Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Дозволи ми Јас вака лаички да ти објаснам . Буџетот за 2014 година не е 2 милијарди туку скоро околу 3 милијарди , така да :

2014 = ~ 3 милијарди
2015 = ~ 3 милијарди
2016 = ~ 3 милијарди
2017 = ~ 3 милијарди
____________
~ 12 милијарди ( по моја слободна процена , можеби се помалку а можеби и повеќе , ама тука некаде )

Што значи дека за проектите кои ги спомнуваш има 5 милијарди , а останатите 7 се за плати , пензии , субвенции , итн. итн.

Поздрав
Значи се на се 11 милијарди, а проектите 5 (повеќе од 5 се ама нема врска) плус што ги нема во програмате се оние кои се започнати односно се привршуваат. Да пензиите, платите, субвенциите, за претседателот, за рекламирање пред избори и за оние земјоделци кои 2 години си ги чекаат парите и тие долгови треба да се подмират. Како и да е, суштината ми беше дали повторно ќе се задолжиме? Треба, нели да се одвојат пари за да се врати дел од долгот?
Незнам другар,политика не ме интересира.
Епа тогаш која е суштината што го браниш овој проект? Да, има делови кои мене навистина ми се допаѓаат, но повеќето не ми се допаѓаат.
(респект и јас сум за Металург;))[DOUBLEPOST=1397903225][/DOUBLEPOST]
околу 70 % од досегашните буџети се за социјални трансфери(плати,пензии,социјална помош,...).сите влади работеле само со останатиот дел од 30%
Не би навлегувал до толку. Инаку горе- доле во право си.
 
Не Скопје 14 само театарот,аце,филип,ченто,око,галии,музеј,скали,коцки и фасади.
Покрај тоа Ск14,секое празно место е заградено и секој сака да го искористи овој момент оваа шанса за градење па и на улица.Picture 1454.jpg Picture 1455.jpg Picture 1456.jpg карши местото на несреќата со БМВ, зграда на улица.
Оваа улица без тротоар е најкратка патека за од железничка и автобуска до клиниките, за пешаците од цела МК. Мислете му ја сега каде ќе одите и поминувате.
 
Picture 1500.jpg
најдоа уште едно слободно место,кај бившиот цветен пазар,што ли планираат,почнаа да копаат
 
Со секое ново решение се повеќе не можам да разберам како може да постои толкав невкус. Па уште некој ќе го подржува... Срам би требало да ни биде, а не да подржуваме вакво нешто.

ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ОГРАДАТА НА МОСТОТ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“
ograda_most_1.jpg
 
Со секое ново решение се повеќе не можам да разберам како може да постои толкав невкус. Па уште некој ќе го подржува... Срам би требало да ни биде, а не да подржуваме вакво нешто.

ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ОГРАДАТА НА МОСТОТ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“
ograda_most_1.jpg
Пред некое време некаде читав дека свеста на народот е на толку ниско ниво што сите овие заебанции што ни ги приредуваат властите, мора да достигнат епично ниво на апсурдност за да народот разбере дека некој здраво му го ебе мозокот.
Тотално се сложувам со тоа.
Затоа ја повикувам власта да става уште повеќе споменици и што е можно поголеми! Нека стават на плоштадот уште повеќе статуи, нека го направат целиот кеј - плажа, нека изработат се во барок, нека донесат закон да секој што ќе сака да прошета цо Центар да мора да носи облека од тоа време...

Дури тогаш можеби народот ќе се свести.
 
Ако имаат, нека градат.
На кого вистина му требаат пензии и социјална помош? Тоа се само измислици на Западот.
 
За да се прошири булеварот „Даме Груев“ ќе се урива дел од објектот „Макоил“ на улица Македонија?

Улицата „Димитрие Чуповски“ што минува кај „Рекорд“ ќе стане пешачка зона, а целокупниот сообраќај ќе се пренасочи кон булеварот „Даме Груев“, на потегот од раскрсницата кај трговскиот центар „Палома Бјанка“ до Собранието на Р.М. Оваа првична замисла на Градот Скопје би требало да се преточи во реалност ако се изнајде соодветно решение за зградата на „Макоил“ (поранешна зграда на „Макотекс“) на улицата „Македонија“, која во моментов го попречува проширувањето на булеварот „Даме Груев“. За да се надмине овој проблем, градските власти деновиве потпишаа договор со скопската фирма „Геоинг МК“ за изработка на основен проект за рушење и адаптација на овој објект.









