Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
НЛО над Скопје
Пред точно еден час, загрижен граѓанин ни испрати видео во кое се гледа инвазија од летечки чинии над плоштадот во Скопје.
На снимката летечките чинии се движат во правец кон тврдината Кале, а потоа се враќаат назад према Камениот Мост. Очевидец тврди дека летечките чинии се обиделе да ги соберат стотината споменици на плоштадот. По неуспешниот обид, летечките чинии троструко ги дуплирале спомениците, при што најсреќен бил Груевски.
Надлежните се на терен и ја утврдуваат состојбата.
 
Пред неколку минути бев кај хотел Бристол и можам да Ве известам за сегашната ситуација:
Дрвата се исечени а шаторите одстранети
Десетина деца има на тртоарот
Улицата е затворена за возила. Поставени се столчиња маси и слични предмети на коловозот и има кабел со кој е затворена улицата
Пред Стара железничка станица се паркирани две марици
Видлива полиција нема
Се распрашав кој децата кога се случил наастанот ми рекоа дека тоа се случило во 3,30 утринава
Инаку центарот на Скопје е речиси без сообраќај
.....
Сега забележав.. има многу написи на Тајм. мк
http://www.time.mk/?search=news&query=бристол
 
Факт е дека чекаа празници да се испразни Скопје за да сечат. Исто како што ги имам лично видено во 4 сабајле да лепат плакати, сега многу поагресивно тргнаа на дрвава. Од друга страна факт е и дека центаров треба да се урбанизира. Тешко е да се навлезе во стилови и правец во архитектура али има големи површини што зјаат празни а се сепак централно подрачје.
 
Супервизор, отвори Google maps и види ги центрите на другите градови во Европа, колку само „зјаат празни“ со мали паркчиња и зеленило.
 
Супервизор, отвори Google maps и види ги центрите на другите градови во Европа, колку само „зјаат празни“ со мали паркчиња и зеленило.

Имам гледано милион пати што да ти кажам повеќе.
Туку побарај статистики на нет колку зеленило има Скопје по глава на жител во споредба со други главни градови. Не само што има над просекот туку е далеку испред многу поголеми градови. Централно подрачје не припаѓа само на тие што живеат во него туку треба да е комерцијален, деловен простор за сите граѓани. Не велам дека треба секаде да се гради, меѓутоа факт е дека Скопје е недоизграден град. Погледни го Белград или Будимпешта нема каде игла да фрлиш. Таму се знае најатрактивните објекти и парцели го окупираат центарот. Дури се рушат прастари објекти за да никнат облакодери или други деловни единици.
Да ги видиме аргументите кои се. До барем пред обновувањето на стариве објекти како театарот, центарот беше ливада. Истото е со просторот карши Холидеј ин кој е сега паркинг а малкумина знаат дека тоа едно од најатрактивните и најскапите земјишта во градов. Кога тогаш ќе мора да се урбанизира.
 
Ne se slagam so ova mislenje:facepalm:
 
Имам гледано милион пати што да ти кажам повеќе.
Туку побарај статистики на нет колку зеленило има Скопје по глава на жител во споредба со други главни градови. Не само што има над просекот туку е далеку испред многу поголеми градови.

Офсајд, ова е тотално неточно.

Резултатите покажуваат дека во 1990 година на нив имало 21,6% зелени површини, а моментално 13,9%. До 2020-та се предвидува дека ќе останат само 4,5 проценти зелена површина.
 
Ne se slagam so ova mislenje:facepalm:

Дискутирај со аргументи ако не се слагаш.
Во спротивно тролаш сега со ваков коментар.

Централно подрачје мора да се урбанизира и да се оформува. Естетика и стилови е сублимативна работа. Не може центарот вечно да биде паланка.
 
Дискутирај со аргументи ако не се слагаш.

Еве и Шител вика дека сме далеку под просекот

Скопје - град со многу бетон и малку зеленило

Со новиот ГУП зеленилото по глава на жител во скопските општини треба да се зголеми на осум квадратни метри, но и тоа е далеку зад европскиот просек од 16 квадратни метри по глава на жител

Проблемите не се во зеленилото него немање на брзи сообраќајници, лош јавен транспорт се сведува на автобуси што загадуваат, многу возила и затоа е тоа тоа. Само Водно за Скопје е и многу. Како може 2-3 милионски градови да имаат помало загадување од Скопје, пример Будимпешта во чие централно подрачје скоро и да нема дрвореди.
Муабетот е тука дека централно подрачје не може да биде касаба, мора да се оформи плански. Секаде е така во светот тоа се најатрактивни земјишта. И ова со сечењето е исполитизирана работа и тие што протестираат, фактите се дека ако не тука, на други места мора да се оформува центарот, пример дадов погоре.
 
Имам гледано милион пати што да ти кажам повеќе.
Туку побарај статистики на нет колку зеленило има Скопје по глава на жител во споредба со други главни градови. Не само што има над просекот туку е далеку испред многу поголеми градови. ( 1 )Централно подрачје не припаѓа само на тие што живеат во него туку треба да е комерцијален, деловен простор за сите граѓани. Не велам дека треба секаде да се гради, меѓутоа факт е дека ( 2 ) Скопје е недоизграден град. Погледни го Белград или Будимпешта нема каде игла да фрлиш. Таму се знае најатрактивните објекти и парцели го окупираат центарот. Дури се рушат прастари објекти за да никнат облакодери или други деловни единици.
Да ги видиме аргументите кои се. До барем пред обновувањето на стариве објекти како театарот, центарот беше ливада. Истото е со просторот карши Холидеј ин кој е сега паркинг а малкумина знаат дека тоа едно од најатрактивните и најскапите земјишта во градов. Кога тогаш ќе мора да се урбанизира.
Aко ми дозволиш јас ќе ти одговорам со аргументи
Со твоето мислење кое го обележав со ( 1 ) длабоко се согласувам - Центарот припаѓа на сите граѓани. Лично јас сум молел секаде, верувај ми секаде, да се укине зонско и да сите граѓани можат слободно и под исти услови да дојдат во центар. И во тие дописи сум велел: Граѓаните од Драчево, Бутел и тн не се граѓани од втора класа за да плаќаат зонско и да се казнуваат со лисици и пајак возила туку се во се рамноправни - Македонија е нивна Татковина исто како што е моја Татковина
Секаде ме одбија - зонско сеуште постои и сега планирам да организирам референдум за негово укинување бидејќи ниту власта ниту опозицијата немаат намера да го укинат.

2. И за ова си во право....
Неколку стотини метри од Хотелот Бристол, до Олимпискиот базен се наоѓаат мали куќички од пред 100 години. Таму луѓето живеат без канализација, со септички јами Има куќички кој се од непечена тула - тоа се нарекува субстандардни услови
Тие наши сограѓани со децении молат да се срушат овие куќички и да им се дадат модерни живеалишта. Но тоа власта не го прави бидејќи и е поефтино да уништи некој парк ( за што не треба да плати ) одколку да обезбеди добри модерни станови за овие луѓе
Тука до Бристол ќе се гради, како разбрав, зграда за потребите на Агенцијата за електронски комуникации. Што ќе пречеше таа зграда да се изградеше до Олимписки базен или во Карпош или во Драчево ...
Мислам дека доволно ти одговорив - очекувам - ми се допаѓа -
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom