Ми се допаѓа како ја средиле официјалната страница. Се разбира се уште е work in progress и не е се под конец. Споро се отвара и фали подетално инфо за голем број од закупците но верувам ќе го средат и тоа со тек на време.
Еве еден предлог, доколку читаат. Нека направат на пример кога ќе кликнам на некоја од продавниците да ми се отвори нова под-страничка на продавницата. Инфо од типот на кога е основана, колку продавници има и во кои земји е присутна и сл. може секој кој го интересира да си ѕирне на wikipedia.org. Да не ме разберете погрешно, не викам дека биографско инфо не е потребно, ОК е збор два. Но она што нас како потенцијални муштерии не интересира е да видиме мени/ценовник за fastfood рестораните и кафулињата, активни промоции и попусти во бутиците, можност за резервирање на тикети за киното, можност за online купување, нарачки, резервирања, достава до дома и сл.
TLDR верзија: предлагам да се зголеми интерактивноста на сајтот во релација купувач-понудувач.
Првата реклама ми е глупава иако ми се допаѓа слоганот "Се што сакам". Сепак добро е што пробуваат поагресивно да се промовираат. Мислам дека имаат солиден менаџерски и маркетинг тим и успеаа да дигнат фама, но нека бидат малку покреативни, не мора само pretty faces реклами ала T-home/VIP...