје сити мол ќе имаат и добро познатите Бела (Bella), Наутика (Nautica), Адидас (Adidas), Најки (Nike), Мотиви (Motivi), Арабеск (Arabesque), Кајла (Killah)…
http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/85770/skopje_siti_mol_go_dobiva_finalniot_lik.aspx
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.452
Поени од реакции
5.566
Sto misliste ima Skopje kapacitet da krka vakvi objekti? Pretpostavuvam deckite napravile pazarna presmetka i proekcii za isplatlivosta na ovaj objekt?

Kako i so kazuvaat celna grupa Kosovari koi frchat so somnitelno zaraboteni pari
Srbi tesko deka bi dosle...mozda i bi, sto mu znaes i sekako celata Makedonska kupovna mok.
Koga za edno partalce se trca do Skopje posto toa krpce go "nemalo" vo Prilep, Bitola Tetovo i ostali gradovi.
Ne da me svatite pogresno deka mi e gajle za nekoj tamu sto investiral tuku ako ova se pokaze kako isplatliva investicija togas mozeme da ocekuvame i drugi kapitalni gradbi...
 
Прво се прават анализа на пазар и физибилити студија. Откако ќе увидат дека им се исплати се префрлаат на реализација.
Ако навистина се вработат 2000 ова и те како може да се каже дека се исплати и за градот.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Ја едвај чекам да се отвори. Еве, од прошли месец си тргам дел од платата, па за три месеци ќе ми се собере колку-толку и ќе можам да си купам нешто фенси и тренди за да бидам ин! :coffee:

Јес да после едно три до шест месеци ќе бидам аут...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Мислам дека ова ќе биде стварно добра работа, конечно еден Mall во вистинска смисла на зборот. Сега сите ќе идат во Скопје на шопинг место во Солун, така ли е шмизли? ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom