Имам гледано милион пати што да ти кажам повеќе.
Туку побарај статистики на нет колку зеленило има Скопје по глава на жител во споредба со други главни градови. Не само што има над просекот туку е далеку испред многу поголеми градови. ( 1 )Централно подрачје не припаѓа само на тие што живеат во него туку треба да е комерцијален, деловен простор за сите граѓани. Не велам дека треба секаде да се гради, меѓутоа факт е дека ( 2 ) Скопје е недоизграден град. Погледни го Белград или Будимпешта нема каде игла да фрлиш. Таму се знае најатрактивните објекти и парцели го окупираат центарот. Дури се рушат прастари објекти за да никнат облакодери или други деловни единици.
Да ги видиме аргументите кои се. До барем пред обновувањето на стариве објекти како театарот, центарот беше ливада. Истото е со просторот карши Холидеј ин кој е сега паркинг а малкумина знаат дека тоа едно од најатрактивните и најскапите земјишта во градов. Кога тогаш ќе мора да се урбанизира.
Aко ми дозволиш јас ќе ти одговорам со аргументи
Со твоето мислење кое го обележав со ( 1 ) длабоко се согласувам - Центарот припаѓа на сите граѓани. Лично јас сум молел секаде, верувај ми секаде, да се укине зонско и да сите граѓани можат слободно и под исти услови да дојдат во центар. И во тие дописи сум велел: Граѓаните од Драчево, Бутел и тн не се граѓани од втора класа за да плаќаат зонско и да се казнуваат со лисици и пајак возила туку се во се рамноправни - Македонија е нивна Татковина исто како што е моја Татковина
Секаде ме одбија - зонско сеуште постои и сега планирам да организирам референдум за негово укинување бидејќи ниту власта ниту опозицијата немаат намера да го укинат.
2. И за ова си во право....
Неколку стотини метри од Хотелот Бристол, до Олимпискиот базен се наоѓаат мали куќички од пред 100 години. Таму луѓето живеат без канализација, со септички јами Има куќички кој се од непечена тула - тоа се нарекува субстандардни услови
Тие наши сограѓани со децении молат да се срушат овие куќички и да им се дадат модерни живеалишта. Но тоа власта не го прави бидејќи и е поефтино да уништи некој парк ( за што не треба да плати ) одколку да обезбеди добри модерни станови за овие луѓе
Тука до Бристол ќе се гради, како разбрав, зграда за потребите на Агенцијата за електронски комуникации. Што ќе пречеше таа зграда да се изградеше до Олимписки базен или во Карпош или во Драчево ...
Мислам дека доволно ти одговорив - очекувам - ми се допаѓа -