- Член од
- 18 април 2010
- Мислења
- 2.674
- Поени од реакции
- 3.578
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се видов јас како поминувам,јакоооо
Кога се тргна со барок нека се тера со барок...ЗАВРШИ КОНКУРСОТ ЗА ОБНОВА НА ФАСАДИТЕ НА ТЦ "СИТИ ГАЛЕРИ" И "МЕТРОПОЛ"
Две барокни решенија за НАМА![]()
![]()
Две барокни идејни решенија пристигнале во Град Скопје за реновирање на фасадата на ТЦ "Сити галери" и на "Метропол". Кој проект ќе биде избран, од Град Скопје велат дека сe уште не одлучиле. Во моментов вршеле евалуација на пристигнатите идејни решенија.
"Кога ќе заврши постапката, ќе ја информираме јавноста за резултатите", велат кусо од Град Скопје.
Од таму не кажуваат кои се авторите што понудиле нов барок изглед на фасадите на НАМА и на "Метропол" ниту, пак, што предвидуваат проектите.
Град Скопје пред два месеца распиша конкурс за избор на идејно решение за новиот изглед на некогашната култна стоковна куќа НАМА и на "Метропол". Во условите на конкурсот се бараше предлозите да бидат во неокласичен стил, односно во стилот на останатите објекти на плоштадот Македонија. Авторот на првонаградениот труд, според кој ќе биде реновирана зградата, ќе добие награда од Град Скопје од 400.000 денари.
"Градот ќе ја реновира фасадата и на ТЦ 'Сити Галери' и на 'Метропол', за да не се издвојува од останатите објекти чии фасади веќе се обновуваат и оние нови објекти кои ќе се градат на Плоштад. Колку ќе чини реновирањето, сe уште е рано да се каже. Тоа зависи од понудите кои ќе стигнат кога ќе го објавиме тендерот за избор на изведувач", изјавија од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски кога го објавија тендерот.
Обнова на сите фасади во барок стил беше предвидена со последните измени на деталниот урбанистички план "Мал ринг" пред три месеци. Со измените е дозволено сите објекти кои се наоѓаат околу Плоштадот и улица Македонија да добијат нов стил. Покрај ТЦ "Сити галери", барокна фасада ќе добијат и зградата на "ЕВН Македонија" и Градскиот трговски центар. (А.А.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=AA984000366FE14FBB6EEF3E70477DAC
хахахКога се тргна со барок нека се тера со барок...
Се е само фасада внатре...хахах
а дизајнот во ентериерите ? и тој ли наскоро ќе ни биде ЗАДОЛЖИТЕЛНО во барок стил!!!!!!!?
![]()
Нема некој слика од распуканата фасада на новата зграда на МНР? Шо ти се вика, се руши под тежината на глупоста.