Проблемот е што се прави кардинална грешка со споредбата на историското ВМРО и партијата. Не се поврзани ама воопшто, иако они милуваат тоа да го стават на своја сметка за дополнителни гласови од неинформирани граѓани. И денес, кога се е помешано, името ВМРО за еден парк прво асоцира на партија, асоцира на #Ж, наместо на Дамјан или Гоце... и така настанува проблемот. Е сега, поврзаноста на името на паркот со седиштето на партијата е уште еден обид да се изманипулира со народот покажувајќи му го историското значење на ВМРО, повторно поврзувајќи го со историската организација. Доколку се лажам за ова, тогаш причината за именување на парк со тоа име е дополнително апсурдна.