Во наредните три месеци треба да се изготви неопходната документација, по што ќе се знае колкав дел од зградата ќе се руши и кое решение ќе се примени за заштита на носечката конструкција на останатиот дел од објектот. Речиси е сигурно дека постоечкиот пешачки пасаж ќе биде заменет со две дополнителни коловозни ленти, со кои сообраќајницата ќе ја добие планираната ширина од 17 метри. Од Град Скопје засега не сакаат да дадат дополнителни информации во врска со овој проект. Оттаму за „Билд“ истакнуваат дека сите натамошни активности ќе бидат утврдени по изработката на проектната документација.









Со реализација на реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Даме Груев“ ќе се пренасочи постоечкиот сообраќај од улицата „Димитрие Чуповски“, по која во иднина е предвидено да минува единствено планираниот трамвај. Главната предност на проектот е претворање на центарот на Скопје во пешачка зона, што претставува стремеж на кој во моментов работат и поголемите европски метрополи. Сепак, главната грижа од реализацијата на проектот е решавањето на проблемот со паркирање за станарите на Градски ѕид, на кои со проширувањето на „Даме Груев“ ќе им биде одземен сегашниот паркинг. По изработката на основниот проект, ќе се пристапи кон донесување одлука за начинот на спроведување на оваа идеја на градските власти.

билд.мк
 
Многу е тесен тој простор околу улица Даме Груев и од стари и од нови објекти за да се гради булевар. И доколку се срушат тие столбови, ќе може евентуално да се постави уште една лента. Не само старите згради туку и новите згради (паркингот спроти МВР беко, зградата пред бивша лотарија) ги градат до самата улица така да тешко нешто реално ќе се направи. За било каков зафат треба да се одземат постоечките паркинзи пред зградите, градинките, фирмите.
 
Последно уредено:
Па и друго не може да се очекува од луѓе полни комплекси, макар и за краток период it's a breath of fresh air што би рекле Америте, не угушија со тоа тортите и стубовите.
 
Ова не е дел од Скопје 2014, но посоодветна тема нема

10271578_770480259648913_5611039326745309268_n.jpg


колку необично за Скопје, а сепак штосно. (y)
хехехе добро е после 2 и нешто години на власт му текна на женовски папагалот да асвалтира една уличка.

Онака.......ок е ваљда,само ова не иде во склоп со комуњарски згради од страна,тоа ваљда треба да му биде јасно на папагалот,не е само стај го и толку.
Прво и основно треба да им бидат фасадите на зградите,и на владата и на женовски,зошто не само што изгледаат грдо туку се распаѓаат и се опасни по живот.
 
Со комуњарски ако не иде, со квази барок уште помалку. Се слагам дека можда локацијата не е најпогодена т.е тоа една од најфреквентните пешачки улици во центарот на Скопје. Можеби помали пешачки зони со зеленило или помали паркови кои се далеку од центарот на Скопје се најидеална локација за вакво нешто. Исто ко и тоа Летниковецот што го изградија на сред плоштад, најидеална локација му беше у парк покрај езерцето, а сеа гледам таму некоја футуристичка градба ќе се гради.
И така е се испомешано, ова ќе биде најмал проблем. Поентата ми беше дека не се потребни милијарди за да си го разубавиш градот, понекогаш се доволни само креативноста и оригиналноста за да нешто ти го привлече вниманието или ти остави добар впечаток.
 
Со комуњарски ако не иде, со квази барок уште помалку. Се слагам дека можда локацијата не е најпогодена т.е тоа една од најфреквентните пешачки улици во центарот на Скопје. Можеби помали пешачки зони со зеленило или помали паркови кои се далеку од центарот на Скопје се најидеална локација за вакво нешто. Исто ко и тоа Летниковецот што го изградија на сред плоштад, најидеална локација му беше у парк покрај езерцето, а сеа гледам таму некоја футуристичка градба ќе се гради.
И така е се испомешано, ова ќе биде најмал проблем. Поентата ми беше дека не се потребни милијарди за да си го разубавиш градот, понекогаш се доволни само креативноста и оригиналноста за да нешто ти го привлече вниманието или ти остави добар впечаток.

Koја футуристичка градба?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom