Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Тркалото треба или да се догради до крај или да се урни и да нема ништо тука...вака да се остави како руина ќе делува како рушените куќи низ Албанија на членови на противничките партии
 
Тркалото треба или да се догради до крај или да се урни и да нема ништо тука...вака да се остави како руина ќе делува како рушените куќи низ Албанија на членови на противничките партии

Може и да се остави како руина да сведочи за катастрофата што ја преживеал градот, нешто како старата железничка.
 
20229355_10155657248684797_3501353378659581171_n.jpg

Пред 54 години Скопје го зафати силна природна катастрофа. Неквалитетното градење го чинеше Скопје повеќе од 1000 животи.
После ова, цела Југославија и луѓе од целиот свет се солидаризираа и му помагаа на Скопје.

После скоро 50 години на истиот град и на сите претходни напори и залагања им се испосра инаетот, незнаењето и простаклукот на само една личност. Со својата франкенштајновска „визија“ предизвика масовно исселување на многу млади луѓе од градот и од државата и го претвори во еден дизниленд од кој тие што живеат во него се срамат.
Да знаел кутриот Кензо дека 50-тина години потоа Вардар ќе биде преплавен со фејк-галии кои таложат фекалиите на цело западно Скопје во центарот на градот, дека зградите кои тој ги препознал како вредни да се задржат, некој муфљуз решил да ги прешљака со ефтин гипс (и тоа само од страните кои се гледаат од улица) - кутриот Кензо, немал ни табак хартија да рашири, ни линија да повлече.
На Скопје му треба ново рушење и тоа од човечка рака и здрав разум. Да си го врати зеленилото и чистиот воздух, да си ја исчисти реката и да почне со памет да гради конечно.
 
Секако дека да, човекот си е во филм дека е непобедлив во главниот град.
http://fokus.mk/trajanovski-ke-bara-i-albanski-glasovi-za-ushte-eden-gradonachalnichki-mandat/

Што знам, не може да е до толку делузионен, барем кога се во прашање избори. Се покажа атмосферата во Скопје на парламентарните. СДС треба да настапат со некоја фаца од типот на Боки 13 за да има шанси да добие Коце.
 
Албански гласови ќе бара човекот, може се надева дека заборавени му се гревовите.
 
СДС треба да настапат со некоја фаца од типот на Боки 13 за да има шанси да добие Коце.
Не им давај идеи.
Сдс на локалните избори кога во центар победи анонимната Аларова, настапи со ФЈОДОР ДОБРОХОТОВ :facepalm: Нема чоек што не може да победи таков анонимус. Кадровата политика и на сдс не е баш за фалење.

На Скопје конечно му треба нормален градоначалник, после сите сељандурии што ги преживеа.
 
Коце мора да се смени, само Господ знае што глупости ќе направи ако добие уште еден мандат. Него ај скопскиве општиниве можат да сменат градоначалник било да е ВМРО/СДСМ него кутра Гази Баба, 25 години само за ВМРО гласаат а општината замрзната во времето на СФРЈ.
 
http://www.libertas.mk/vladata-odluchuva-shto-da-se-pravi-so-koseto-voin-na-kon-i-majka-tereza/
Што ќе биде со Алекс? Нешо налик воа?
ezgif-com-video-to-gif-2-1.gif
 
Киро глигоров ќе го монтираат место Аце, со ова само му идат на нерви на народот.
 
Воинот на коњ и таткото на воинот на коњ можат да останат нема поента да се тргаат штетата е веќе направена. Сите останати на кои местото не им е вп Скопје слободно нека се дислоцираат. Пример Самоил слободно нека го преместат во Охрид.
Премногу се дискутира за вакви небитни работи наместо за суштински. Многу ме интересира дали и колку средства се предвидени за субвенции за отварање на нови бизнис. Секако нема да ми помогне во идејата која ја имам рушењето на глупиот коњ со воин на него.
 
Суштински е и Самоил да се однесе во Охрид, таман тендер, па дислокација од неколку илјади евра, а во државава за да ти стават инфузија треба сам да си ја купиш од аптека...:tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom