Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
E ne,nekoe ministerstvo i administrativci sakaat da im e rabotnoto mesto do g*s...a zasto ne si napravat vo Lisice,Pintija pa navaka nakaj Bardovci....sto ke im fali,cisto ubavo...so ubavi predeli.e ne sakaat da unistat park megu zgradi kade sto sto lugeto si baraat ladovina..:(
 
Да кажеше Андреј дека олку силен отпор ќе дава ќе го кандидираа ко заеднички кандидат и ќе добиеше уште во прв круг. Џабе ги мачеа сиротине од Пустец. :(
 
Да кажеше Андреј дека олку силен отпор ќе дава ќе го кандидираа ко заеднички кандидат и ќе добиеше уште во прв круг. Џабе ги мачеа сиротине од Пустец. :(

Andrej i taka dobi vo prv krug,samo sto nekoj ne sakase da priznae;)
 
Што не ќе се изначита човек, прво овие препирки се за политички поени и лични желби.

Реалниот проблем не е во сечата, сеча имаше и на Илинденска и на Климент Охридски кога се прошируваа во булевари?! Тогаш излегоа десетина граѓани со пароли дека ќе се исекле неколку дрвца и Скопје ќе се задушело. Откако се проширија во модерни сообраќајници се виде разликата, прво во сообраќајот, што помал застој и побрзи сообраќајници тоа повеќе почист воздух, а потоа и како се среди просторот.
Значи овие протести се на група на граѓани што мислат оти Центар им припаѓа ним лично. Со должа почит до сите што живеат таму, меѓутоа за Центар сите плаќаат и Центар е на цела Македонија. Не може стариот театар, официрскиот дом или музеи да се лоцираат во Лисиче или во Пинтија како што тука се аргументираат некои глупави муабети. Центар на Град мора да биде одлика на метрополата и државата.
Што е со Маџир Маало, Крњево, тоа се дувла кои мора да се рушат и да се урбанизира. Утре и таму ќе има протести за тие пет дрвца. Секаде во светот главните атракции се наоѓаат во центар. Имаше муабети и дека откога ги проширија улициве им се слушало од сообраќајот како да се дома кај нив, слободно нека се селат надвор од централно подрачје, бидејќи центар се знае како функционира тоа е и сообраќаен јазол и се останато во една метропола. За нивите и ливадите каде што шеташе добиток нема што да се збори, се е тоа дувло кое мора да се бутка.
Значи со овој таканаречен парк, проблемот е во личните желби на тие околу што живеат. Ќе им се загради видикот и тоа е тоа. Нема тука никакво загадување. Проблемите со загадување нека си ги бараат во институциите во Град Скопје за изградба на шински сообраќај, сите стари автобуси да се заменат, да се користат повеќе точаци и ред други работи што Скопје реално е далеку од тоа. Тие пет дрва нема ништо да заменат.
 
Сите вие што дуѓа ве боли за овие неколку дрва,запрашајте се колку ѓубре сте фрлиле последнава година по улица,пластика,цигари,кеси,хартии и слично.Тоа ѓубре ако не се собере ќе гние,смрди и испушта хемикалии наредни 50 год.
 
запрашајте се колку ѓубре сте фрлиле последнава година по улица,пластика,цигари,кеси,хартии и слично.

Размислив, ич не сум фрлил. А и комшиите се поприлично педантни па немаме расфрлано ѓубре низ маало.
Сега ќе ни ги вратиш исечените дрвја?
 
ДПМНЕ-овците се чудни животни, бранат нешто за што нема здрава логика да се брани. Апропо на веста од курир, нема ниедно друго место каде може да се направи административна зграда во централното градско подрчаје. Мора тука, логиката ви вришти на сите. Ама у државата одамна престана се да биде логично, сега се е насилие и покажување моќ.
 
Веќе се оддаде почит на вегетацијата во Скопје со врбички од 200 илјади евра. Сега може да се сече се останато.
 
Обичниот народ нема воопшто да профитира од градењето на тие згради, ни даноци ќе се намалат ни ништо.Само губите со сечењето на дрвјата.За толкав град, на Скопје му фалат барем уште десетина убави паркови.
 
Нека сечат бе, што се лутите, барем се гради нешто....
 
Пред 5 минути поминав покрај Бристол и еве најнови „ вести “
Шаторчињата се вратени кај што беа
Деца има повеќе од колку што имаше вчера
Улиците М. Х. Јасмин и Македонија се затворени со барикади од гранки ( добро е што го извадија кабелот бидејќи беше опасен )
На сред улица имаат поставено маса и столици на кој седат неколку деца
Кај Стара железнилка има паркирано еден полициски џип и една марица
На влезот од улицата М. Х. Јасмин има сообраќајна полиција која го усмерува собраќајот
Инаку, кога излегов на прошетка во 20,30 имаше собрано повеќе од сто возрасни граѓани.
Ако сакате да одите до Рамстор возете по Јужен булевар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom